22.8 C
Скопје
25/06/2024 21:53
МАКТЕЛ

  

     

 

Има ли демократијата иднина?

      

Познатиот бугарски политички научник, Иван Крастев, неодамна во текст за магазинот „Форин полиси“ малку вознемирувачки пишува: „Живееме во талогот на времето. Впечатокот на пропаст е заеднички низ политичкиот спектар. Демократската политика на Западот се претвори во судир меѓу два бунта против изумирањето и две носталгии: бунтот за изумирањето, кој го водат климатските активисти, во стравот дека доколку радикално не го промениме нашиот начин на живот ќе го уништиме животот на Земјата; и бунтот против изумирањето во ‘големата замена’, кој го води десницата, уплашена доколку нешто не се промени ова ќе биде крај на нашиот начин на живот. Десницата чувствува носталгија за минатото. Левица е носталгична за изгубената иднина. Иако тие радикално се разликуваат во нивните цели, тие споделуваат апокалиптична имагинација“. Овие размислувања на Крастев се дел од неговата анализа на книгата на професорот на Лондонската школа за економија, Џонатан Вајт – „На долги патеки: Иднината како политичка идеја“.

Според Вајт, демократијата е темпорален режим и „отворената иднина“ – која не е однапред одредена, туку обликувана од човечко дејство – е предуслов за успешно функционирање на демократските режими. Според него, „кога се чини дека иднината се приближува, институциите организирани околу идејата за постојано несогласување и преиспитување почнуваат да изгледаат несоодветно“. Спротивно на тоа, главната карактеристика на нашата „вонредна состојба “ е тоа што нема простор за грешка. Ако одредени одлуки не се донесат денеска, веќе не е важно дали ќе бидат донесени утре. Ќе биде предоцна. Како за кого. За некои одлуките што ќе бидат донесени утре, ќе бидат многу важни, особено за зголемувањето на нивните богатства. На тие екстремни богаташи премногу демократија дури станува и пречка за развојот. Нивниот развој.

   

За момент да ги заборавиме европските избори кои почнаа во четвртокот и ќе траат до недела и на кои Европа се движи кон својот „Трамп момент“ со нормализирањето на успехот на радикалната десница и можното преструктуирање и пренасочување на континентот. Да го видиме она што се случува во оригиналот – во САД, каде група мултимилијардери предано работи на реинсталирање на Доналд Трамп во Белата куќа.

Нападот на Капитол од страна на поддржувачите на Трамп на 6 јануари 2021 година
Група мултимилијардери предано работи на реинсталирање на Доналд Трамп во Белата куќа – нападот на Капитол од страна на поддржувачите на Трамп на 6 јануари 2021 годинаФотографија: Thomas Hengge/imago images

 

Зошто мултимилијардери работат на враќањето на Трамп во Белата куќа и дали со тоа може да биде доведена во опасност американската демократија пред некој ден пишуваше професорот по јавна политика на универзитетот Беркли од Калифорнија, Роберт Рајх, кој на времето беше министер за труд на Бил Клинтон.

Кого покани Илон Маск на вечера?

   

     

Еве дел од неговата анализа која е прилично поучна за улогата на големиот бизнис во креирањето на политиките и крстоносната војна против Џо Бајден.

На почетокот на април Илон Маск и претприемачот и инвеститор Дејвид Сакс наводно одржале тајна вечера на милијардери и милионери во Холивуд со единствена цел: да се победи Џо Бајден и повторно да се инсталира Доналд Трамп во Белата куќа.

На листата на гостите биле милијардерите Питер Тил, Руперт Мардок, Мајкл Милкен и Стивен Мнучин, секретарот за финансии на Трамп. Имало и некои помалку политички активни титани на индустријата, како што е коосновачот на Убер и поранешен ЦЕО Тревис Каланик. Сите беа таму како членови на растечкиот труст на мозоци против Бајден, обединети во заедничко чувство дека е доста од претседателот на демократите.

Во меѓувреме, Маск ја зголемува јачината и зачестеноста на неговите харанги против Бајден на Твитер/Икс, платформата што ја поседува.

Според анализата на „Њујорк тајмс“, Маск оваа година во просек објавувал за претседателот најмалку седум пати месечно. Тој го критикуваше Бајден за прашања кои се движат од возраста на Бајден до неговата политика за здравство и имиграција, нарекувајќи го Бајден „трагичен фронт на екстремната лева политичка машина“.

