Главни конкуренти на Струга треба да бидат Шкендија и Шкупи. Шкендија пред самиот почеток на сезоната доведе и големо засилување токму од Струга, пристигна најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими. Шкупи од друга страна ја стартува сезона со свеж капитал од компанијата „Паша Груп“ и повеќе нови имиња во своите редови.
Вардар за разлика од минатата сезона сега треба да е стабилен, пристигнаа и засилувања, па ќе видиме како тимот кој го води Горзад Михајлов ќе изгледа на теренот. Високи амбиции има и Гостивар кој го доведе познатиот Мароканец, Набил Дирар кој во минатото го носеше дресот на Фенербахче и Монако, но имаат и уште неколку засилувања. Не треба да се заборави и на Тиквеш кој летово дебитираше во европските квалификации.Дебитант во првенството е екипата на Беса од Добридол, а во друшвото на најдобрите ќе го гледаме и Пелистер.
ПМФЛ ПРВО КОЛО:
17:00: Беса – Шкендија
Пелистер – Гостивар
Работнички – Силекс
Шкупи – Воска Спорт
Струга – Тиквеш
20:30: Брера – Вардар