„Поставувам реторичко прашање: дали високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, г. Борел , кој беше на турнеја во Албанија и Република Северна Македонија, како и комесарот за проширување, г. Вархеи ќе знае дека вандал нападнал културен институт на Бугарија, да потенцирам држава членка на Европската Унија, а каков ќе биде одговорот од европските институции“, рече Илијана Јотова – потпретседателка на Бугарија.Со реакција се јави и бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков кој исто така бара Европската Унија да разгледа што се случувало во Македонија.
„Ситуациите во кои таму беа нападнати бугарски клубови и бугарски организации веќе поминаа. Сега и бугарската држава од вчера станува предмет на слични напади. За мене трендот е очигледен и оваа неказнивост предизвикува тенденција за нови провокации и злосторства“ – вели Милков.За имињата на клубовите реагираа и од официјалното МНР на Бугарија во соопштението пишува дека од 17000 клубови, македонските иституции реагирале само за двата бугарски клуба.