Неодамна во посета на нашите земјоделски производители и компании беше еден од сопствениците на „Млинострој“, Јоже Зупанц за изворно да им ги каже предностите на производите и современата технологија која ќе им помогне на земјоделците во модернизација на производството и зголемен профит.


-Македонија има одличен потенцијал, имате добра земја за обработка и можности да произведувате квалитетни земјоделски производи. Земјоделците ги направиле првите чекори, имаат добра основа , а тоа се гледа по земјоделската механизација со која располагаат. Сега е време да се направи квалитетен систем за да може добро да се чуваат житните и индустриските производи – изјави Зупанц.


Тој ги претстави пред заинтересираните земјоделски производители и агробизнисмени предностите на системите за примање, сушење и складирање на житни култури.



Единиците за примање, сушење и складирање житни култури на „Млинострој“ се дизајнирани како технолошки единици со сите потребни системи.
Житариците мора да бидат соодветно подготвени пред складирањето. Овде, посебно внимание се посветува на чистење, сушење, транспортни системи, складирање и контрола. Самата подготовка на житни култури обично се одвива во следните главни фази: прием, грубо чистење, сушење, фино чистење. На барање на купувачот, технолошките процеси може да се прилагодат.

Само со правилна подготовка на житариците можеме да обезбедиме квалитетно складирање, без непотребни трошоци и да им понудиме на крајните клиенти квалитетен производ. Силосите и машините за сушење се направени од квалитетни материјали користејќи современи технолошки процеси.
Компанијата нуди голем избор на опрема за силоси и сушари за жито, и тоа: транспортни уреди, разни средства за чистење, широк избор на силоси и сушари, како и други уреди и елементи неопходни за подготовка, складирање и дистрибуција на жито.


– Начинот на кој „Млинострој“ нуди соработка на земјоделските производители од првиот разговор со клиентот за што има потреба, до крајот. Кога ќе видиме дека има потенцијал правиме заедно со клиентот што има потреба и почнуваме со изградба, опрема, доопрема, градежни работи најчесто со домашна фирма и системи кои можеме да ги изработат дома и најважно да им понудиме квалитет. Сето ова е пропратено со соодветна документација која ги задоволува сите европски стандарди – изјави Зупанц.

Интересот на земјоделците и домашните компании беше во насока на можноста оваа технологија да ја набават преку ИПАРД и на тој начин да добијат 60% грант за нивната инвестиција.Повикот за Мерка 3 од ИПАРД се очекува да биде наскоро и добро е земјоделските производители да имаат повеќе информации за производите и технологијата на реномираната словенечка компанија „Млинострој“.
Веќе ја најавивме нашата соработка со компанијата „Техноинвест“ од Скопје како застапник на „Млинострој“ во делот на промоција на производите и заедничка поддршка во подготвовка на апликации за ИПАРД преку Агротим консалтинг.Сите потребни информации околу понудата на „Млинострој“.
- Народен Фронт 19a, 1000 Скопје, Македонија (тц. Беверли Хилс, Капиштец)
- T+38923112064
- Ф+38923224032