Вчера во 16 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син.Во 17.30 часот и 70-годишна кумановка во полиција пријавила дека физички била нападната од нејзиниот син.На полноќ полицајците уапсиле 24-годише жител на липковско Слупчане.
– СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (24) од село Слупчане, липковско, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава – информираа од СВР Куманово.