Случајот со хонорарите на членови на ЛДП и лица блиски до поранешниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски го објави сајтот „А1Он“.Според податоците добиени од Министерството за локална самоуправа преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, над 125 илјади евра тежат надоместоците за пет блиски лица и сопартијци кои екс министерот Горан Милевски ги ангажирал во негово време во Министерството за локална самоуправа за два швајцарски проекти.Исплатите се однесуваат од август 2019 до крајот на октомври 2022 година, односно за период од три години и три месеци.