18.8 C
Скопје
04/10/2024 06:47
МАКТЕЛ

     

Заедничкиот проект „На работ“ на Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ ќе биде претставен во Чифте амам

     

Трансмедијалниот и трансдисциплинарен проект „На работ“ на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ, кој содржи повеќе просторни сегменти од целината распределени во предизвикувачкиот амбиент на Чифте амам, ќе биде отворен на 10 септември, во 20 часот. Изложбата ќе биде поставена до 27 септември, а куратор е д-р Ана Франговска, кустос советник.

 

– Посебните делови, кои го чинат целото, се изведувани во разновидни техники и медиуми кои, на некој начин, се преплетуваат едни во други надминувајќи ги границите на чистите медиумски пристапи во создавање на еден концептуален конгломерат од сензорни агломерации. Во нив се инкорпорираат разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот, подвижните слики, перформансот, импровизацијата итн.

  

„На работ“ е ангажирана контекстуална реакција на општествено-политичкиот галиматијас, кој секојдневно го живееме откако сме земја во транзиција. Тој се занимава и со дневнополитички прашања, но на прво место стои социолошкиот аспект, меѓучовечките односи, генетскиот код на „малиот“ или „големиот“ човек, начините на живеење… Наневски и Јовановиќ, всушност, спроведуваат социјален конструктивизам, кој се користи во социологијата и според кој реалноста не е вродена, туку општествено конструирана преку јазикот, симболите и споделените значења.

Оттука, преку својот проект „На работ“, тие ги конструираат, деконструираат или реконструираат општествените реалности. Тие ги преиспитуваат или критикуваат овие конструирани реалности, истакнувајќи ги начините на кои се обликуваат општествените норми и вредности. Сѐ започнува со едно видео, според кое е насловен и целиот проект, кое говори за апсурдноста на политичките ветувања за подобар живот, наспроти реалниот живот од нашето секојдневие. Оттука се размотува „клопчето“, па продолжува да се занимава со колективни или индивидуални приказни, со создавање на ритуали од секојдневни банални активности, со какофонијата помеѓу шундот и авангардата, воопшто со граничните позиции, и сето тоа предадено низ многу призми и слоеви.

Нивните дела може да се интерпретираат и низ аспект на теориите на Бодријар и на Фуко, односно преку концептот на „хиперреалност“ или концептот на „надзор“. Бодријар истражува како медиумите и симулациите ја заменуваат и ја искривуваат реалноста, особено во контекст на потрошувачката култура и современата уметност. Теоријата на Бодријар во проектот „На работ“ се гледа, главно, во критиката на медиумската сатурација, консумеризмот и замаглувањето на реалноста и претставувањето.

Фукоовата теорија, пак, истражува како моќта функционира преку дискурси (системи на знаење) и како уметноста може и да ги рефлектира и да им одолее на овие структури на моќ. Неговите теории за надзор, дисциплина и биополитика се аспекти кои го поврзуваат проектот „На работ“ со критика на системите за контрола и авторитет.

Инсталацијата, видеото и вокалниот перформанс „На работ на релативноста“, подвижните слики со социјален експеримент „Антропосфера – На работ на среќата“, видеото „На работ(а)“, инсталацијата „На работ на нулата“, видеоперформансите и објекти „Рекет“ и „На работ на мислата“ или, пак, комплексната инсталација со видеопроекција „На работ на конструкцијата – The Revolution will be Televised“ и многуте други сегменти од целокупниот проект ги критикуваат или предизвикуваат општествените норми и структури на моќ, ги истражуваат социјалните идентитети и како тие се конструирани или перципирани, ги вклучуваат заедниците, ја применуваат идејата како форма на социјален коментар или активизам, размислуваат за секојдневниот живот и човечката состојба низ социолошкиoт објектив.

Ваквите проекти, кои инкорпорираат социолошки перспективи, изградени со вештините, префинетиот уметнички сензибилитет и духовитост/досетливост во критичноста на авторскиот тандем Наневски-Јовановиќ, побудуваат размисла, предизвикуваат перцепции и поттикнуваат општествени промени – напиша д-р Ана Франговска.

