Израелската армија завчера соопшти дека војниците се осудени за злоставување, а трет е дополнително осуден за пречекорување овластувања и загрозување на животот или здравјето на човек.
Во обвинението се наведува дека тројца војници, како и четвртиот, го зеле Палестинецот со воено возило и го однеле на непознато „далечно место“.За време на возењето и по него, врз жртвата било употребено насилство и таа била оставена на оддалечена локација, се наведува во соопштението.
Двајца војници се осудени на 60 дена затвор поради злоставување, додека третиот е осуден на 40 дена за пречекорување на овластувањата и загрозување на животот или здравјето на Палестинец.Сите се деградирани и осудени на дополнителни условни казни за попречување на судска постапка, се вели во соопштението.Четвртиот војник, обвинет за напад, злоставување под отежнати околности, закани и дополнителни кривични дела, се уште чека судење.