МАКТЕЛ

    

ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СЕ ПРАВНА АНАРХИЈА Ќе изгласаат да се оценува уставноста на измените, но не веруваат дека штетата ќе се поправи

      

Најголем дел од уставните судии, освен известителката Елизабета Дуковска и Фатмир Скендер, сметаат дека треба да се поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за делата злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување. Мнозинството од уставните судии сметаат дека треба да се поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на измените на Кривичниот законик од септември 2023 година со кои се намалија казните за кривичните дела злоупотреба на службената должност и овластвање и злосторничко здружување, по што застареа повеќе кривични предмети против поранешни функционери. Уставниот суд денеска расправаше по иницијативите за оценка на измените на Кривичниот законик, а гласањето ќе биде попладне, откако ќе зарши расправата и по останатите точки од дневниот ред. Според повеќето судии измните на КЗ се штетни и имаат далекусежни последици. Дел од судиите, пак, сметаат дека не е во надлежност на Уставниот суд да одлучува за постапката на донесувањето на законот во Собранието. Судијата известител, Елизабета Дуковска, образложувајќи го рефератот по иницијативата, посочи дека наводите на подносителот се неосновани и предложи судот да ја отфрли иницијативата. Таа нагласи дека и таа како граѓанин има свое мислење за штетноста на законските измени, меѓутоа, како што рече „кога ќе ја облечам тогата постапувам како уставен судија и мојата оценка за уставноста на одреден закон е во согласност со Уставот“.

Судијката Ана Павлова Данева се спротивстави на измените, опишувајќи ги како штетни за правниот поредок на државата. Според неа, измените се лоша, непринципиелна казнена политика и се неуставни и од формално правен и од материјално правен аспект. – Вториот аргумент зошто сметам дека мора да се поведе постапка е фактот дека ние никако не може да тврдиме дека Уставниот суд не е надлежен да цени постапка на донесување на закон во Собранието, бидејќи самата таа постапка е формална уставност на еден закон – рече таа. Судијата Осман Кадриу, исто така, истакна дека постои сериозна повреда на уставноста. – Со измените на сторителите на овие кривични дела е дадена скриена амнестија. Тогаш се поставува прашањето, ако овие сторители, кои се носители на јавните функции, ги помилуваме, како тогаш треба да се постапи спрема другите осудени лица и за обични кривични дела – рече тој. Кадриу додаде дека со измените на КЗ и така утврдената казнена политика за кривични дела сторени од носители на јавни функции се поткопуваат правните темели на уставниот поредок, до степен на негово распаѓање. – Во правниот систем на земјата е извршена правна анархија, заробено е правото, правото е во правна криза. Во прашање е правна хаварија, овој закон вака како што е донесен и со овие катастрофални последици е антитеза и спротивен со мерките што ги презема државата за борбата против криминалот и корупцијата – рече Кадриу. Тој е концизен дека не треба да се прифати предлогот да не се поведе постапка за измените на КЗ, односно, како што рече, судот треба да се одважи да донесе правилна одлука, имајќи ги предвид последиците што ги создаде и ги создава овој закон. Кадриу потенцира дека е неприфатливо  закон што е штетен, да биде уставен. Судијката Јадранка Дабиќ Анастасовска ја поддржа аргументацијата на Кадриу, нагласувајќи дека измените ги поткопуваат правните темели на уставниот поредок на земјата.

   