Дориан Јовановиќ е роден 1969 год. во Белград, Р. Србија. Во 1974 год. се доселува во Скопје каде што завршува основно и средно образование и каде во 1987 год. се запишува на студии по компјутерска техника и информатика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Студиите ги завршува во 1994 год., а во периодот 1993-1994 е на едногодишна размена во САД на колеџот Бард, каде што изучува компјутерска музика, електронски перформанс и посебна музичка програма, „Music Program Zero“, под менторство на Бен Борец (Benjamin Boretz).

Со музика започнува активно да се занимава уште од средното училиште и од самиот почеток во насока на употреба на студиската технологија како креативна алатка за композиција. За таа цел, конструира различни уреди кои што се користат во процесот на снимање (мали миксери и ефекти) и создава услови за повеќеканално (домашно) снимање уште во средината на ’80-те. Првата група ја формира во 1989, „Плавајс“, којашто многу брзо (1990) прераснува во фејк-џез составот „Сет“ (денес „Сетстат“). Од 1993 год. го започнува проектот „Стринг форсис“ (String Forces) којшто во 1995 год. прераснува во активна група со која што работи до денес и со којашто има пет студиски албума, едно ЕП (EP) и пет албума во живо.

Во почетокот на 2000-те започнува со истражување на Македонската чалгија како посебна форма во македонската традиционална музика, изучува свирење на ут и, исто така, започнува со истражување на слични (на чалгијата) традиции во музиката на Блискиот исток: турска, арапска, персијска. Во 2004 год. учествува во формирањето на составот „Калдрма“ со којашто се реализира еден албум во 2004 год. Во 2006 година заедно со членовите на „Оркестар Пеце Атанасовски“ организира школа за чалгија со гости-предавачи (за инструментите) од Палестина/САД, Холандија и Турција и, секако, Македонија.

Со учесници од школата во 2008 год. започнува ансамблот „Чалгија саунд систем“, којшто е формиран со цел за зачувување и продолжување на чалгиската традиција во Македонија. Со овој состав работи до денес и позади себе имаат два албума и трет во подготовка. Во слична насока е и Добрила и Дориан дуо, состав настанат за време на пандемијата којшто ја носи македонската традиционална музика во едни сосема нови води и со својата иновативност особено беше препознаен надвор од Македонија. Со овој состав досега има издадено два студски албума („Апокриф“, 2021, „SJF Records“ и „Пиле шарено“, 2023, „SJF Records“).

Во 2006 год. неформално започнува со солистички проект наречен Аксиотомик (Axiotomic) во којшто ги спојува различните пошироки интереси: електронска музика, импровизација и видеоперформанс. Со овој проект, иако е, пред сѐ, проект со фокус на жив настап, има еден албум и две ЕП-а (EP), последниот со визуелниот уметник Стефан Шашков.

Поради специфичноста на изразот, Аксиотомик е често дел од мултимедијални дела/изложби/инсталации. Неколку од нив се во соработка со уметникот-скулптор Дејан Спасовиќ, две мултимедијални изложби („Освежување на меморијата“ во 2013 во Белград и „Unknown Unknowns – An Introduction to Mysteries“, претставено на павиљонот на Р. Србија на Миланското дизајн-триенале) со кураторот Иван Мангов од Белград, Р. Србија, како и амбиенталната изложба „Капење“ со визуелниот уметник Стефан Шашков при крајот на 2023 год.Во 2021 год. за неговата работа во рамките на традиционалната музика од „World Music Asocijacija“ на Србија ја добива наградата „Војин Малиша Драшкоци“ за посебен придонес во развојот на world music-изразот во регионот.

Гоце Наневски (1974), роден во Скопје, во 1996 дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности – Скопје, во класата на проф. Васил Василев, а 2002 магистрира на истиот факултет. Од 2004 е вработен на ФЛУ при УКИМ Скопје, редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиумски истражувања. Од февруари 2023 година е Продекан за финансии на ФЛУ. Во периодот 2012-2016 бил Продекан за настава.

Предметот на неговите уметнички интереси вклучува широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видеоуметноста. Групно изложувал во Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел, Варна, Ксанти, Велес, Прилеп, Лос Анџелес, Калдас Да Раиња, Трст, Торес Ведрас, Констанца и многу други.

