Голем број на познати музички имиња од Македонија и регионот настапувале во текот на минатите години во кочанската дискотека „Пулс“. Како што може да се види на инстаграм профилот на клуб „Пулс“, изминатиот период во дискотеката настапувале Либеро Бенд, српската пејачка Зера, Барбара Поповиќ, Бока Конга, Јована Пајиќ и многу други познати имиња од естрадата.
Според информациите кои ги обелодени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на настанот имало околу 1.500 луѓе, а животот досега го загубија 59 лица а над 150 се повредени.