3.8 C
Скопје
14/12/2024 23:16
МАКТЕЛ

 

ИНАКУ ЖЕНАВА Е ПРОФЕСОРКА ПО МИРОВНИ СТУДИИ А САКА ДА ПОНИШТИ МИРОВЕН ДОГОВОР СО КОЈ СЕ ЗАВРШИ КОНФЛИКТОТ ВО 2001-ВА: Ванковска прво ќе го раскине договорот со Бугарија, а за рамковниот требало да се разговара

     

Рамковниот си ја заврши својата работа, ако сакаме понатаму треба да се соочиме и еднаш мора да излеземе од стравот да разговараме за Рамковниот договор и 2001 година, вели во интервју за МИА професорката Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Левица.Прво што би направила е раскинување на договорот со Бугарија, како и отворање на уставна дебата и процедура за промена на целиот Устав, не, како што вели „овде ќе закрпиме, овде ќе залепиме или ќе додадеме“, туку комплетно нов Устав.

 

Главна цел, Ванковска вели е да покаже колку сме различни и да го деконструира концептот на „сите се исти“. Смета дека главен адут и фактор на изненадување се луѓето кои одбиваат јавно да кажат која е нивната политичка преференца, а кои, како што вели, се препознаат во она што тие го говорат.Во однос на Левица, Ванковска вели дека, иако не е член на партијата, меѓу нив постои една синергија и природна хармонија, што ќе се види и во програмата и во настаните.

  

– Билјана Ванковска е родена како левичарка, практично ако зборувам за социјалното, класното потекло работничко. Порасната сум во социјалистички систем, очигледно велам мојата најблиска околина била таква, живеам во работничко маало, тоа е изградено по земјотресот каде што работниците на „Нова Македонија“ добија бараки и таму останав да живеам, така што секаде сум опкружена со она што можеби со застарен сега речник би го нарекла работничка класа. Така што ние се најдовме што се вели без многу да трагаме еден по други и вистина е дека јас бев еден од потписниците при основањето на Левица затоа што бев среќна што на политичката сцена која јас ја разбирам баш во онаа плурална смисла – мнозинска, значи спектарот на понуди кои треба да им се даде на граѓаните, сметав дека тоа е добар чин, убаво едно придвижување, бидејќи тенденцијата беше и се уште е за жал да сите некако во центар се групираат, па потоа викаат центар – лево, центар – десно. Така што, да – мислам дека ќе покажеме и низ кампањата дека застапуваме леви политики, вели Ванковска.

Во целиот овој процес, Ванковска, нагласувадека оди чекор по чекор и дека нејзина главна цел е да покаже колку се различни и да го деконструира концептот на „сите се исти“.
– Сега во овој дел, во делот на кампањата мојата главна цел е да покажам колку сме ние различни од сето она што постои на политичката сцена. Веќе реков, во Македонија не можете да најдете десно, лево, центар. Се е тоа некој бленд, микс, мислам дури и дека нема идеологија. Кај нас има идеологија. Некои тоа ќе го наречат идеали или некои викаат нели „само будале гину за идеале“, еве ние ако треба и ќе загинеме што се вели во битката. Меѓутоа, идејата да го деконструираме оној владејачки дискурс и концепт за општеството во кој постојано ни велат нема алтернатива за ова, нема алтернатива за ова и на крај граѓанинот е пасивизиран и вика „сите се тие исти“, сите едното исто на еден или друг начин го преповторуваат, веќе се здодевни, не им веруваме, ветуваат мед и млеко дека ќе тече, а не е така или одиме утре задутре во Европска унија или НАТО требаше да ни донесе благосостојба. Мојата задача овде, јас дури сега се дефинирам не знам колку е скромно или не, ама јас се дефинирам како некој што ја кажува вистината. Значи, без оглед која е цената и како тоа јавноста ќе го прими, јас мислам дека јавноста заслужува нештата да се кажат без ракаваци, без обланди, без розови очила и пакување на нештата, така што во оваа фаза е тоа. Ако јас допрам со кажувањето на вистината, со работите директно такви какви што се не избегнувајќи како противкандидатите – да ама под услов итн., мислам дека тоа е вистинскиот начин, да бидете автентичен, да зборувате со аргументите на здравиот разум и граѓаните тоа го препознаваат, појаснува Ванковска.

Таа вели дека ќе прифати дебата, секаде каде ќе биде поканета и посочува дека нејзина јака страна е токму умешноста вербално да се изјасни и да ги каже работите како што се, но, како што вели, доколку кандидатите прифатат дуел.
– Не е коректно некој да ве отпише во стартот, а притоа да избегнува дебата. Значи, јас многу би сакала да разговарам на еднаква нога бидејќи ние еднакво собравме потписи освен колешката Силјановска која отиде со 30 потписи од пратеници, меѓутоа ние сите формално правно сме еднакви. Значи, јас би требала да имам еднаква шанса да разговарам со претседателот Пендаровски, со министерот Бујар Османи, со градоначалниците итн. Јас сум единствен кандидат кој доаѓа од академската средина без политички багаж, без никаква политичка функција зад себе и мислам дека тоа би било интересно за гледање за нашите гласачи, нагласи Ванковска.

