Претседателката на ЛДП Моника Зајкова очекува фер и демократски процес каде учесниците ќе ги сооочат своите концепти.
„Кодексот за фер избори секогаш го потпишувале партиите, иако можеби и не секој го почитувал. Надминато ни е времето за изборни нерегуларности, мислам дека ќе имаме фер и демократски изборен процес каде учесниците во изборите ќе ги соочат своите концепти, а не со преку било какви драми кои што можат да предизвикаат краткотрајна реакција вио јавноста“, рече Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во Само Вистина.
Зајкова зборуваше и за новите коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата Достоинство на Ангелов која ја напушти владината коалиција и како причина го наведе неносењето на законот за бранители и морам да напоменам дека ваков закон не беше усвоен и во таа влада во 2008 година имало ист таков закон и никој јавно не реагирал, дури и ако ги прашате новинарите ќе речат дека на тогашните пратеници им било забрането да дискутираат на темата. Богојески веројатно се враќа во јатото од каде што излегол, а Трајанов кој што 30 години е учесник на политичката сцена и во даден момент има одредени изговори кога треба да премине од една на друга страна“, рече Зајкова.