15.8 C
Скопје
22/06/2025 23:37
МАКТЕЛ

   

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

      

Наследството на скромните и трезвените луѓе треба да се одржува не заради минатото, туку заради иднината. „Јас сум сепак земјоделец во душата“; „Му дадов смисла на мојот живот, ќе умрам среќен“; „Авангардноста е мојата судбина“ – Хозе Алберто Мухика Кордано, за повеќето познат како Пепе Мухика, беше филозоф, активист, герилец, левичар и политичар, но пред сѐ скромен човек, кој ни остави томови афоризми, но уште повеќе, една мисла, кохерентност и стил на живеење кои денес заслужуваат внимание и почит, пишува Ивор Мицковски за Дојче веле. Поранешниот Тупамаро-герилец, светилникот на латиноамериканската левица, неколкупати министер и потоа претседател на Уругвај од 2010 до 2015-та, почина пред неколку дена, на 13-ти мај, ден кој за мене лично е особено важен затоа што се поклопува со прераната смрт на мојот татко Васил, кој беше голем борец за демократијата, слободната мисла, напредното и слободно општество, како скромен човек, вистински ерудит и пред сѐ трезвен аналитичар на минатото и на своето време. Заслужува да биде споменат и да не биде заборавен на 10 години од неговото заминување.

Од Мицковски до Мухика, овој текст им е посветен на обајцата, како апологети на скромноста и трезвеноста. Најсиромашниот претседател на светот Мухика беше инкарнација на една радикална идеја на трезвеност. И како претседател живееше во својата скромна селска куќа, откажувајќи се од претседателската палата, возеше стара сина „Буба“, и донираше речиси 90% од својата претседателска плата (8300 евра) на организации за волонтери и солидарност. Однесување кое денеска за некои е ПР, личен маркетинг или фолклор, но во случајот на „Пепе“ тоа беше само обична политичка кохерентност. Впрочем, роден е во екстремна сиромаштија и сакаше да биде нарекуван „најсиромашниот претседател на светот“. Неговите родители, кои имале два хектари обработлива земја, на крајот морале да ја продадат. Така Мухика се заљубува во цвеќињата и билките трансформирајќи се во искусен и докажан градинар. „Не сум сиромашен. Сиромашни се оние на кои им е потребно многу за да живеат. Јас живеам со малку, затоа што сум слободен“, неретко изјавуваше за медиумите. Мухика беше страствен борец за социјална правда, отворено критичен кон доминантниот економски модел, неговите фетишизации и парадигми во општеството. Неговите зборови и животни избори јасно говорат за потрага по алтернативна егзистенција и пристап кон денешниот заулавен конзумизам и конзумеризам. Од тој аспект, Мухика е вреден за спомнување не заради минатото, туку заради иднината.

   

Во денешната ера на хипер-конзумизмот и зависноста од краткотрајни предметни и услуги,  Мухика претставува еден контратенденциски модел, кој се покажува како единствен пат со цел да се избегне амбиенталниот и социјалниот колапс. Благодарение на тетинот од мајчина страна, Агел Кордано, жесток националист и перонист, Мухика ќе развие страст кон политиката која ќе го обликува до крајот на животот. На почетокот на 60-тите, ќе се приклучи кон штотуку формираното „Movimiento de Liberación Nacional“, марксистичко-ленинистичката урбана организација инспирирана од Кубанската револуција и во одбрана на правата на одгледувачите на шеќерната репка. Организацијата ќе стане позната како „Тупамарос“ и со неа Мухика ќе учествува во бројни акции, меѓу кои и краткотрајната окупација на градот Пандо. „Не можам да ја жртвувам благосостојбата на луѓето заради идеалите“

За воената хунта Мухика станува опасен и тврдокорен непријател. Ќе биде осуден на 12 години затвор, најголем дел поминати во изолација, две поминати во дупка пониска од неговата висина, опкружен со стаорци и жаби. Ќе претрпи мачење, оскудност и болести, но на крај ќе се исповеда дека најголемата казна му било отсуството на книги. „Понекогаш, болката е позитивно нешто, доколку сме во состојба ја трансформираме во нешто поинакво. Затворот беше суров, но во исто време се пронајдов себеси“. Мухика ќе биде ослободен во 1985-та, од страна на демократските сили, кои во меѓувреме ќе надвладеат и ќе доделат општа амнестија за сите затвореници на режимот.