Според судијата Фатмир Скендер во случајот нема никаква повреда на одредбите на Уставот. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски рече дека законот во целина е толку штетен што има направено непоправлива штета. – Каква и да е нашата одлука, се сомневам дека штетите може да се поправат. Собранието го повреди политичкиот плурализам. Овој закон не е ништо друго освен покажување на моќ, ароганција. Работата на пратениците е да ги застапуваат интересите на граѓаните, кои во овој случај не се еднакви. Измените имале некаква цел, но тоа не е таа што ја бараат граѓаните – рече Костадиновски. Судијата Добрила Кацарска потсети на нејзината изјава кога беа донесени измените дека како граѓанин, како што рече, воопшто не се согласува со вакви измени на КЗ. Според неа, постоел некаков договор помеѓу пратениците. Но, како што посочи, Уставниот суд не е оној кој треба да каже какви треба да бидат казните. – Како судија на Уставен суд сметам дека не сум јас таа што треба да каже какви треба да бидат казните, дали Собранието ќе ги зголеми или ќе ги намали. Како е донесен овој закон, дали со европско знаменце, не е надлежност на Уставниот суд, за жал – рече таа. Во врска со наводите дека е направена ненадоместлива штета, Кацарска посочи дека вината не треба да ја бараме кај пратениците, туку кај судиите кои дозволуваа постапките да траат 5-6 години. Судија Татјана Васиќ Бозаџиева посочи дека измените на КЗ поттикнаа сомнеж и се создаде впечаток дека има селективна правда. – Самата постапка која исклучува експертска јавност отвори сомнеж во намерите на законодавецот, зашто без да отвори широка дискусија тој измените ги донесе во многу кратка процедура, со исклучување на експертската јавност. Доколку одлучиме да се поништи, треба да размислуваме и во која насока – рече таа.

Васиќ Бозаџиева посочи дека Уставниот суд е оној кој треба да ја оценува формалната страна на законите. – Сметам дека Уставниот суд е контролор на сите три гранки на власта, на нивното работење и дека во таа улога навистина некој треба да ја оценува формалната страна, односно постапките низ кои се донесуваат законите. Сакам да го видам Уставниот суд во таква улога. Немам никакви дилеми дека законот е штетен – рече таа. Судија Насер Ајдари посочи дека и според него, законот е штетен и донесен е во постапка која не доликува, но, дополни дека не е во нивната надлежност да го оценуваат начинот на донесување. Судиите аргумемтираа  за можните последици и за решенијата дококу се донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста и законотоста на законските измени. Судот во постапката може да ги укине и да ги поништи законските измени. Ако ги укине, ќе престане нивната примена од моментот на укинување, па натаму, а ако се поништи, ќе треба да се поништат и сите ефекти што ги предизвикале измените. ДАЛИ 800 ФУНКЦИОНЕРИ ПРОТИВУСТАВНО СЕ СПАСИЈА ОД ПРОГОН И ОД ЗАТВОР? Уставниот суд ќе ги оценува измените на Кривичниот законик Во Судот се пристигнати две иницијативи во врска со контоверзните законски измени – една од Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и уште една од Крсте Велевски. Според Трајанов, Уставниот суд досега требаше да ја разгледа иницијативата и да донесе одлука, а постапката сега е задоцнета. Тој смета дека Судот досега требаше да стави времена мерка по службена должност, наместо да дозволат 800 функционери и административци да се спасат и покрај сторените незаконски постапки.

  

Најново

ДУИ Кичево за апсењето на Бектеши: Дури и трпението има граница

Sase Ivanovski

Токсиколози ќе ги испитуваат повредените во Кочани пред да бидат отпуштени на домашно лекување

Sase Ivanovski

Мелбурн оддава почит на жртвите на трагедијата во Кочани, зградата на Владата во боите на македонското знаме

Sase Ivanovski

Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Маринакис: Остануваат во зголемена готовност болниците во Солун и Атина

Sase Ivanovski

Министерството за здравство ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Доревски: Објектот во Кочани не смеело да се дозволи да се користи како дискотека

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клековски: Стручната фела да каже дали на Македонија ѝ е потребен Центар за третман на изгореници

Sase Ivanovski

АДМИНИСТРАТИВНА БОРБА ЗА ОПСТАНОК НА ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА ОД УЛИЦА ВО ШУТО ОРИЗАРИ Здружението ќе се бори да си ја врати лиценцата