Анализата на „Тајмс“ покажа дека во истиот временски период Маск објавил повеќе од 20 пати во корист на Трамп, тврдејќи дека кривичните случаи со кои сега се соочува поранешниот претседател се резултат на пристрасност на медиумите и на обвинителството.

Маск има 184 милиони следбеници на Икс, а бидејќи ја поседува платформата,  тој може да манипулира со алгоритмот  за да го максимизира бројот на луѓе кои ги гледаат неговите објави.

Илон Маск и аргентинскиот претседател Хавиер Милеи
Илон Маск и аргентинскиот претседател Хавиер МилеиФотографија: Presidencia de la Nación Argentina/Handout/Getty Images

Ниту еден друг лидер на фирма за социјални медиуми не отишол толку далеку како Маск во поддршката на авторитарни лидери ширум светот. Покрај Трамп, Маск ја искористи својата платформа за поддршка на Индиецот Нарендра Моди,  Аргентинецот Хавиер Милеи  и  Бразилецот Жаир Болсонаро.

Тоа е дел од деловните интереси на Маск. Во Индија тој обезбеди пониски увозни тарифи за возилата на „Тесла“. Во Бразил, тој отвори голем нов пазар за Старлинк, сателитската интернет услуга на SpaceX. Во Аргентина, тој го зацврсти пристапот до литиумот, минералот најклучен за батериите на „Тесла“.

Рајх вели дек се случува нешто подлабоко од наклонетоста кон републиканците. Маск, Тил, Мардок и нивните другари водат движење против демократијата.

Питер Тил, милијардерот технолошки финансиер, еднаш напиша: „Веќе не верувам дека слободата и демократијата се компатибилни“.

„Ако слободата не е компатибилна со демократијата, со што е таа?, прашува Рајх.

Тил донираше 15 милиони долари за успешната републиканска сенаторска кампања на Џ.Д. Венс, која тврдеше дека изборите во 2020 година биле украдени и дека имиграциската политика на Бајден значела „повеќе демократски гласачи да се слеваат во оваа земја“. (Венс сега е високо на листата на потпретседателски кандидати на Трамп.)

Парите од милијардерите сега се слеваат на изборите во 2024 година. Само 50 семејства веќе инјектирале повеќе од 600 милиони долари во изборниот циклус во 2024 година, според новиот извештај на „Американците за даночна правичност“. Поголемиот дел од ова оди на Републиканската партија на Трамп.

Трамп неодамна побара од група врвни нафтени директори да соберат 1 милијарда долари за неговата кампања, наводно ветувајќи дека доколку биде избран веднаш ќе поништи десетици правила за животна средина и политики за зелена енергија усвоени од Бајден. Трамп рече дека ова ќе биде „договор“ за нафтените директори што ќе избегнат оданочување и регулација на нивната индустрија.

Говорејќи од конференцијата на Светскиот економски форум минатиот јануари во Давос Џејми Дајмон – претседавач и извршен директор на Морган чејз, најголемата и најпрофитабилната банка во Соединетите Држави и еден од највлијателните извршни директори во светот – упати многу пофалби за политиките на Трамп додека беше претседател. „Направете чекор назад, бидете искрени“, рече Дајмон. Трамп „добро ја зголеми економијата. Даночната реформа успеа“.

Прилично лажни факти, дури и од директорот на Морган Џејз. За време на Бајден, економијата досега отвори 15 милиони работни места. За време на Трамп, економијата загуби 2,9 милиони работни места, дури и пред да почне корона пандемијата.

„Ако сакаме да го чуваме она што остана од нашата слобода, мора да се спротивставиме на антидемократското движење со храбро продемократско движење кое ги штити институциите на самоуправата од олигарсите како Маск и Тил и неофашистите како Трамп“, вели Рајх.

Дали е ова претерано што го пишува Роберт Рајх?

Дали, пак, демократијата, како што пишува во својата книга Вајт, функционира така што го прикажува она што е нормално како катастрофално, притоа ветувајќи дека сите кризи се надминуваат, а со тоа ја прикажува катастрофата како нормална. Демократската политика функционира како сесија на национална терапија, каде гласачите се соочуваат со своите најлоши кошмари – уште една војна, демографски колапс, економска криза, еколошки хорор – но се убедени дека имаат моќ да спречат уништување. Со други зборови, демократската политика е невозможна без постојана осцилација помеѓу прекумерната драматизација и тривијализирање на проблемите со кои се соочуваме. Изборите ја губат својата моќ кога не успеваат да нѐ убедат дека се соочуваме со невидена криза и дека во наша моќ е да ја спречиме.

