7.8 C
Скопје
03/12/2023 08:55
МАКТЕЛ

      

Закон за амнестија: Од затвор ќе излезат 250 осуденици, а на ред чекаат да влезат 2.000 нови

      

„Се срамам што сум премиер на земја во која има затвори со нехумани и супстандардни услови под секое човечко достоинство. Преку владината камера која влезе и сними внатре сѐ, ќе се обидеме преку вас медиумите, да ја поттикнеме дебатата во општеството овие услови под итно да се подобрат“, рече премиерот Зоран Заев во 2017 година, по посетата на најголемиот затвор во државата – „Идризово“, претставувајќи го Законот за амнестија како едно од можните решенија на проблемот.

   

Овој закон беше изгласан од Собранието во 2018 година и со него беа опфатени 750 лица.

 

Шест години подоцна, и министерот за правда Кренар Лога влезе во затворот „Идризово“ и го кажа речиси истото како и експремиерот Заев.

   

     

„Условите се мизерни, катастрофални и супстандардни за издржување на затворските казни – пренатрупаност, затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови“, рече тој, предлагајќи го истото решение – амнестија.

Предлог-законот за амнестија, ги разгоре дебатите во експертската јавност во однос на начинот на казнивоста односно неказнивоста во државата, за одредени категории лица.

Со овој предлог-закон на Лога, исто како и со тој што го предлагаше Владата на Заев а го изгласа Собранието, се дава можност на лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, пак, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од казната изречена со правосилна пресуда. На пример, ако некој е осуден за полесно кривично дело на 9 години затвор, нему ќе му се скратат 3 години од казната.

Законот се најде на владина седница пред два дена, но, како што стоеше во владиното соопштение, потребни ќе бидат одредени усогласувања со надлежните институции. Од извори во Министерството за правда, Мета.мк дознава дека всушност она што треба да се допрецизира во законот е амнестијата на лицата кои во странска држава направиле кривично дело, а казната ја издржуваат во земјава. Откако ќе бидат направени овие усогласувања, во однос на меѓународната соработка, Предлог законот нема да оди повторно пред Влада, туку директно во Собрание, на гласање.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера изјавија дека нема да го гласаат предлогот.

„Го немаме сè уште добиено законот затоа што во самата Влада има одредени несогласувања. Гледаме дека на различна линија се премиерот и министерот за правда, како што беа на различна линија и за измените на Кривичниот законик. Но, ние не би поддржале таков закон затоа што сметаме дека овој закон таргетира една целна група која што им е битна на владејачките партии и да им бидат тркачи на следните избори во кампањата“, изјави пратеникот Антонијо Милошоски за Тема на денот во дневникот на Сител.

Условите се исти, само затворениците се менуваат

Во моментов во државата има 2.345 осудени лица, од кои 250 се осудени на затворска казна до 6 месеци, што значи дека тие, доколку се изгласа законот, би излегле на слобода.

Околу 800 затвореници или осудени лица само од затворот Идризово, пак, според кривичните дела за кои се осудени, би добиле намалување на затворските казни за 30 отсто.

Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски за Мета.мк вели дека со овие законски измени не би се сменило ништо во однос на условите. Тие ќе останат такви какви што се, една група затвореници ќе излезат или ќе добијат пониски казни, а наместо нив, ќе влезат нови. Според последните податоци на Управата за извршување санкции, издадени се околу 2.000 упатни акти, односно толку осуденици треба да влезат на издржување затворски казни во еден од затворите во земјава.

Кон почетокот на наредниот месец, Комитетот за превенција на тортура (CPT), тело при Советот на Европа, пристигнува во Македонија за да врши скенирање на состојбата во затворите, а епилогот не се очекува да биде многу променет во однос на изминатите години – земјава е редовно предмет на критики во однос на ова прашање.

„Амнестијата нема да ги подобри условите во затворот. Нам во моментов ни е најважно да се направи поликлиника, бидејќи трошиме енормно високи средства за фактури кои ни пристигнуваат од МВР, треба да спроведеме осуденик до здравствена установа, а за тоа се плаќа полициска асистенција, и тоа по полицаец. Имаме затвореници кои се сериозно болни, за нив судот не ни дава условен отпуст. Па замислете, имаме затвореник кој 7 месеци лежи во Градска болница, за тоа ние плаќаме фактура, по ден. Дополнително на тоа, ни стигна и допис од Министерството за финансии да ги намалиме трошоците за 15 отсто“, вели Зоран Јовановски, директор на КПД „Идризово“ за Мета.мк.

