Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за американскиот NBC News дека Украина ќе ја задржи територијата во освоениот регион Курск на неодредено време, додека не го принуди рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса. На почетокот на август, украинските сили извршија ненадеен напад врз регион Курск. Киев тврди дека сега контролира речиси 1.300 квадратни километри територијата во Курск, а исто така тврди дека заробиле 600 руски војници.
Зеленски објасни дека Украина ќе ја „контролира“ оваа територија, бидејќи, како што наведе, тоа е составен дел од неговиот „план за победа“ во војната. Тој додаде дека овој предлог ќе им го претстави на меѓународните партнери, особено на САД. Зборувајќи за територијата што Украина моментално ја држи како дел од Русија, Зеленски рече: „Засега ни треба“. Тој додаде дека нема да коментира дали Украина планира да се обиде да преземе контрола врз уште повеќе руски територии.