Овој викенд во Битола се одржа петтиот вински салон Slow Wine 2024. Во преубавата атмосфера на неодамна реконструираното Пацио (централен двор) на битолскиот музеј се претставија околу 25 мали винарии кои со гордост ги презентираа своите вина. Мора да признаеме, освен прекрасните вина на малите семејни винарии кои дури ни тоа што е време на берба на грозјето не ги спречи да одвојат дел од своето скапоцено време за да им ги претстават своите вина на љубителите на овој боженствен напиток, вниманието на „Арт кујна“ го привлече и убавата публика.
Да, да, секако дека станува збор за битолчани-фудул луѓе кои и овојпат си го оправдаа тој нивни „фудул“, зборот кој си го влече своето потекло од османлискиот период, а значи дека не бива човек да излезе недотеран од дома.
Сте виделе ли досега битолчанец кој не е фудул? Ние не, а особено на еден ваков убав настан.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.