Моментално, затворите во овој дел се во долгови од околу 35 милиони денари, од кои само затворот „Идризово“ има долг од 30 милиони.

Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкциите за Мета.мк појаснува дека со последниот ребаланс кој го најави министерот за економија Крешник Бектеши одобрени се 43 милиони денари за здравствено осигурување, односно пакети за здравствена заштита за осудениците.

Но, долговите на затворите не завршуваат само во делот на здравственото осигурување, а останува и прашањето дали амнестијата е начин за справување со овие проблеми или пак мотивите за предлагањето ваков закон се поинакви. Министерот Лога е дециден дека со ова ќе се растеретат затворските установи, но нема коментар во однос на новите осуденици кои ќе треба да влезат на отслужување на казната, во истите услови.

Стојановиќ не сакаше да го коментира предлог-законот, но вели дека тој се залага за пробација, со која се врши континуирано празнење на затворите, а осудените лица и понатаму би биле под надзор.

Инаку, пробацијата е стручна служба организирана на ниво на Сектор во Управата за извршување на санкции и спроведува надзор над извршување на казните без лишување од слобода, поточно над алтернативните мерки: условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор, како и над извршувањето на условниот отпуст, изречени со одлука на судовите. Пробациската служба врши надзор на осудените лица и им нуди поддршка, а целта е да се одржи безбедноста во заедницата со подобрување на ресоцијализацијата и рехабилитацијата на лицата над кои се извршуваат пробациски работи, како и да се намали затворската популација.

Според предлог-законот, амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, несовесно работење во службата од член 353-в, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство.

Освен овие дела, амнестијата не се однесува за кривични дела „Разбојништво”,  „Измама на штета на средства на Европската Унија”, „Перење пари“, „Примање поткуп”, „Давање поткуп” и „Давање награда за противзаконито влијание”.

Амнестијата, според предлог-законот, не се однесува на лицата кои делата што се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година и на лица кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија.

Освен тоа, амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.

Доколку се изгласа овој предлог-закон, тоа би бил четврти пат во земјата. Првиот пат во 2017 година, вториот пат кон крајот на 2019 кога се изгласа амнестија за дел од обвинетите за 27 април, а третиот пат годинава, кога беше изгласана амнестија за прекршителите на Ковид протоколите за време на пандемијата.

 

    

Најново

(ВИДЕО) Би-Би-Си: Откриено како Хамас го создал бруталниот сојуз за да изврши напад врз Израел

Sase Ivanovski

Италијанската премиерка Мелони доаѓа во Белград на средба со Вучиќ

Sase Ivanovski

Секуловски: Зелените теми не се доволно застапени во медиумите, потребен е нивен едукативен пристап за кревање на јавнат свест за зелените прашања

Sase Ivanovski

Савче Ѓошева е новата студентска правобранителка на УКИМ

Sase Ivanovski

Силно алармираа на ОБСЕ за маките на другите, за македонските молчеа

Sase Ivanovski

Здружението Онлајнмедиа бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминаторските одредби од Изборниот законик да се отстранат

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ

Sase Ivanovski

ЗАПОРОЖЈЕ БИЛА НА РАБ НА НУКЛЕАРНА НЕСРЕЌА Синоќа снемало струја во електраната

Sase Ivanovski

Можен ли е крај на ХИВ – и на другите сексуално преносливи инфекции?

Sase Ivanovski

Украина детонирала експлозив на пруга длабоко во Сибир преку која Русија се снабдува со оружје

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Најзагадени градови во земјава се Кочани, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Тетово

Sase Ivanovski

Министерот Спасовски од Куманово: Реконструирани сите полициски објекти во СВР Куманово, како Влада инвестиравме во сите сегменти на живеењето за да го вратиме сјајот на Куманово

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Демант на лажни вести!!!

