Доктор Нико Беќаровски на неговиот фејсбук профил објави зеленчукова математика, која го објаснува поскапувањето на цените на зеленчукот, но и поскапувањето на цените во маркетите. „ЗЕЛЕНЧУКОВА МАТЕМАТИКА”.
Колку повеќе неизорани полиња низ Македонија, толку помалку ајварски огнови. Колку повеќе Албанија ќе напредува во преговорите со ЕУ, толку поскапи домати и краставици низ пазарите. Колку повеќе административни кратења на цените, толку поскапи производи во маркетите“, напиша тој.