Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа министерството за здравство и министерството за социјална политика, демографија и млади, исто припаѓа на Вреди.
Министерството за економија и труд, оди во рацете на ВРЕДИ, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.
Претседател на Собранието исто така оди во рацете на ВРЕДИ.И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација.Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.