На Самитот во Скопје беше одлучено да се продолжи мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов, како и на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро. Реизбран е Матео Мекачи на чело на ОДИХР.
ОБСЕ е безбедно, ја спасивме организацијата – ова беше пораката на министерот за надворешни работи и досегашен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи за време на последната прес-конференција во рамки на Самитот.Тој и честиташе на Малта, изразувајќи благодарност за преземање на оваа мисија во предизвикувачки времиња.
Османи изјави дека и покрај сите напори да се донесе буџет за организацијата, тој не е одобрен од 2021 година поради блокадата од Руската Федерација. Тој посочи дека е важно да се работи на буџетот за 2023 година.Испрати апел Руската Федерација да овозможи консензус за буџетот, за да не трпат последици теренските операции во Молдавија, Приштина, Сараево, Скопје и други.Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, истакна дека ОБСЕ продолжува да работи без оглед на околностите и недостигот на буџет.
-Недостигот на буџет за кој сме сите согласни е вистински проблем, бидејќи кога буџетот не е одобрен на крајот од декември, според финансиските регулации, мора да оперираме со месечни издатоци базирани на буџетот кој беше последно одобрен, во овој случај тоа е буџетот од 2021, кој не ги вклучува зголемувањето на платите и инфлацијата, рече таа.
Шмид ја пренесе пораката дека Малта игра важна улога во задржување на мирот и безбедноста и верува дека ќе ги примени иститите вештини во нејзиното лидерство како претседавач следната година.Новиот претседавач Јан Борг пак, смета дека укажувањето на довербата на Малта е доказ на нивната заедничка заложба да продолжат да ја зајакнуваат организацијата и да осигурат дека покрај сите предизвици со кои се соочуваат, организацијата ќе продолжи да работи.
Министерскиот состанок во Скопје оваа година го одбележа токму присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, но средба меѓу нив двајца не се случи.Блинкен присуствуваше на неформалната вечера на 29 ноември, а потоа замина за Израел, додека шефот на руската дипломатија присуствуваше на Министерскиот состанок на вчера и завчера..
Самитот во Скопје ќе остане запаметен по тоа што европските лидери едногласно ја осудија руската агресија врз Украина и упатија силна поддршка за украинскиот народ. Министерскиот совет поради присуството на Лавров, го бојкотираше украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, како и неговите колеги од Полска и од балтичките земји, но делегации од земјите како и дел од нивните амбасадори во ОБСЕ, сепак, допатуваа на состанокот.