Започнавме со градежни активности и во населба Леваци !
Согласно динамиката на градежните активности,планирано е до крајот на оваа година жителите на улиците Христијан Т.Карпош,АСНОМ,Рудо,Боро Милевски,Коле Неделков да добијат нова инфраструктура.
Под ова се подразбира промена на водоводната мрежа,реконструкција на тротоарските површини и асфалтирање на улиците.
Со реализација на овој проект кој ќе се одвива во неколку фази,после 50 години жителите од оваа населба ќе добијат современа инфраструктура со која ќе им се олесни секојдневното функционирање.