
Израел нема да дозволи користење на Старлинк во Газа

Старлинк сателити/ Фото: MARK GARLICK / Sciencephoto / Profimedia Израел соопшти дека ќе ја спречи употребата на сателитскиот комуникациски систем Старлинк во Газа, по понудата на технолошкиот милијардер Илон Маск.Маск вчера рече дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа прекинати поради израелското бомбардирање.