19.8 C
Скопје
17/09/2024 12:03
МАКТЕЛ

     

ИДЕЈАТА Е ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА НЕАСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ Измените во законот за урбанизам се носат сега за општините да добијат средства, вели Николоски

     

Измените на Законот за урбанистичко планирање се носат токму сега затоа што вчера беше донесен ребалансот на Буџетот, денеска помина Законот за финансирање на единици на локална самоуправа и ние веднаш сакаме да го реализираме нашето  ветување дека ќе им пуштаме средства за општините. Оваа година за преостанатите четири месеци ќе им префрлиме 100 милиони евра, посочи вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што нагласи ветиле дека ќе им префрлаат средства на општините секоја година со цел да се затворат еднаш за секогаш сите инфраструктурни прашања во сите општини без разлика од која партија е градоначалникот, а за да можат да им се префрлат средства од Буџетот морало да се донесат овие законски измени.

 

– Идејата е после четири години веќе да не зборуваме дали има или нема неасфалтирани улици, дали во некое населено место има или нема водоводна или канализациска мрежа, дали некаде фали амбуланта, дали болницата е во добра состојба, дали има градинка или има училиште. За да го реализираме ова покрај средства потребно е да се изработат проекти – рече Николоски во гостување на ТВ Канал 5. Затоа велиме за да се изградат училишта, амбуланти, болници и катни гаражи во 100-процентна сопственост на државата или на општината и финансирани исклучиво од општински или државни пари ќе можат да се применуваат поедноставни постапки со цел општините да можат брзо да изработуваат планови за овие намени и брзо да ги реализираат.
Реакција за законот, како што кажа има само една невладина организација – О2 Иницијатива, која денеска можела да присуствува на собраниската расправа што првпат се случува во историјата на Собранието.

  

– И покрај тоа што им го понудив и ги ислушав од попладнево тераат други агенди и сакам да ги прашам дали можеби урбаната мафија стои позади нив затоа што им понудив три работи кои ги игнорираат. Прво, да се изработи целосно нов закон за урбанистичко планирање, второ за двете општини каде што има најголем урбанистички хаос – Центар и Карпош, да донесеме специјални закони како што има за градот Охрид и да се стави конечно ред во урбанизмот и трето, им кажав дека додека сум јас министер во овие две спорни општини нема да потпишам планови за згради за домување – појасни Николоски.Порача дека одредени структури во општеството создаваат хистерија во областа на урбанизмот која придонесува оние што се занимаваат со градежништво да бидат гледани како „црни ѓаволи во јавноста“.

– Во исто време понудата паѓа, побарувачката расте и во такви услови цената на становите расте и до 2.000 евра за квадрат. Легитимно е да се постави прашањето дали овие активисти кои се против носење на Детални урбанистички планови немаат позади себе други цели со цел квадратот да стигне до 3.000 евра, а со тоа првата работа што ќе ја прават младите е да се иселуваат од земјава – потенцира Николоски.Потенцира дека ни едно нормално семејство не може да одвои 3.000 евра за квадрат станбена површина и затоа бегаат во странство.
– Скопје го претворивме во град – држава и кога ќе го направите тоа нормално е цените на квадрат да одат до небо, а во исто време  да се губи вредноста на се што има надвор од Скопје. Затоа се соочуваме луѓе во внатрешноста на Македонија да не можат да продадат куќа за 50.000 евра, а со нив не можат да купат 30 квадрати во Скопје. Затоа не треба да глумиме екологисти и заштитници на природата, а суштината е дека го иселуваме народот – потенцира Николоски.