Кога Бајден го цитира Реган

Некогаш одовде ни изгледа патетично и претерано кога од  Бајден и другите либерални политичари  во САД слушаме дека  американската демократија е нападната  и треба огромен заеднички напор да не се поткопаат нејзините темели како што беше  страшниот настан на Капитолот на 6 јануари.

Бајден го искористи и извонредниот настан, одбележувањето на 80-те години од истоварувањето на сојузниците во Нормандија на Денот Д, кое значеше пресврт во војната на европското тло, за да предупреди на тоа дека треба да се вложат сите сили за да се зачува демократијата.

Американскиот претседател Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден на одбележувањето на „Денот Д“ во Нормандија, 7 јуни 2024 годинаФотографија: Elizabeth Frantz/REUTERS

Во својот говор во четвртокот, Бајден повлече директни паралели меѓу нацистичка Германија и заканите со кои се соочуваат западните демократии денес. Тој го заврши своето обраќање со метафоричен повик на оружје против силите на тиранијата кои им се закануваат на западните демократии.

„Историјата ни кажува дека слободата не е бесплатна. Ако сакате да ја знаете цената на слободата, дојдете овде во Нормандија“, рече Бајден од Американските гробишта во Колевил-сур-Мер.

Тој продолжи:

„Живееме во време кога демократијата е повеќе загрозена ширум светот од која било точка од крајот на Втората светска војна. Во нивниот пресуден час сојузничките сили на Денот Д ја извршија својата должност. Сега прашањето за нас е, во нашиот пресуден час, дали ќе ја извршиме нашата должност?“

Бајден постојано зборува дека прифаќањето од страна на Трамп на авторитарните лидери – вклучително и рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот Ким Јонг Ун – се закана за демократијата.

Во еден исклучителен парадокс на времето и извонредно потенцирање на променетите размислувања, особено во Републиканската партија, Бајден во обраќањето во Нормандија се наврати на еден од најпознатите претседателски говори некогаш одржани, говорот на Роналд Реган по повод 40-годишнината од Денот Д.

Бајден во петокот како и Роналд Реган во 1984 година отиде на карпата висока 100 стапки позната како Поан ду Хок, која беше цел на смел напад на ренџерите на американската армија на Денот Д. И покрај големите загуби, ренџерите ги освоија германските артилериски позиции.

Реган тогаш застана пред камениот споменик обликуван во амблемот на ренџерите, опкружен со преживеаните ветерани од десантот и имаше едно восхитувачко обраќање. „Ова се момчињата на Поан ду Хок. Ова се луѓето кои ги освоија карпите. Ова се шампионите кои помогнаа да се ослободи еден континент. Тоа се хероите кои помогнаа да се стави крај на војната“, рече Реган. Подоцна во својот дневник призна дека бил толку трогнат што било тешко да ги извлече зборовите.

Говорот дојде во особено спорниот момент во Студената војна со високи тензии меѓу Вашингтон и Советскиот Сојуз. Но, бистриот повик на Реган за слобода можеби имаше влијание.

„Ние во Америка научивме горчливи лекции од двете светски војни: Подобро е да се биде тука подготвени да го заштитиме мирот, отколку слепи да се засолниме преку морето, брзајќи да одговориме само откако ќе се изгуби слободата“, рече Реган. „Научивме дека изолационизмот никогаш не бил и нема да биде прифатлив одговор на тиранските влади со експанзионистичка намера“.

Тој продолжи: „Денес сме врзани со она што нè врзуваше пред 40 години, истите лојалности, традиции и верувања. Ние сме обврзани со реалноста. Силата на американските сојузници е од витално значење за Соединетите Држави, а американската безбедносна гаранција е од суштинско значење за континуираната слобода на европските демократии. Бевме со вас тогаш; ние сме со вас сега. Вашите надежи се наши надежи, а вашата судбина е нашата судбина“.

Тоа беше во 1984 година, во пикот на Студената војна, кога советското царство полека ја губеше моќта. Ова беа зборови на шампионот на неолиберализмот. Демократијата тогаш изгледаше како систем за кој нема алтернатива за напредок на општествата. Во 2024 година тоа не е така.

Во цела Европа радикалната десница е во пораст. Изборите за Европскиот парламент оваа недела ќе откријат колку.

