„Непријатни се критиките на холандскиот амбасадор и претседателот на државата, но тоа се само нивни видувања“ вели Сашко Георгиев, Претседател на Судски совет за кого „работата на советот е законска, ама во јавноста погрешно било пренесено разрешувањето на претходниот претседател“.„Со 9 гласа беше разрешена колешката, тоа што сега во јавноста се створи една таква состојба, но мислам дека во тој дел, малку работиве не се претставија како што се реално. Дали се запрашува некој релевантен фактор дали 9-те члена од кои причини гласале за ваквата состојба да се разреши претседател?“ рече Георгиев.
Сите тие превирањата околу разрешувањето беа пресудни холандскиот амбасадор во земјава. Јан Коп да ја замрзне соработката со Судскиот совет. Сепак, според Георгиев, нема ништо спорно што целата постапка се направила зад затворени врати. Вели дека така го зачувале интегритетот.„И мене да ви кажам искрено, после оваа дистанца можеби јавноста еве ќе остане без податок кои се тие меѓучовечки односи до тој степен нарушени, а ние зад затворени врати заради заштита на интегритетот на некои колеги да го заштитиме, значи испадна сега дека нешто се крие. Ве уверувам дека не е таква состојбата“ – вели Георгиев.
„Од страна на изнесените критики во делот на состојбите, во добар дел се согласуваме како состојби каде имаме простор за критика, ќе ги спомнам само добар дел од познатите сензитивни предмети од СЈО каде што факт е дека завршница во добар дел се уште нема. И тука сме да работиме на тој дел, тоа е стар проблем кој што веќе неколку време се провлекува каде што општа состојба е перцепцијата дека имаме проблем во тој дел, каде имаме застој, односно немаме конкретна завршница. Тука сме ако Судски совет да дискутираме за тоа, да работиме, да бараме одговорности од судиите од тој дел, согласно законот, а од друга страна критиките изнесени и од амбасадорите со некој дел како нивно видување се согласуваме, дека владеењето на правото пред се мора да функционира, да работи на тој дел советот“, вети Сашко Георгиев.