 

Најново

Концерт на оркестарот на македонската филхармонија в четврток

Sase Ivanovski

Лего коцки крај шините – за Коридорот 10 брза пруга, за Коридорот 8 слеп колосек

Sase Ivanovski

Втор обид за пукање во Трамп, Бајден соопшти дека Тајната служба ќе ги има сите ресурси за да го заштити

Sase Ivanovski

Човекот кој се обиде да го застрела Трамп тврди дека отишол да се бори за Украина

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор Радуков

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Sase Ivanovski

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Sase Ivanovski

16 лица загинаа во поплави што ја зафатија централна Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Annie Jacobsen: Русија била параноична дека Унијата ќе изврши превентивен нуклеарен напад против неа за време на Студената војна

Sase Ivanovski

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Sase Ivanovski

Босна и Херцеговина се наоѓа на седмото место на листата на земји во светот со најголем очекуван пад на населението до 2050 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј

Sase Ivanovski

Колев: Градежни активности и на просторот околу Спомен Костурницата

Sase Ivanovski

Конкурс за учеснички на Школата за женски активизам – „Жени во политиката: Изградба на вештини за ефективно лидерство„

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска ја искара јавноста за реакциите за знамето: Треба да научиме да реагираме со разум и да изброиме до 3

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска: Разговорот со Радев беше долг и многу пријателски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ферментираната зимница го зајакнува имунитетот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Темната страна на Хонг Конг

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали акселераторските програми се корисни за стартапите или се губење време?

Sase Ivanovski

Практикантите во Реплек учествуваа во предизвикот „Јас, Реплек практикант 2024“ и изработија прекрасни креативи за нивното искуство со праксата во компанијата

Sase Ivanovski

(VIDEO) Како беше создадено кафето “Lavazza”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мароко ќе гради најголем стадион на светот за FIFA Светско првенство 2030 година

Sase Ivanovski

Костадинов: Градежната офанзива денеска ја продолживме во населеното место Просениково каде што втор слој асфалт е ставен на улица во должина од 370 метри, а во вредност од 1,7 милиони денари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачки хеликоптер извлекува пожарникари од излеана река во Чешка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Извршителите не одраа – се збудалеа од пари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Бугарите сакаат да покажат мускули

Sase Ivanovski

Вкупно 11 претстави од Македонија, Србија и Бугарија годинава ќе бидат на репертоарот на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожарникари спасени од врвот на камион потопен од надојдената вода во Чешка

Sase Ivanovski

НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА: Владата бара пари за нови електроенергетски проекти на ЕСМ и МЕПСО

Sase Ivanovski

МАМЕЊЕ НА ТУРИСТИ: Ова е најголемата антиреклама што самите на себеси си ја правиме

Sase Ivanovski

Нема место за политичко насилство никаде во светот – домашните и странските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп

Sase Ivanovski

Бугарскиот амбасадор Радуков одби да ја прими протестната нота од МНР

Sase Ivanovski

Омилената тосканска вила на кралицата Викторија се продава за повеќе од 55 милиони долари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Левица предлага да се ограничат кириите на 250 евра за стан што вреди 100.000 евра

Sase Ivanovski

Талибанците ги прекинаа кампањите за вакцинација против детска парализа во Авганистан, соопшти ОН

Sase Ivanovski

Бугарскиот амбасадор: Протоколот беше почитуван, не се замарајте со формата, фокусирајте се на суштината на проблемите

Sase Ivanovski

Задолжителен воен рок од 75 дена во Србија, ќе важи само за мажите, жените может да одбијат ако не сакаат да мрзнат во ров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Џо Бајден до новинар кој го праша за заканите од Путин: Молчи кога јас зборувам

Sase Ivanovski

„Тој не пукаше“: Осомничениот се појави на суд додека официјални лица изнесоа детали за обидот за атентат над Трамп

Sase Ivanovski

Нови трошоци за студентите…

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ во Нови Сад присуствуваше на одбележување на празникот “Ден на српското единство и националното знаме”

Sase Ivanovski

Со одигрување на првото коло во Будимпешта Унгарија започна 45-тата Шаховска Олимпијада

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јаначковска: Бруцошите од Македонија не се сами, има кој да ги запознае со студентскиот живот во Словенија