Најавува скромна кампања, без спектакуларни митинзи, бини, огномети, карвани со автобуси. -Сето тоа што досега го виделе ние нема да го имаме вели Ванковска, и нагласува дека сепак ќе биде видлива и препознатлива – на сите можни начини од делење флаери, средби со граѓани, некој посебен весник, малку билборди…
Прашана од кого очекува поддршка на изборите, Ванковска вели дека во текот на кампањата се обидуваат на една социјално-класна основа да допрат до луѓето, а како фактор на изнендување ги смета луѓето кои не сакаат јавно да се експонираат.

-Ќе бидам сосема искрена да кажам дека тука лежи оној адут на кој ние сметаме и мислам дека ќе изненадиме и тоа многу. Токму доаѓам од неколку места каде што имав некои практични работи да завршам пред ова интервју во кои луѓето приоѓаат и велат јас намерно не ставам лајк на вашиот профил или на Левица, намерно не се експонирам, меѓутоа јас сум за вас затоа што се плашат, тие имаат бизниси, имаат работни места некогаш и по институции. Левица е некој вид, јас велам баукот на левицата лета над Македонија, така што многу од тие луѓе кои одбиваат јавно да кажат која е нивната политичка преференца ќе се препознаат во ова што ние го говориме и мислам дека и за мене и за партијата ќе го дадат својот глас, така што тоа е факторот на изненадувањето, изјави Ванковска.

Според Ванковска, Рамковниот договор си ја завршил својата работа, а ако сакаме понатаму треба да се соочиме и отвориме дебата, а не тој да се смета како табу тема и нешто за што не смее да се разговара.

-Ванковска е за една нормална демократија. Еве, почнувам од Рамковниот. Тој си ја изврши својата функција во едно драматично време, беше наметнат однадвор како наводно мировен договор имплементиран делумно во Уставот. Дваесет години Рамковниот покажа дека од час во час ние завлегуваме во една либанизација, во една уште уставно втемелена етничка сегрегација која веќе доаѓа до апсурд, веќе немате ниту една институција која можете да ја конституирате без да го имате и етничкиот фактор. Во граѓанските држави, во вистинските демократии каде што демосот, граѓанинот владее тоа не е природна работа, така што мојата поента е дека Рамковниот договор си ја заврши својата историска функција и ако сакаме понатаму треба да се соочиме или одиме во бинационална федерална или федерализирана држава или ќе се вратиме и ќе бидеме како нормалните држави, изјави Ванковска.

Според Ванковска, тоа е доведено до ситуација на политика на уцена во која македонскиот народ и Македонецот е уценет од сите страни – од надвор го уценуваат и соседи и ЕУ и Америка, дома Албанците, така што, како што вели, фрустрацијата е разбирлива.Прашана што конкретно предлага, односно кој ќе биде нејзиниот прв чекор, Ванковска рече дека прво ќе го раскине договорот со Бугарија, а потоа ќе отвори дебата за целосно нов Устав.

-Ова што би прво направила би било раскинување на бугарскиот Договор. Тој е наједноставен формално правно, нема тука драматични ситуации, дури не задира ни во францускиот предлог. Што е следната задача на општеството, не само на претседателот, туку јас сега се надевам дека и останатиот дел од политичката структура ќе се свести дека ова води во бесмисла. Притоа, Европската унија се менува во толку лоша насока, толку сама себеси си пукаше во нога со украинската политика, со милитаризацијата, со социјалните протести што ги има внатре што веќе тоа не е онаа Унија што ни ја ветуваа. Така што, ние мора да се свртиме кон сопствените национални интереси и да го издигнеме и оној наш национален дигнитет, достоинство. Впрочем слоганот на кампањата со која одам е „Да си го вратиме достоинството на народот“. Значи, нас не’ згазија и веќе почнуваме да не си веруваме себеси дека било што можеме да смениме, изјави Ванковска.

Според Ванковска не можеме да живееме со страв и потребно е да се разговара за работите какви што се, а не да бидеме заложници на сопствениот страв.
– Јас сум за тоа, претседателот да може да ја отвори таа уставна дебата и процедура за промена на целиот Устав велам, не овде ќе закрпиме, овде ќе залепиме или ќе додадеме Бугари или не знам кого. Нам ни треба комплетно нов Устав. Јас сум, затоа велам една таква радикална дебата. Се разбира, претседателот не може да октроира Устав, кога јас би можела би ви кажала – е ваков Устав сакам. Ама не сум јас таа што се прашува. Значи, постои општество, постои дебата, постојат експерти, постојат заинтересирани групи и мислам дека тоа ќе биде шанса, дури и да не успее. Еднаш мораме да излеземе од стравот да разговараме за Рамковниот договор за 2001, хашките злосторства…, изјави Ванковска.