На континентот кој се гордееше со тоа што ги победи духовите на Хитлер, Мусолини и Франко, повторното појавување на радикалната десница како политичка сила доаѓа како шок. Радикалната десница не е униформирана во своите политики, но има нешто што ја обединува. Тоа е етничката национална држава, непријателството кон мигрантите, особено ако се муслимани, скептицизмот кон наднационалните организации како ЕУ, Обединетите нациите, а во некои случаи и НАТО.

Во 2000 година, кога Јерг Хајдер, лидерот на крајнодесничарската Партија на слободата влезе во владата на Австрија, Европа воспостави санитарен кордон спрема земјата. Австрија беше дипломатски изолирана со месеци. Сега тоа изгледа неверојатно и невозможно. Санитарниот кордон е урнат. Партиите на радикалната десница се на власт или ја поддржуваат владата во седум од 27 земји на ЕУ. Демократијата навистина е под удар. Колку ќе може да биде отпорна ќе видиме по европските избори в недела. Успехот на оние што не ги претпочитаат демократските вредности потоа од ЕУ ќе се шири во концентрични кругови и во нејзиното соседство.

(dw) 

Љупчо Поповски

    

Најново

Ја тепал вонбрачната партнерка на паркинг во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ИМАМЕ ТРИ МОЖНИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ ГИ РАЗГОВАРАМЕ СО ВЛАДАТА НА БУГАРИЈА КОГА ЌЕ СЕ ИЗБЕРЕ ТАМУ НОВА ВЛАДА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ВО БУГАРИЈА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕ Е НИ МЕЃУ ПРВИТЕ 50 НАРОДНИ ХЕРОИ, КАЈ НАС Е НА ПРВО МЕСТО!

Sase Ivanovski

Уапсен е 30-годишен скопјанец, вонбрачно живеел со малолетничка

Sase Ivanovski

Калдерон: Ветерниот парк треба да се изгради за 24 месеци, првите бенефити се очекуваат во втората половина од 2027 година

Sase Ivanovski

Собранието го донесе Законот за енергетика, со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Sase Ivanovski

Аврамовска Мадиќ: Ќе дојде период кога разочараните членови ќе се вратат на правите социјалдемократски политики и вредности

Sase Ivanovski

Почина претепан затвореник во Идризово, ОЈО ќе го истражува случајот

Sase Ivanovski

Ревизорите не можа да ја потврдат вредноста на автопатите кои ги гради „Бехтел и Енка“

Sase Ivanovski

MEET PRESPA 2024 🔵 12-14 јули неверојатно фестивалско искуство кое спојува музика, уметност, гастрономија и живот во еден неверојатен триаголник на регионот ПРЕСПА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 28 годишна девојка пријавила дека била полово вознемирувана од сопственик на салон за масажа во Штип

Sase Ivanovski

Чибишев директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија

Sase Ivanovski

Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Енергетиката е една од важните прашање и во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ денешната инвестиција во ветерниот парк е една од трите ветерни паркови ветени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Средба Муцунски – Столтенберг: “Остануваме кредибилна НАТО членка со значаен придонес во глобалниот мир, регионалната стабилност и безбедност”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иницијативата „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов низ цела Македонија донираше 3000 компјутери, а Македонски Брод и Ѓорче Петров веќе се целосно дигитализирани општини.

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: ВО АНАЛИЗАТА ШТО ЈА СПРЕМАМЕ, НА ГРЦИЈА И ВОДИМЕ 100 СПРЕМА 0 ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕСЕН МОМЕНТ ОД СКОПЈЕ ПРАЈД: НАЈДОБРАТА ЖЕНСКА НОГА ВО СКОПЈЕ ЈА ИМА МАЖ

Sase Ivanovski

ЛОШИ ИСКУСТВА СО ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦАТА АНАНАС: ПО ЦЕЛИ 11 ДЕНА НАРАЧКАТА СТИГНА СО ПОГРЕШНИ И ОШТЕТЕНИ ДЕЛОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ЕВЕ ПРАВАМ РЕФОРМИ, НЕЛИ ВИДОВТЕ ВЧЕРА ФРЛИВ ЛОПАТА, ЗНАЧИ СО КОНКРЕТНИ ДЕЛА, НЕ ПО КАНЦЕЛАРИИ ДА ФИЛОЗОФИРАМЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШТО ИЗЈАВУВА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, И ОНАКА НЕМА ВО ЕУ ДА ВЛЕЗЕМЕ УТРЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАФ НА ДУШИЦА МРЃА: Среде интервју додека премиерот поентираше, таа фати да шерува емисија на фејсбук за да имало повеќе гледаност?!

