Според министерот за транспорт, решенијата не се голема филозофија или ќе се оди со галерија, тоа е како тунел, нецелосно затворање тука само со покрив или опција е само со шипови за стабилизација на косините и до крај на 2026 година автопатот ќе се заврши.
– Објективниот проблем е со состојбата со теренот на трасата кај што не се гледа, а тоа над Кичево до Дебрца и тука тој терен е многу проблематичен. Седнавме со изведувачот и побарав да прават што ќе прават, да најдат решение и да се заврши. И очигледно таа беше формулата бидејќи во рок од десетина дена со интензивни разговори тие се откажаа од арбитражата каде што Македонија потенцијално ќе изгубеше 50 милиони евра а тоа за земја како Македонија се многу пари.
И втора работа е да се решат проблемите со свлечиштата и косините на еден модерен начин. Решенијата не се голема филозофија или ќе се оди со галерија, тоа е како тунел, нецелосно затворање тука само со покрив или опција е само со шипови за стабилизација на косините и до крај на 2026 година автопатот ќе се заврши – појасни Николоски во изјава за ТВ Сител.