Според Лога одговорноста е на пратениците кои ги изгласале овие измени, а тврди дека заменичката ги потпишала додека тој бил во странство.
За одговорот кој беше лиферуван во медиумите кој бил добиен по слободен пристап до информации од Министерството за правда, во којшт беше наведено дека работната група ги изготвила измените, Лога вели дека дал налог тоа веднаш да се коригира, а доколку не се коригира, најави пријава за лажно давање изјава.Спорните измени на Кривичниот законик со којшто се ослободуваат голем број на функционери и застаруваат голем број на предмети беа потпишани токму од Мадиќ, па за сите прашања околу ова, Лога ја префрла одговорноста кај неа.