Sase Ivanovski

Бугарско МНР: Идеите на Мицкоски за повторно преговарање на рамката само ќе го оддалечат Скопје од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јован Деспотовски имал операција на слепо црево, ги откажал теренските активности

Sase Ivanovski

Европска комисија: Скопје мора да ги направи ветените уставни измени за да продолжи на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО СРБИЈА ДУРИ И СПОРТСКИТЕ КОМЕНТАТОРИ НЕ ЈА КРИЈАТ ОМРАЗАТА КОН АЛБАНИЈА И АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: НА ЛЕНТИТЕ НА ВЕНЦИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ПОЛОЖУВАМ ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ЈА ПРАША ДУШИЦА МРЃА ДАЛИ И ЛИЧИ НА КРИМИНАЛЕЦ, ОНА МУ ВИКА НЕ ЗНАМ, ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Фијала: Првата испорака на муниција по иницијатива на Чешка пристигна во Украина

Sase Ivanovski

Борел за утрешната средба Вучиќ – Курти: Дијалогот мора да доведе до оперативно решение

Sase Ivanovski

Австралискиот премиер за Асанж: Случајот трае предолго, сакаме тој да се врати дома

Sase Ivanovski

Разрешена Бесија Иљази, која на работа на Токсикологија одеше со преведувач

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД ПАЃАЊЕТО НА УКРАИНСКАТА РАКЕТА ВРЗ ПЛАЖА ВО СЕВАСТОПОЛ ОТКАКО БЕШЕ СОБОРЕНА ОД РУСКА ПРОТИВ ВОЗДУШНА ОДБРАНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВАА ДЕВОЈКА Е ХИТ ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ЗА СЕКСИ СОВЕТОТ ДО ДРУГИТЕ ДЕВОЈКИ

Sase Ivanovski

На пет компании им биле побарани преку 100 000 евра – Пари, процент од тендери, вработувања и донации барала централната власт од бизнисот, покажа анкетата на Стопанска комора

Sase Ivanovski

СРЕЌА У НЕСРЕЌА: СО КОЛА ИЗЛЕТАЛ ОД БУЛЕВАР И ВЛЕТАЛ ВО КЛИНИЧКИ НА ВОДЊАНСКА

Sase Ivanovski

ВЕЛАТ ОВА БИЛО СТАНОТ НА ГРУЈО ВО БУДИМПЕШТА, НЕ Е ПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДУШИЦА МРЃА ЌЕ БИДЕ НОЌНА МОРА ЗА ВЛАДАТА, ВО ПРВОТО ИНТЕРВЈУ МУ ГИ ИЗВАДИ ЏИГЕРИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ: АЈ ПРИЗНАЈ ДЕКА ГО ИЗЛАЖА НАРОДОТ, МУ ВЕТУВАШЕ СЕ И СЕШТО ЗА ДА СТАНЕШ ПРЕМИЕР

Sase Ivanovski

Самка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого, зошто Уставен суд своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува

Sase Ivanovski

Ветропаркот на „Алкараз Енерџи“ ќе снабдува со струја 100.000 домаќинства

Sase Ivanovski

Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе донесе нови 630 вработувања

Sase Ivanovski

До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час

Sase Ivanovski

АГЕЛЕР ЛИЧНО ЈА ПОЗДРАВИ ИНВЕСТИЦИЈАТА, МИЦКОСКИ КОРИСТЕШЕ САМО МАКЕДОНИЈА ВО ОБРАЌАЊЕТО: Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот и ќе преставува 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава

Sase Ivanovski

„И 150 ПАТИ ЌЕ МЕ ГЛЕДАТЕ СО ЛОПАТА“: Мицкоски вели дека често ќе го гледаме со неа

Sase Ivanovski

Во Драчево прегазен е 61-годишен велосипедист

Sase Ivanovski

Малолетник со автомобил прегази мотоциклист во Велес

Sase Ivanovski

Петровска: Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ

Sase Ivanovski

ФОКУС: Разрешени економските директори на Токсикологија, Неврологија, Ревматологија, Стоматолошка клиника, Психијатриска клиника…

Sase Ivanovski

ВЛАДИКАТА ЈОВАН: Охридска архиепископија е прифатливо име за МПЦ, но најголем проблем е признавањето на украинската православна црква

