Сега обвинителите треба да одлучат дали ќе отворат истрага. Како што е вообичаено во францускиот закон, жалбата не го именува наводниот сторител, туку им остава на истражителите можност да утврдат кој би можел да биде виновен.Олимписката шампионка во бокс, Имане Келиф, поднела правна жалба во Франција за вознемирување преку интернет по морето критики и лажни тврдења за нејзиниот пол за време на Олимписките игри во Париз, изјави нејзиниот адвокат во неделата, пишува Еј-Пи њуз. Келиф, која ќе биде знаменосец на Алжир на затворањето, го освои златото во петокот во женската полутешка категорија, станувајќи нова хероина во нејзиниот роден Алжир и привлекувајќи го глобалното внимание на женскиот бокс.
– Жалбата е поднесена во петокот до специјалната единица во канцеларијата на париското обвинителство за борба против говорот на омраза на интернет, во која се тврди дека постои „засилено сајбер-малтретирање“ насочено кон Келиф – рече адвокатот Набил Буди.Сега обвинителите треба да одлучат дали ќе отворат истрага. Како што е вообичаено во францускиот закон, жалбата не го именува наводниот сторител, туку им остава на истражителите можност да утврдат кој би можел да биде виновен.
Келиф несвесно беше втурната во светски судир околу родовиот идентитет и регулативата во спортот по нејзината прва борба, кога италијанската противничка Ангела Карини се повлече само неколку секунди по натпреварот, наведувајќи ја болката од почетните удари. Лажните тврдења дека Келиф е трансродово лице или маж избувнаа на интернет, а Меѓународниот олимписки комитет ја бранеше и ги осуди оние што продаваат дезинформации. Келиф рече дека ширењето заблуди за неа „му наштетува на човечкото достоинство“. Претходно, Кирсти Бароус, функционерка задолжена за единицата на МОК за заштита и ментално здравје, поднесе жалба до француските власти велејќи дека добила смртни закани и малтретирање на интернет по прес-конференцијата во Париз на која таа зборуваше во одбрана на Келиф.
Канцеларијата на париското обвинителство соопшти дека ја примило жалбата на Бароус на 4 август и дека агентите од Националната единица за борба против онлајн омразата ги истражуваат наводните прекршоци, вклучително и смртни закани, јавни провокации насочени кон напад на лице и сајбер-малтретирање.Според францускиот закон, злосторствата, доколку се докажат, носат затворски казни кои се движат од 2 до 5 години и парични казни од 30.000 до 45.000 евра.