Sase Ivanovski

ВОЗАЧОТ НА БРЗА ПОМОШ КОЈ ПОЧИНА ОД ИНФАРКТ НОЌТА НА ТРАГЕДИЈАТА ВОЗЕЛ 11 ПАТИ КОЧАНИ – СКОПЈЕ И НАЗАД

Sase Ivanovski

РОДИТЕЛИТЕ НА КОСТА К. ТРЕБА ДА ИМ ПЛАТАТ 2 МИЛИОНИ ЕВРА НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ Еве што поседуваат Милијана и Владимир

Sase Ivanovski

Туск: Градиме безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕВОЈКА „ПАДНА“ СО 27 КИЛОГРАМИ ДРОГА Голема заплена на белградскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШТО ГИ ЧЕКА АСТРОНАУТИТЕ КОИ ПО 288 ДЕНА СЕ ВРАТИЈА ДОМА? Терапија, проблеми со баланс и многу прилагодување

Sase Ivanovski

Според Вучиќ луѓето на протестот, по налог на “агентури”, се движеле лево-десно за да изгледа дека се повеќе

Sase Ivanovski

11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОВРЕДЕНО ОД СОУЧЕНИК Малолетник ја удирал со тврд предмет, ученичката завршила во тетовската болница

Sase Ivanovski

Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, два затворени

Sase Ivanovski

Во Турција приведени 27 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу

Sase Ivanovski

Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и другите големи објекти, бараат од ЛДП

Sase Ivanovski

Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Sase Ivanovski

Неколку илјади луѓе во Софија дадоа почит за жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

Четири момчиња загинаа во Албанија откако се запалил нивниот автомобил по судир со камион

Sase Ivanovski

СО ОПТИЧКИ ЗУМ СЕ СНИМАА КОВЧЕЗИТЕ ВО ЖИВО: ИНДИСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ВРШЕШЕ ПРЕНОС ВО ЖИВО НА КАНАЛОТ ЈУТУБ ОД ПОГРЕБОТ ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Ана од ДНК: Си замина моето второ семејство, остана само пепел и празнина

Sase Ivanovski

Постхумно ќе биде одликуван возачот на брзата помош од Кочани кој почина ден по несреќата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАНАЛ 5: Редици граѓани пред капелата на гробиштата Бутел му изразуваат почит на пејачот на ДНК Андреј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИТЕЛ: Кочани тагува

Sase Ivanovski

Да се срамни со земја куќата на смртта, и таму да се засадат 59 јаблани за младинците и еден бор за возачот Илчо, предлагаат жителите на Кочани

Sase Ivanovski

Испраќаме уште еден херој – Филип Ивановски излегол на време, но се вратил во огнот за да спаси другарка

Sase Ivanovski

Живановиќ: Ова е колективна трагедија, процесот на жалење допрва почнува – потребна е постојана поддршка

Sase Ivanovski

БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 27.000 ЕВРА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ Ќе бидат донирани на семејствата на настраданите кои се лекуваат во Софија и во Варна

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот Кочани

Sase Ivanovski

ФОТО: Играчите на ФК Шкупи плачат за Андреј, под дресот гори свеќа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАОРНА ТИШИНА НА КОЧАНСКИТЕ ГРОБИШТА, МОЛКОТ ГО РАСПАРУВААТ ЛЕЛЕЦИТЕ НА НАЈБЛИСКИТЕ: Илјадници луѓе на градските гробишта во Кочани, погребната церемонија е обезбедувана со полиција и редарска служба

Sase Ivanovski

Меѓу 59-починати во Кочани, шест се малолетници по 16 години, 53-ца се возрасни, 41 е машко лице, 18 се женски

Sase Ivanovski

Европол: Вештачката интелигенција го менува организираниот криминал

Sase Ivanovski

МПЦ – ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Sase Ivanovski

Архитектка: Плоштадот Македонија не е безбеден, блокиран е излезот за евакуација со дивоградбата за Мајка Тереза!