 

Најново

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се помалку пари во џебовите

Sase Ivanovski

Денес во ЈОУДГ „Детска радост“ во Гази Баба, министерката Весна Јаневска, ќе се обрати на доделување на признанието – просветен работник во предучилишно, основно и средно образование за учебната 2023-24

Sase Ivanovski

Стојчевска-Чапова: Бројот на карциноми на дојка евидентно расте, превентивни прегледи секој месец…

Sase Ivanovski

Со танц, музика и уметнички инсталации се прослави културата на фестивалот „Комшилоок“ кој се одржа на улицата Волт Дизни во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

Етничко чистење на Палестинците во Газа

Sase Ivanovski

Условна казна за скопјанец, кој од омраза нападнал припадник на ЛГБТИК заедницата

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ГАШИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГОЛЕМОТО НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ НА ТУРКИЈЕ КУРТУЛМУШ И ДРУГИ СРЕДБИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Од ЕУ ми велат вашите власти не убедуваа дека дават гаранција за нешто што не можат да го испорачаат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во овие сто дена ако се обидуваме да сумираме некаков успех, веројатно тоа би одело повеќе во економски аспект, одошто политички

Sase Ivanovski

„Х“ на Маск меѓу транспарентноста и дезинформациите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелец малтретирал репортер и снимател на ТРТ кои од Тел Авив се јавиле во директен пренос во вестите, вршејќи им притисок да го прекинат преносот

Sase Ivanovski

Пожарот во Чаир уште активен, гори повеќе од 30 часа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хезболах бил подготвен да изврши масовна инвазија по 7 октомври; Тајно извршивме рација на 1.000 локации

Sase Ivanovski

Започнува филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ – 450 млади од осум земји на едно место

Sase Ivanovski

Можности за младите: Обука за визуелизации на податоци, платено практикантство и посета на САД

Sase Ivanovski

Овогодинешното 11-то издание на летната школа на УАКС, одржано од 29 јуни до 6 јули 2024 година, се фокусираше на реевалуација на хотелот „Палас“, архитектонско ремек-дело во распаѓање и национално наследство во Македонија

Sase Ivanovski

Расправа во Уставниот суд – Апасиев се жали дека бил дискриминиран од Талат Џафери

Sase Ivanovski

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 10 Фирми со најголем удел во Јавните набавки во 2023

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руските власти уапсиле 100 лица во рации поврзани со перење пари од сајбер криминал

Sase Ivanovski

Бајден вели дека Израел не треба да ги напаѓа иранските нуклеарни локации, но официјални лица на САД признаваат дека има право да одговори на напад

Sase Ivanovski

Франција преку свои експерти ќе помага во процесот на реформи во правосудството

Sase Ivanovski

Екстремно десничарско движење во Европа: Подем со полна пареа

Sase Ivanovski

Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, три лица го загубија животот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Изјава за медиуми од поликлиника Идадија во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје

Sase Ivanovski

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Sase Ivanovski

Португалскиот Порто викендов на Евроспорт Куп во Куманово

Sase Ivanovski

Контраспин: Стотиците милиони евра прво треба да стигнат, па да се бројат

Sase Ivanovski

Stephen Hazlife Fultz: Прекрасен празничен подарок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кога мислам дека не може да биде полошо

Sase Ivanovski

Најмалку шест убиени во израелски напад врз болница во Бејрут

Sase Ivanovski

Нивото на морската вода изминативе години расте поради климатските промени

Sase Ivanovski

Кога татко ти, ти помага да се облечеш за Ноќта на вештерките

Sase Ivanovski

Шест пријави за врсничкo насилство од почетокот на учебната година

Sase Ivanovski

Боби Силјановски: Црногорска корида

Sase Ivanovski

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Sase Ivanovski

ЧИФЛИГАНЕЦ ПОЧНА ДА ГРАДИ ЗГРАДИ СПРОТИ „ИСТ ГЕЈТ“ ВО СКОПЈЕ НА ПОВРШИНА ОД 33.724 МЕТРИ КВАДРАТНИ, МАКСИМАЛНАТА ВИСИНА СПОРЕД ПЛАНОТ Е 18 КАТА

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Денеска загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и пред сè големи луѓе

Sase Ivanovski

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николоски: Нема да има коалиција со ДУИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ, КИЛИАН ВАЛ

Sase Ivanovski

Утре се очекуваат првични резултати од истрагата за смртта на родилката во Куманово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Добро е што ДУИ се навикнува на опозиција

Sase Ivanovski

МВР: Приведено лице од Битола барано со потерница

Sase Ivanovski

Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор

Sase Ivanovski

Милошоски: Изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија е направен надвор од Судскиот совет