Sase Ivanovski

„Мислев да си заминам, но ќе направев скандал“: Силјановска Давкова за случајот со знамето

Sase Ivanovski

Русија добива серија оклопни возила „Чекан“

Sase Ivanovski

Руската војска доби нова серија стелт-ловци Су-57

Sase Ivanovski

Економистите предвидуваат лоши последици од продирањето на десничарската АФД

Sase Ivanovski

Русија се заканува дека ќе го потопи „малиот остров“ Британија

Sase Ivanovski

Кинеските подморнички сили се јасна закана за американската морнарица

Sase Ivanovski

Запалениот грчки танкер безбедно одвлечен по нападот на јеменските бунтовници

Sase Ivanovski

„АКО СЕ РОДАТ НЕКАКВИ ЧУВСТВА“ Романот на Блаже Миновски е најдобра прозна книга за 2023 година

Sase Ivanovski

НЕ САКАВ ДА НАПРАВАМ СКАНДАЛ ПОРАДИ ЗНАМЕТО Нема да има одговорност за шефот на протоколот

Sase Ivanovski

Бројот на жртви од циклонот ,,Борис” се искачи на 15

Sase Ivanovski

Црвен аларм во Унгарија поради поплави

Sase Ivanovski

Гаши нема да свика комисиска седница за Законот за бранителите: Деловникот не ми дозволува

Sase Ivanovski

УХМР: Август беше екстремно топол месец

Sase Ivanovski

По поплавите Романија ја погоди силен земјотрес

Sase Ivanovski

(Видео) Апокалиптични снимки од поплавите во Европа: Цел град под вода, починати и исчезнати, автомобил со деца го однесе поројот…

Sase Ivanovski

МНР ѝ врачи протетстна нота на Бугарија, но амбасадорот Радуков одби да ја прими

Sase Ivanovski

Трамп ги обвини Бајден и Харис за атентатот

Sase Ivanovski

Унгарскиот премиер Орбан на крајот на месецот ќе дојде во Македонија

Sase Ivanovski

Муцунски очекува извинување од Бугарија

Sase Ivanovski

Сиљановска: Одлучив дека е подобро да не правам скандал во Бугарија

Sase Ivanovski

БРАНИТЕЛИТЕ низ призмата на Македонски Концепт

Sase Ivanovski

Мицкоски: Животот не е Тикток и Инстаграм

Sase Ivanovski

Путин потпиша указ за зголемување на вооружените сили за речиси 1,5 милион војници

Sase Ivanovski

Во прва посета на Општина Куманово беше делегација од ЕУ, на чело со Еди Греиф

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ако не те бива, пријатно!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Денес имавме работна средба на комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика со делегација од германскиот Бундестаг

Sase Ivanovski

Иџе Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!

Sase Ivanovski

ЕУ под вода! Дали невремето доаѓа кај нас…

Sase Ivanovski

Израелската војска регрутира африкански имигранти за да учествуваат во ризични операции во Газа, ветувајќи им постојан престој

Sase Ivanovski

Стојаноски: Додека СДС го стави партискиот интерес пред државниот интерес и избегаа од дебата, општините предводени од СДС први се пријавија на повикот за 250 милиони евра за општините

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас

Sase Ivanovski

Советот за соработка со граѓанското општество мора да проработи во интерес на граѓаните

Sase Ivanovski

Притвор за 24-годишник од Кочани, кој со нож избодел лице кое му продавало телефон

Sase Ivanovski

Не е точно дека Зоран Заев има бугарско државјанство

Sase Ivanovski

Работник на ОН во Западен Брег застрелан од израелски снајперист

Sase Ivanovski

Истражување во фокус: детектирање на политички говори фалсификувани низ текст, аудио и видео

Sase Ivanovski

Запалено возило во Кисела Вода, пукања на стакла ги разбуди граѓаните

Sase Ivanovski
Вчитувам....