Завршен е распитот на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, информираа вечерва од Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
За време на распитот, Папазов дал определени појаснувања и сознанија, а таквиот исказ, како што додаваат од Обвинителството, се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината. По што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“,додаваат од републичкото обвинителство. Во меѓувреме се врши распит на други лица.