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОРВЕЖАНИТЕ ГО РЕКЛАМИРААТ ОСЛО СО УБИСТВЕН ХУМОР НА СМЕТКА НА ЦЕЛ СВЕТ

Sase Ivanovski

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден во сообраќајка додека го обезбедувале Виктор Орбан

Sase Ivanovski

Северна Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје

Sase Ivanovski

Аврамовска Мадиќ: Дел од нашето членство се одлеа во новоформирана партија, имаме членови кои се разочарани

Sase Ivanovski

Министерот Муцунски во Брисел на средби со Столтенберг и со претставници на ЕУ

Sase Ivanovski

Ципрас: ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа

Sase Ivanovski

КОСТОВСКИ: Верувам дека конечно Македонија ќе тргне по вистинскиот пат

Sase Ivanovski

Бислимоски за цената на струјата од 1 јули: Мислам дека еден отсто зголемување не е проблем за домаќинствата

Sase Ivanovski

Макрон: Победата на крајната левица или десницата може да предизвика граѓанска војна во Франција

Sase Ivanovski

АЈДЕ МИЦКОВСКИ, ПОКАЖИ ШТО ЗНАЕШ, СЕГА ДОЈДЕ ТВОЕТО ВРЕМЕ, КОЛКУ ШТО СЕ БОРЕШЕ ЗА ВМРО, СЕГА БОРИ СЕ ЗА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВИДЕОТО ОД ПУШТАЊЕТО НА АСАНЖ НА СЛОБОДА Е ДЕНЕСКА ХИТ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВОДИТЕЛОТ И КОМИЧАР ЏОН ОЛИВЕР ВОДЕШЕ ЕМИСИЈА ПОД ЧЕШМА ЗА ДА ИМ ДАДЕ ПОДРШКА НА ЛЕВИЧАРИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО БРИТАНИЈА

Sase Ivanovski

Шестмина од обвинетите во „Синџир“за даночно затајување признаа вина и се спогодија со Обвинителство. Mилион евра вратени во буџетот

Sase Ivanovski

Претпладне сончево и топло, попладне со локална нестабилност

Sase Ivanovski

НОВИНАРСТВОТО ПАК ПОЧНА ДА СЕ ПРЕТЕРУВА: ПОРТАЛОТ ГЛАМУР ЈА СПОРЕДИ СИЉАНОВСКА СО ЏЕКИ КЕНЕДИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ПОБАРА ОД ЛУКА МОДРИЌ ДА НЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА НИКОГАШ, ЗАТОА ШТО БИЛ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Sase Ivanovski

САД РЕШИЈА ДА ГО ПУШТАТ НА СЛОБОДА ОТКАКО ЌЕ ПРИЗНАЕ ВИНА: По 1.901 ден во британски затвор, Асанж ќе мора да се изјасни виновен пред американски суд пред да може да си оди дома

Sase Ivanovski

Ова жешко лето туѓиот успех ќе се одработи како свое големо достигнување. Тоа што вчера беше предавство, утре ќе биде голема победа. Пишува Ерол Ризаов

Sase Ivanovski

Хрватскиот селектор: Се беше во наши раце!

Sase Ivanovski

Нови пратеници во македонското Собрание, на местата на премиерот и министрите

Sase Ivanovski

Од денес во сите маркети на „Стокомак“, нашите најнови книги „Скандалозни страсти“ од вашата омилена писателка Елизабет Хојт и „Патеката на слоновите“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Следува инвестиција од над 400 милиони евра, за поголема енергетска независност, како и над 150 проекти за локален економски развој

Sase Ivanovski

Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис

Sase Ivanovski

Италијански новинар: Лука би сакал да те замолам никогаш да не се пензионираш од играњето фудбал

Sase Ivanovski

Весна Јаневска – поранешна в.д. претседателка на ВМРО-НП и несудена ректорка на УКИМ, која ќе министерува со ресорот образование!

Sase Ivanovski

ЦУК: Локализиран е пожарот на планината Огражден кај „Хаџиица“

Sase Ivanovski

Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири

Sase Ivanovski

Млад беровец прегазил полицаец и побегнал

Sase Ivanovski

ЦУК го соопшти начинот за обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди

Sase Ivanovski

Хоспитализирани уште седуммина со голема кашлица, вкупно 786 случаи во државава

Sase Ivanovski

Ниту поројните врнежи и олуи не ја внесоа водата во нашите шахти

Sase Ivanovski
Вчитувам....