Мухика го промени Уругвај По напуштање на вооружената борба, за која тврди дека никогаш не убил никого, Мухика ќе ја формира левичарската политичка партија Movimiento de Participación Popular (Движење за народно учество или МПП), за подоцна да стане пратеник, а потоа и сенатор. Помеѓу 2005 и 2008 година ќе биде министер за земјоделство, сточарство и рибарство, од старт наметнувајќи поинаков стил и суштина во водењето политика. 2009 станува претседател со речиси 55% од гласовите, изјавувајќи дека е комплетно излечен од „секое поедноставување, од црно-белата поделба на светот, од погледот дека постои само добро или лошо“. Од социјален и општествен аспект, реформите на Мухика ќе го променат Уругвај, трансформирајќи го во модел за целиот континент. Во 2012-та, ќе успее да го декриминализира абортусот, голем чекор за една земја во која дотогаш во затвор завршуваа и докторот кој го практикува и жената која побарала абортус. Во 2013-та, се легализираат истополовите бракови, како и употребата на марихуана за рекреативни цели. „Абортусот е стар колку и светот, додека бракот меѓу исти полови е постар и од светот“, ќе каже Мухика. Лично, тој и жена му никогаш нема да имаат деца, бидејќи како што самиот ќе објасни, биле презафатени во обидот да изградат ново општество. „Припаѓам на генерација која се обидуваше да го промени светот“, ќе додаде Мухика.

Искрадена Македонија: Некои од животните пораки на Мухика делуваат преопшти и банални, но токму така прости се и нештата во секојдневниот живот. Споредете на секунда како живеат нашите политичари, како се однесуваат повеќето наши олигарси, колку милионери или милијардери создадовме само благодарение на транзицијата, приватизациите, одземањето, продавањето и раскрчмувањето на јавното и државното добро. Потсетете се колку бенефиции уживаат нашите политичари, колку пари земаат или крадат од државниот буџет, како најчесто влегуваат, а како излегуваат од политиката. Оваа наводна „Швајцарија на Балканот“, досега изгрицка и искраде три Швајцарии. Кој со бизниси или златни визи во Дубаи, кој со хидроцентрали, кој со имоти и пари, кој избеган, кој пребегнат после украдени милиони, спасени од пресуди или спасени преку менувања на закони, никој никогаш не одговараше за големата кражба на Македонија. Но, уште пострашно, се наметна една култура на криминал, корупција и непотизам, неодговорност и неказнивост, која сега го уништува и последното што на Македонија ѝ е останато, уште нешто млади луѓе и тој кутар буџет народни пари, кој немилосрдно се троши на глупости и на партиски интереси.

Ете, една од пораките на Мухика, ако досега не е јасно, е и дека на светот му е потребна културна револуција, не политичка револуција. Нема да се спасиме менувајќи закони и политичари, туку само менувајќи го нашиот менталитет, нашите желби и цели, нашата стрвност и бесрамност, нашето секојдневно однесување. Потсетувањето на Мухика или на татко ми за мене, не е само нормална емотивност или носталгична гимнастика. Наследството на скромните и трезвените луѓе треба да се одржува не заради минатото, туку заради иднината. Таквите луѓе не ни недостасуваат само заради тоа што биле, туку заради тоа што го претставуваат. Кохерентност, јавен етос, лична етика, скромност, трезвеност и огромен труд и жртва за едно почесно, поправично и подостоинствено живеење.

   

Најново

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Поради политиките на СДС, Македонија 7 години беше понижувана, распарчувана и уништувана, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата на вистинска патека

Sase Ivanovski

Почнува 46. Скопско лето

Sase Ivanovski

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Sase Ivanovski

Арапските држави изразија сериозна загриженост по американските напади врз Иран и повикуваат на преговори

Sase Ivanovski

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква

Sase Ivanovski

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Без план, без еден лист проект за железницата се задолжуваат скоро 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ЛУКАШЕНКО НЕ ГИ УБИВА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ КАКО ПУТИН Лидерот на белоруската опозиција, Сергеј Тихановски пуштен на слобода по речиси пет години затвор

Sase Ivanovski

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Sase Ivanovski

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел повторно се обидуваат ги преформулираат македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Sase Ivanovski

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Иран вели дека четворица припадници на ИРГЦ се убиени во израелски напад

Sase Ivanovski

Во Лондон десетици илјади луѓе се собраа во поддршка на Палестинците во Газа и против војната на Израел со Иран

Sase Ivanovski

Жена-возач 94 годишна, прегази осум лица на паркинг на супермаркет во Германија

Sase Ivanovski

Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка при семејно насилство, предложен притвор

Sase Ivanovski

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран

Sase Ivanovski

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?