Sase Ivanovski

Министрите Спасовски и Бочварски од Куманово: Реконструирани сите полициски објекти во СВР Куманово, до крајот на годината тендер за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија

Sase Ivanovski

Бочварски најави тендер за пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – Деве Баир

Sase Ivanovski

Петровска: Околу 40 македонски компании веќе можат да учествуваат на НАТО пазарот, заедно со АТС ќе го развиваме првиот македонски дрон

Sase Ivanovski

Николоски до кандидатите за Комесар за човекови права во Европа: Почитување на човековите права на Македонците во Бугарија и Грција е услов за мојата поддршка

Sase Ivanovski

Петровска: Средбата со О’Брајан уште една потврда за силната американска поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ

Sase Ivanovski

Управата за јавни приходи го одбележува Денот на даночните работници

Sase Ivanovski

Макрон го предупреди Израел: Уништувањето на Хамас би можело да трае 10 години

Sase Ivanovski

Ердоган: Израел ги уништува шансите за мир во Газа

Sase Ivanovski

САД ДО ИЗРАЕЛ: Не поддржуваме никакво намалување на географските граници на Газа

Sase Ivanovski

МУ СЕ ЗАКАНИЛЕ СО НОЖ И ГО СИЛУВАЛЕ Двајца малолетници од Скопје силувале врсник

Sase Ivanovski

Уставните измени се обврска, процесот не завршува на 31 декември, вели Ковачевски

Sase Ivanovski

Битиќи за изјавата на Зеќири: Не сакам да ја коментирам – на албански не беше исто кажано

Sase Ivanovski

БЛАЖЕВСКА: Состанокот на ОБСЕ покажа дека дијалогот тешко се враќа откако нештата ќе отидат по ѓаволите

Sase Ivanovski

Мајка од Кочани пријавила дека исчезнала ќерката(13), таа напишала дека ќе оди во странство, да не ја бараат

Sase Ivanovski

Велосипедист скршил колк при пад на Водно – итната помош стигнала до него по тешка пешачка патека!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не би купил ни кола од него, не да го гласам! Ковачевски ја потврди изјавата на О’Брајан за Мицкоски

Sase Ivanovski

Прегазен велоспидест во Кичево, починал на лице место

Sase Ivanovski

Ковачевски: Наскоро ќе се произведе првиот македонски дрон

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА И СЕ Е МОЖНО: ВО СКОПСКИ ХОТЕЛ ВО ЕДНА САЛА ЕУ АМБАСАДОРИ И ПОЛА ВЛАДА СО ШЕЌЕРИНСКА ЗБОРУВААТ ЗА ЕУ, ОДМА ДО НИВ ЛЕВИЦА ДРЖИ КОНГРЕС И ЕЧИ ХИМНАТА НА КОМУНИСТИЧКАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР КОП: Северна Македонија опасно си игра со оган

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР: Пред 4 години Македонија беше на права патека, но сега сте на погрешна патека…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски- Приведени се пет лица и запленето е едно возило поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Sase Ivanovski

БОМБА НА ПРОФЕСОР НИКОЛА ДУЈОВСКИ: Можеби Европските земји треба да инвестираат во нуклеарно оружје за да одвратат потенцијален руски напад?!

Sase Ivanovski

ФАТЕНИ РАЗБОЈНИЦИ ВО ТЕТОВО, КУМАНОВО И ВЕЛЕС

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА: Продолжен рокот за аплицирање на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Некои македонски политичари, или се платени од Русија или се неверојатно наивни па несвесно одработуваат за Русија

Sase Ivanovski

Спасовски: Неопходно е Република Северна Македонија континуирано да гради отпорност, капацитети и способности за одговор на хибридните закани

Sase Ivanovski

Ковачевски во посета на фабриката за оружје во Самоков: Ја поддржуваме наменската индустрија, активно придонесуваме во колективниот систем за одбрана на НАТО

Sase Ivanovski

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

Sase Ivanovski

Ковачевски убеден дека ќе има договор на лидерската. Техничката ќе се укине следните избори

Sase Ivanovski

Платил на лекар да му ја убие жената во што и успеал: Уапсен поранешен советник на Пацоли затоа што наредил убиство на сопругата – вака се обидел да сокрие се

Sase Ivanovski

ДЕНКО МАЛЕСКИ: Пендаровски излезе политичар кукавица, се размина со најважната задача од својот мандат, Глигоров не внесе во ООН, Пендаровски требаше да не внесе во ЕУ!

Sase Ivanovski

„Украина и Русија водат мировни преговори во тајност“ вели проруски американски новинар

Sase Ivanovski

Зеленски: Војната со Русија е во нова фаза, не се откажуваме!

Sase Ivanovski

Продолжуваат борбите во Газа, убиени 200 Палестинци, сирени за тревога во јужен Израел

Sase Ivanovski

Автомобил удри во мечка со мали мечиња, три деца се повредени, мечката се стабилизира од несреќата

Sase Ivanovski

Прислушувањето во фокусот на пратеничките прашања: Дали се следи целиот интернет сообраќај?