Прашана од кого очекува дека би можел да и честита победа и дали таа би честитала, Ванковска рече дека, ако има минимум политички бонтон „би требале да си честитаме сите барем дека сме го изоделе патот, дури и да не е победа, дури и да е пораз“.Ванковска, ветува дека ќе се потруди да има интересна и суштинска дебата, и предупредува дека нејзината проценка е дека мандатот од пет години ќе опфати драматична промена на светот во овој мултиполарен свет.

 

Најново

ТИНЕКС МАРКЕТИ ВОВЕДОА КАСИ НА КОИ КУПУВАЧИТЕ САМИ ГИ ЧЕКИРААТ ПРОИЗВОДИТЕ

Sase Ivanovski

Фрчкоски му порача на Муцунски да не води „вмровски истраги“: Шестоцифрени лаги

Sase Ivanovski

Концерт на „Мизар“ на 15 декември во МКЦ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: 600 нови вработувања во МВР, инвестиции во енергетиката и историски највисока откупна цена на тутунот, се настаните кои го одбележаа денот

Sase Ivanovski

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Sase Ivanovski

Талески: Од 600 до 400 денари-историски лаги од ВМРО-ДПМНЕ за откупната цена на тутунот

Sase Ivanovski

Прогрес: Демократијата е под голем притисок, десничарските партии го користат популизмот за поткопување на институциите

Sase Ivanovski

Потпишана Платформа за Соработка меѓу ДОМ и Еколошките Здруженија за Одржлив Охрид 

Sase Ivanovski

Нов албум со елетронска музика на Гордон

Sase Ivanovski

Томовски: Ќе има одговорност за сите злоупотреби, веќе се постапува

Sase Ivanovski

Трипуновски од Делчево: Со денешното пошумување беше опфатена поголема површина, Македонија заслужува зелени површини

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Артан Груби ѝ направи ветинг на ДУИ!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се тие кои што го партизираа и директно се мешаа во судството, тоа го потврди и САД со ставањето на Груби на црната листа за влијание во судски одлуки

Sase Ivanovski

СДСМ: Власта го окупира судството-избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски

Sase Ivanovski

Мицкоски од Карбинци: Започна доградбата на детската градинка „Кокичиња“ со капацитет за згрижување на 50 дечиња

Sase Ivanovski

Петрушевски: Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат

Sase Ivanovski

Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Sase Ivanovski

Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор

Sase Ivanovski

Фатен крадец во Прилеп

Sase Ivanovski

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ играат пинг-понг со меѓуетничките теми и ја контаминираат јавноста

Sase Ivanovski

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Sase Ivanovski

Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од „кошничката“ кога трговците ги зголемија цените

Sase Ivanovski

Се покажа компромитираноста на судството, Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат пред македонските органи

Sase Ivanovski

Mojсова-Чепишевска: Подгорец ги промовираше темите за маргинализираните и Другиот – 90 години од раѓањето на бардот на македонската книжевност за деца

Sase Ivanovski

ВНИМАВАЈТЕ, ВО МАРКЕТИТЕ ИМА ПРОИЗОДИ СО ИЗМИНАТ РОК НА ТРАЕЊЕ

Sase Ivanovski

Осум странски инвестиции на Владата – Посветено работиме на економскиот напредок на државата и отворање на нови работни места

Sase Ivanovski

Костовски: За 3 години над 400 милиони денари во капитални инвестиции во Бутел, а во 2025 година инвестираме во нова поликлиника и водоводи во Љубанци и Љуботен

Sase Ivanovski

СТОИЉКОВИЌ: Реалноста е дека единствената промена е дека сајтот на Министерството за односи меѓу заедниците од еднојазичен, албански, стана повеќе јазичен и застапени се јазиците на сите националните заедници во Македонија што може да се провери на мошне едноставен начин

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА АГЕЛЕР ЈА ПОСЕТИ ВИНАРИЈАТА ДАНЕ ХЕРМЕС

Sase Ivanovski

Соборувањето на претседателот Башар ал Асад го означува крајот на 53-годишното владеење на семејството во Сирија

Sase Ivanovski

(Аудио) Оземпик – помеѓу медицината и модата

Sase Ivanovski

Денес во „Бруклински Џез Бистро“ доделени признанија на најдобрите иницијативи кои донесоа промени во општеството на клучните теми кои се од интерес на заедниците

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: НЕ МОЖЕ ПОЧИТУВАЊЕТО НА УСТАВОТ ДА БИДЕ АЛБАНОФОБИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Божиќното украсување во Малага е хит

Sase Ivanovski

Трендафилов: Зголемувањето на минималната плата не е само можно, туку и неопходно!

