Една Америка односно САД се бори со дрогата веќе пола век па не успева не па ние со нашето МВР ќе сме победеле во таа битка… За пукањето во Чаир и убиствата не се криви ниту СДСМ ниту ВМРО ДПМНЕ ниту ДУИ без разлика колку и да се обвинуваат партиите меѓу себе, туку причината за тие убиства е се поголемиот апетит за дрога кај Скопјани. Дрогата денеска стана тоа што порано беше пивото цигарите виното ракијата… Денеска да се дрогираш за жал е сосема нормално па дури и ин.
Огромната побарувачка од една страна и тоа што е нелегална ја прави дрогата да е многу скапа што пак значи огромна заработувачка значи зборуваме за десетици илјади па до стотици илјади евра месечно за дилерите, тоа се огромни пари за кои они се спремни и да пукаат убиваат и лежат затвор. Засега за среќа пукањето е само меѓу кланско и меѓу криминално во пресметки меѓу себе, не гинат недолжни цивили или полицајци, барем за тоа имаат усул што е и паметно, со тоа сакаат да не предизвикаат поголема акција како Сабја во Србија каде ги поапсија сите во 2003-та по убиството на премиерот Зоран Џинџиќ.
Така што ќе мора да се навикнеме, или пак да ја легализираме дрогата и да ја оданочиме па да се купува во аптеки за што нема никакви шанси со оглед на тоа што темата ќе се политизира, од друга страна па колку и да апсиш и да затвораш секогаш ќе има нови деликвенти кои ќе сакаат да возат порше низ скопските улици и да ги фатат најзгодните старлети кои се палат на такви битанги, значи тука нема крај, ова ќе трае наредни 100 години, ќе треба да се навикнеме и многу да не се чудиме и паѓаме во несвест, за жал!