За неполна година, косовската претседателка Вјоса Османи три пати ги кршела протоколите на скопскиот аеродром и се обидувала да избегне проверка на нејзиниот багаж. ВМРО-ДПМНЕ објави делови од полициските записници за 16 септември и за 9 октомври минатата година.
И во двата случаи, косовската делегација се повикала на дипломатскиот имунитет на претседателката и одбила нејзиниот личен багаж да ја помине контролата на скенерот.
Но, капетанот на летот и претставникот на Кроација ерлајнс се повикале на меѓународните стандарди и на националната програма за безбедност, според кои, таа нема да биде прифатена на летот без проверка на багажот. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Тогаш МВР молчело, а СДСМ и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите“, додека сега МВР поднесе кривична пријава за обезбедувањето на спикерот Гаши.