Министерот Беким Сали побарал ревизија од в.д. директората д-р Виолета Клисарова. Сали вели дека го сменил претходниот директор Нино Васев поради растечките долгови кои ќе растеле уште ако Васев не бил сменет.
Сали смета дека ревидирање на работењето на Онкологија е неопходно, притоа најавувајќи дека во овие активности ќе се вклучат и Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Во меѓувреме, тој ќе чека информации од директорката, а потоа ќе одлучи дали и која институција ќе го продолжи овој случај.