Sase Ivanovski

Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет по нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Израел го отвори воздушниот простор

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Sase Ivanovski

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Sase Ivanovski

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Sase Ivanovski

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Sase Ivanovski

Ирански медиуми јавуваат за експлозија во покраината Бушер, каде што се наоѓа нуклеарен реактор

Sase Ivanovski

Холандските болници ја засилуваат употребата на вештачка интелигенција за подобра здравствена грижа

Sase Ivanovski

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ – министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Црна Гора

Sase Ivanovski

Поради навреди и симболи на УЧК, Зенит го „откажа“ трансферот на Мирлинд Даку

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент одобри затворање на Ормутскиот теснец

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсег: Со „Полноќен чекан“ ги уништивме нуклеарните планови на Иран

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу Рубио и Тајани, во фокусот конфликтот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

(Видео) ДРАМА ВО ЧАИР Арсовска со полициска придружба во Чаир, откриена зграда дивоградба од 12 ката со 50 станови Станарите се заканувале и им ги исекле гумите на возилата на инспекторите

Sase Ivanovski

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Sase Ivanovski

ВИДЕО | 86-мина повредени во иранскиот напад над Тел Авив

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Sase Ivanovski

Бомбардер „Б-2 Спирит“ – гаѓа цели од 15 километри висина, чини 2.1 милијарди долари и може да лета до 11.000 километри нонстоп

Sase Ivanovski

Нападите врз Иран – најголемиот и најризичен чекор на Трамп во надворешната политика

Sase Ivanovski

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Sase Ivanovski

Филипче: Криминалот е двојно зголемен, граѓаните живеат во страв, нема ништо гордо во тоа

Sase Ivanovski

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Sase Ivanovski

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во Москва за да се сретне со Путин

Sase Ivanovski

МАКТЕЛ ДОЗНАВА: ДОМ излегува од коалиција со СДСМ – ќе оди самостојно на локалните

Sase Ivanovski

Уапсен возач без дозвола и со 1,81 промили алкохол на патот Крушево – Прилеп

Sase Ivanovski

Тројца мажи се претставиле како полицајци и истепале кривопаланчанец сред Центар

Sase Ivanovski

Иран со итно писмо до Советот за безбедност поради нападите на САД

Sase Ivanovski

Најголема кражба на податоци досега: украдени лозинки од Google, Facebook и Apple

Sase Ivanovski

Николоски: Понудите за нови 120 автобуси се очекуваат до средината на јули

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ со силна порака: Нерегуларностите во дискотеката „Пулс“ на институциите им биле познати пред трагедијата

Sase Ivanovski

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во Тел Авив, активни се само морски рути за излез од државата

Sase Ivanovski

Приведен возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

АХВ со остра реакција до в.д. градоначалникот на Кочани

Sase Ivanovski

НОВ ПАТ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ, ВАЛАНДОВО И ЗА ДОЈРАН Модерна делница која го поврзува регионот со коридорот 10

Sase Ivanovski

„НЕКОИ ДРЖАВИ ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЕТО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЕ НА ИРАН“ Еве што порача Медведев по американскиот напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗАИГРАА ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА Сообраќајно недоразбирање прерасна во улична тепачка

Sase Ivanovski

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако ова е почетокот на тотална војна помеѓу Израел и Иран, Америка не може да остане настрана

Sase Ivanovski

УАПСЕН РЕКЕТАР ВО ШТИП – СО ПРИСИЛА И УЦЕНИ МУ ЗЕЛ 4.500 ЕВРА Момче принудено да зема брзи кредити, да позајмува и да краде од татко му

Sase Ivanovski
Вчитувам....