Sase Ivanovski

Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на членови за новиот состав на ДКСК

Sase Ivanovski

Не успеа новиот обид на опозицијата да го пополни празното место во ДИК

Sase Ivanovski

Путин мобилизира уште 170 илјади Руси како одговор кон НАТО

Sase Ivanovski

ФОКУС: „Марковски Компани“ склучи нов договор со ЕСМ, 12 булдожери ќе копаат во РЕК Битола за 9 милиони евра!

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОТВРДИ СО СИГУРНОСТ ДЕКА НА ВАЊА И СЕ ГУБИ ТРАГАТА КАЈ СИЛБО

Sase Ivanovski

Во моментов, се чини, Русија е на пат да ја добие војната во Украина

Sase Ivanovski

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ – Буџетот не се одобри поради блокадата на Русија

Sase Ivanovski

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1 500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните со зголемени сметки за комуналии

Sase Ivanovski

Сто дена пред избори: Талат Џафери – премиер на техничката влада, Јован Митрески – претседател на Собранието?

Sase Ivanovski

Епидемијата на голема кашлица во Хрватска зема замав

Sase Ivanovski

Хелга Шмид: Она што го издвојува ОБСЕ е способноста да поттикне регионални пристапи за заеднички предизвици

Sase Ivanovski

ВЛАСТА ИМА ПРИСТАП ДО ЦЕЛИОТ ИНТЕРНЕТ ВО ДРЖАВАТА Јанушев бара одговор за „ултра скандалот“

Sase Ivanovski

СКОПЈЕ НЕ СЕ СИМНУВА ОД СВЕТСКИОТ ВРВ Постојано е висока концентрацијата на најканцерогени честички

Sase Ivanovski

МЛАДИТЕ ЕМ СЕ СЕЛАТ ОД ЗЕМЈАВА ЕМ НЕ СЕ ЖЕНАТ И НЕ ПРАВАТ ДЕЦА, КОЈ ЌЕ ГО ПОЛНИ ПЕНЗИСКИОТ ФОНД – ПОМАЛКУ РОДЕНИ, ПОВЕЌЕ УМРЕНИ Намален е и бројот на бракови во третиот квартал

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСКИОТ СОВЕТ БЕШЕ УСПЕШЕН, ЛАВРОВ БЕШЕ ИЗОЛИРАН Оценка на американскиот претставник во ОБСЕ

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ СЕ ИЗНЕРВИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ О’БРАЈАН: Сите знаеме како (и од кого!) се купува нов автомобил

Sase Ivanovski

КОГА ВАКА И КАЈ НАС: Преседан во САД, поради измами и лажење, конгресменот од Њујорк, Џорџ Сантос е исфрлен од Конгресот, ЗА гласаа и левичари и десничари

Sase Ivanovski

Во меѓународна акција во Србија уапсени 160 лица: За оружје, дрога, шверц на луѓе

Sase Ivanovski

Спасовски: СВР Скопје со 100% ефикасност во расчистување на кривични дела поврзани со дрога, ефективност од 59% на дела од насилниот криминал, а откривањето на бесправна сеча на дрва е зголемено за 150%

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Следната година ЕУ ќе може да произведе милион проектили

Sase Ivanovski

Кои автомобили имаат најмалку дефекти?

Sase Ivanovski

Стојаноски: Буџетот за 2024 е досега историски највисок, нереален, предизборен и составен така за да може да се искраде

Sase Ivanovski

Претседателката на Уставниот суд, Кацарска и претставници од ИЧП во посета на Уставниот суд на Словенија

Sase Ivanovski

(Видео) Тутунарите од прилепско задоволни од рекордните откупни цени, очекуваат уште посилна поддршка од Владата

Sase Ivanovski

Кулеба за Еуроњуз Србија: Разочарани сме што Србија не воведува санкции против Русија, но тоа е само еден елемент во односите

Sase Ivanovski

Словенечкиот парламент усвои Резолуција според која на возачите нема да им биде дозволено да имаат промил алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Охридскиот договор да се вклучи во преговарачката рамка за Србија- ќе бара ЕУ

Sase Ivanovski

Шести ден од исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Sase Ivanovski

Средба Народна банка-Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор

Sase Ivanovski

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....