Sase Ivanovski

Милевски: Сите домашни и меѓународни оценски анализи укажуваат на тоа дека работата во судството и правосудството не е како што треба

Sase Ivanovski

Митева до Дамева: Судски совет треба да одговори дали правдата е задоволена, а не да зборуваме за статистики

Sase Ivanovski

Василевска: Разочарувачки е годишниот Извештај за работата на судскиот совет за 2023 година

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: Најдобрата забава во градот Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4ти и 5ти Октомври на плоштадот во Автокоманда со почеток од 19:30 часот

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди покачување на пензиите за 2.500 денари

Sase Ivanovski

Костадин Костадинов: Заклучокот од моето присуство на лидерскиот форум од USAID би бил сериозен проект, сериозно искуство, сериозни сознанија за понатамошното работење на нашата Општина

Sase Ivanovski

Костадин Костадинов: Никогаш не сум се ни обидувал да бегам од било каква одговорност, но народот мора да знае се, ова почитувани е квалитетот на техничката вода која во моментот ја добиваме во градот Струмица

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Денес два значајни проекти, за првпат после 45 години целосно го реконструираме паркингот кај познатите кули во општина Кисела Вода, како и улицата

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Од денес, Кисела Вода е првата општина во Македонија во која децата кои имаат потреба, ќе добиваат бесплатни психолошки, логопедски и дефектолошки третмани!

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Костадин Костадинов: Не е важно кој од која партија е, туку каква вода пиеме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На седницата советот на општина Кавадарци даде зелено светло за купување на 250 акции во КК „Еуро Никел 2005″, Градоначалникот Митко Јанчев даде образложение на оваа одлука и нагласи дека на овој начин општината ќе даде поддршка на клубот и неговото опстојување

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Ми претставуваше чест да се обратам на годишниот лидерски форум на USAID кој се одржа денеска во градот Скопје, во моето обраќање нагласив дека, преку промовирање на меѓусебна соработка и дефинирање на заеднички политики, единиците на локалната самоуправа треба да трасираат пат кој води кон финансиска стабилност, подобрување на општинските услуги и зголемување на довербата кај граѓаните

Sase Ivanovski

Израел ги повика жителите на 25 села во јужен Либан да се евакуираат, Хезболах ги напаѓа израелските војници на границата

Sase Ivanovski

Обвинение против двајца млади Швеѓани за експлозијата кај израелската Амбасада во Копенхаген

Sase Ivanovski

Ѓуровски: Во овој момент безбедноста не е загрозена, но има безбедносни ризици и закани од случувањата на Блискиот Исток кои на индиректен начин може да влијаат

Sase Ivanovski

Обвинителство: Наредено е вештачење за утврдување на причините за сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Левица: Каменоломот на Нефи Усеини предизвикува еколошка катастрофа во Охридско

Sase Ivanovski

Двајца врвни лекари загинаа утрово во сообраќајката кај Прилеп

Sase Ivanovski

Колку се далеку импликациите од Блискиот Исток?

Sase Ivanovski

МВР со детали за страшната сообраќајка на патот Прилеп – Битола: возилото се запалило, на лице место починале тројца патници

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Ќе се открие ли вистината за исчезнатиот Самоил – Дрогата ќе ја платите со пари или крв!

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Апасиев: Ајде бујрум нека се случи 2001, да видиме кој ќе го извлече подебелиот крај!

Sase Ivanovski

Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник

Sase Ivanovski

Претпладне сончево, попладне со дожд и ветер

Sase Ivanovski

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Sase Ivanovski

Двајца лекари и еден медицински техничар загинаа во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Sase Ivanovski

Борел: Нападот на Израел врз Бејрут е кршење на меѓународното право

Sase Ivanovski

Новиот шеф на НАТО ја посети Украина и се сретна со Зеленски

Sase Ivanovski

Муниција и експлозив најдени во куќа на пензионер во Козле

Sase Ivanovski

Кривичната од МВР е политички мотивирана – велат од општина Карпош

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекував поголема креативност од Ахмети, жалам што партијата ја спореди со гума за спасување

Sase Ivanovski

Заев ги отфрла тврдењата на Села дека шурувал со Груевски и Мицкоски: Зарем има нормален човек кој може да поверува дека би бил против СДСМ?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....