Според албанскиот Институт за јавно здравје кај 40% од тестираните на Ковид, резултатот бил позитивен.
Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во Албанија каде само во последната недела се регистрирани дури 900 позитивни случаи. Според Институтот за јавно здравје кај 40% од тестираните резултатот бил позитивен.
– Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со зашеметеност, болки во грлото, кашлица, треска и замор – изјавила Еугена Томини директорка на Институтот.
Според Томини, летната сезона и доаѓањето на голем број туристи и емигранти во Албанија ги зголемиле случаите со коронавирус.Препорачува доколку граѓаните ги почувствуваат овие симптоми веднаш да направат брз тест за Ковид.
– Изминатата недела 40% од пациентите кои го направиле брзиот тест се потврдило дека се заразени од Ковид-19. Позитивните случаи во овој период се многу повисоки од официјалните бројки бидејќи не се тестираат сите кои имаат симптоми. Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси кои циркулираатм – посочува Томини.Сепак, според директорката на Институт за јавно здравје, ситуацијата не е алармантна. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.