Sase Ivanovski

Ида Протуѓер: Сите партии имаат крв на рацете за трагедијата во Кочани!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА Пресретнати се 132 дрона, има повредени цивили во Енгелс

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА, АЛБАНИЈА И КОСОВО ОТВОРИЈА ТРКА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ Вучиќ вели дека е прекршен договор од 1996 година

Sase Ivanovski

Пикси: Страшна несреќа во Македонија, ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар

Sase Ivanovski

Сопственикот на фирмата која раководела со „Пулс“ во Кочани однесен за Литванија

Sase Ivanovski

24 анализа – За прописите за дискотеки, нивната контрола и психолошката помош по трагедијата

Sase Ivanovski

Мицкоски во одбрана на градоначалникот на Кочани – не смеело да биде “преки” суд

Sase Ivanovski

Студентите од Белград му објавија „војна“ на провладиниот „Информер“

Sase Ivanovski

(ФОТO) Мицкоски придружуван од Стојанче без претходна најава го посетил Кочани и се потпишал во книгата на жалост соопшти владата

Sase Ivanovski

Да ги испратиме достоинствено

Sase Ivanovski

Ангелов: На погребот во Кочани да бидат само најблиските, ужалените граѓани ги молам да не влегуваат внатре

Sase Ivanovski

Ослободен Французинот Оливие Грондо по две години поминати во затвор во Иран

Sase Ivanovski

Тажно утро во Кочани…

Sase Ivanovski

Подобрена состојбата на еден пациент кој е на лекување во ВМА

Sase Ivanovski

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

Фатени се двајцата што се веселеа со огномети синоќа за време на жалост

Sase Ivanovski

Трамп оствари уште едно предизборно ветување: Се укинува Министерството за образование на САД

Sase Ivanovski

Русија нападна украински град со дронови, најголем напад во последните години

Sase Ivanovski

Денеска ќе бидат погребани загинатите во дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 18 степени

Sase Ivanovski

ЌЕ ГИ ИСПРАТИМЕ ВО ВЕЧНОСТА, НО ЗА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, БОЛКАТА НЕМА ДА ЗАВРШИ: Таравари со емотивна порака

Sase Ivanovski

Брисел повторно ќе ги казнува „Гугл“ и „Епл“: Не ги почитуваат правилата

Sase Ivanovski

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ – Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

Sase Ivanovski

КАША ПОПАРА: И локалите со важечки лиценци не исполнувале ни половина од техничките услови

Sase Ivanovski

Граѓаните на Кочани во поворка пред Паркот на револуцијата

Sase Ivanovski

Премиерот го пофали Обвинителството за досегашната истрага за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Протест на опозициската Републиканска народна партија во Анкара

Sase Ivanovski

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот

Sase Ivanovski

Путин сака САД да ги признаат сите територии кои Русија ги анектира од Украина

Sase Ivanovski

Комора на психолози: Психолошка поддршка ќе им треба и на родителите и на повредените, но и на лицата кои учествуваа во спасувањето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во 30-дневен притвор одат седумте полицајци од Штип и Кочани

Sase Ivanovski

Се подобрува здравствената состојба на папата Франциск

Sase Ivanovski

Трамп: Украинските електрани ќе бидат најбезбедни ако преминат во американска сопственост

Sase Ivanovski

Откако испадна Џорџеску, романската крајна десница се обединува околу нов претседателски кандидат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Додека Македонија тагува, некој пука огномет на скопскиот кеј

Sase Ivanovski

Македонци во Брисел им оддадоа почит на загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ за новиот воен пакт меѓу Албанија, Косово и Хрватска: Уверен сум дека не го известиле НАТО

Sase Ivanovski

Тројца луѓе синоќа загинаа во страотен судир на три автомобили и трактор во Србија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Штипјани маршираа во тишина во спомен на жртвите од кочанската трагедија

Sase Ivanovski

ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пазарната инспекција утврди дека повеќе од половина од дискотеките кои имале лиценци, не ги исполнуваат условите, ќе има забрани за вршење дејност

Sase Ivanovski

Мицкоски: За сите ќе има одговорност кои имаат вина за кочанската трагедија, без оглед дали е од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ

Sase Ivanovski
Вчитувам....