Украинскиот претседател Володимир Зеленски алармира дека светот треба да реагира поради учеството на севернокорејските војници на страната на Русија во војната. Зеленски денеска ги повика сојузниците да престанат само да „набљудуваат“ и да преземат акција против присуството на севернокорејски трупи во Русија пред да дојде до конфликт. Во видеото објавено на Телеграм, Зеленски истакна дека Северна Кореја напредувала во воените способности, распоредувањето на проектили и производството на оружје, објави Ројтерс.
„За жал, сега тие ќе научат модерно војување“, рече претседателот. Вели дека војниците од Северна Кореја се во близина на украинската граница. Зеленски нагласи дека Украина ја лоцирала секоја позиција на севернокорејски војници во Русија, но дека западните сојузници не го испорачуваат потребното оружје со долг дострел за да ги нападнат.
„Наместо потребните долгометни капацитети, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа“, изјави Зеленски. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.