Sase Ivanovski

Министерството за финансии за понеделник најави контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров

Sase Ivanovski

Завршено е поставувањето на новогодишното украсување низ централното градско подрачје на Куманово

Sase Ivanovski

Најлудиот СООБРАЌАЈ на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Единствениот лек во светот од кој може повторно да растат заби!

Sase Ivanovski

TasteAtlas ги објави наградите за 2024. година, а титулата за најдобро јадење отиде во рацете на Грција

Sase Ivanovski

Перински: Работна сабота помината на дебатата “Тајните на политички ходници во локалната самоуправа”

Sase Ivanovski

Кралот Чарлс зборуваше арапски пред кралското семејство на Саудиска Арабија

Sase Ivanovski

Дуи сака преку меѓуетнички немири да влезе во Влада -Џевдет Хајредини-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Sase Ivanovski

Колку осуденици со слична или потешка здравствена состојба ја издржуваат затворската казна во некоја од казнено поправните установи во државата и немаат добиено прекин како во случајот со Јовановски

Sase Ivanovski

Газда на автосервис нападнал муштерија

Sase Ivanovski

Трамп нема да може да депортира 12 милиони мигранти

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Панел во кафе барот

Sase Ivanovski

Опожарено возило во Аеродром

Sase Ivanovski

ЛИДЛ ПРИСТИГНУВА ВО УШТЕ ЕДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА: Градоначалникот гордо ја најави инвестицијата

Sase Ivanovski

ИСЧЕЗНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ: Роднините молат за помош

Sase Ivanovski

Забрчанец: Не само Русија и Кина туку и либералната прозападна левица треба да користи хибридни напади како што беше шарената револуција

Sase Ivanovski

Забрчанец: За жал невладините не ја прифатија понудата од владата за заедничка борба против дезинформации, ќе биде се полошо

Sase Ivanovski

ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО – 10 СТЕПЕНИ, ВИКЕНДОВ НОВ СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Најави за силен ветер, дожд и снег, за Нова година и над 50 сантиметри

Sase Ivanovski

ВТОР СЛУЧАЈ: Три девојчиња нападнале врсничка во Аеродром

Sase Ivanovski

ПОСТОИ СЕРИОЗЕН СОМНЕЖ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИСПРАВА ВО СЛУЧАЈОТ „СКОПСКИ ПАЗАР“ Кој го сменил диспозитивот во обвинението?

Sase Ivanovski

Димитриевски: ЛИДЛ ќе потикне уште поголемо ниво инвестиции во градот

Sase Ivanovski

КОГО ГО САКАШ ПОВЕЌЕ, МАМА ИЛИ ТАТО? А вие, кое дете го сакате повеќе?

Sase Ivanovski

Власта упорно настојува на уставни измени со одложено дејство

Sase Ivanovski

ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Инвестицијата во Кичево е проект на поранешната влада, време е да имате барем еден ваш проект

Sase Ivanovski

Лажен биткоин профит – Жена од Охрид измамена за 300.000 денари

Sase Ivanovski

Блинкен: Постои консензус меѓу регионалните партнери за иднината на Сирија

Sase Ivanovski

Вучевиќ: Владата на Србија во рекорден рок објави 195 документи, вчера имало 40.000 посети на веб-страницата

Sase Ivanovski

Израелски авиони повторно гранатираа цели во Сирија

Sase Ivanovski

Муцунски: Дали сме сигурни дека нема да имаме ново вето ако се случат уставните измени?

Sase Ivanovski

Мицкоски: За доизградба на клиничките центри во Штип и Кичево се разговара со западноевропски влади

Sase Ivanovski

Поранешен фудбалер на Сити е нов претседател на Грузија

Sase Ivanovski

Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите ме загрижија

Sase Ivanovski

МНР: Ќе има повеќе амбасадори од редот на дипломатите, мандатот ќе биде четири години

Sase Ivanovski

Тригодишно дете се затруло од таблети

Sase Ivanovski

Ристески: Преку 1000 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, намалени за најмалку 10 отсто

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Демонстранти во Нови Сад удрени со возило, а потоа претепани

Sase Ivanovski

Арапските лидери се состанаа за да разговараат за иднината на Сирија – Сиријците не се поканети

Sase Ivanovski

Во САД ќе се укине летното сметање на времето?

Sase Ivanovski

Турција ја повика курдската милиција во Сирија поддржана од САД да го положи оружјето

Sase Ivanovski

Нови 600 вработувања во МВР, Ни требе јака полиција порача премиерот

Sase Ivanovski

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски

Sase Ivanovski

ДОПРЕН ГЛАС

Sase Ivanovski
Вчитувам....