Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска ќе учествува на дебата на тема “How can we make Europe great again?“, која ќе се одржи на Универзитетот СКОПЈЕ со почеток во 14:00 часот. На дебатата ќе присуствува и министерот за ЕУ на Унгарија, Јанош Бока, заедно со истакнати експерти за Европската Унија.
На настанот ќе се дискутира за актуелните состојби во Европската Унија, како и предизвиците со кои се соочува Унијата, а ќе стане збор и за перспективите на нашата земја во контекст на евроинтеграциските процеси.