6.8 C
Скопје
03/12/2022 07:45
МАКТЕЛ

Инвестиции во инфраструктурата се на прво место кај градоначалниците во Југоистокот на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, а транспарентноста начин на работа

Ацо Ристов, градоначалникот на општина Радовиш од трибината „Промени што носат иднина во југоисточниот регион“ организирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека прво нешто откако дошол како градоначалник на општина Радовиш било реорганизација во јавната администрација, за да може еднолинискиот систем да се претвори во функционален систем каде што сите сектори меѓу себе ќе се координираат и работат. Како резултат на тоа се покренати повеќе иницијативи, покренати се повеќе проекти за реализација.

 

„Би започнал прво со капиталните објекти бидејќи тоа за граѓаните значи најмногу. Радовиш во периодот што е пред нас за месец дена ќе започне со изградба на првиот капитален објект, а тоа е градскиот пазар со катна гаража, која што беше барање на 85% од граѓаните, како прв приоритетен објект. Ова ќе го реализираме со сопствени средства преку кредитна линија и со финансирање со бизнисот. И ова ќе остане како еден од проектите кои што ќе ги задоволат потребите како на бизнисот така и на земјоделците“, појасни Ристов.

  

Тој посочи дека втор капитален објект кој што е во фаза на проектирање и кој што е ветен на граѓаните е недостатокот на рекреативен центар во Радовиш. Обезбедени се средства за рекреативен центар со спортски објекти наречен „Воденица“. Најверојатно следната година ќе започне со изградба. Радовишани ќе добијат современ парк.

„Најмногу ги мачи граѓаните од Радовиш е моменталната енергетска состојба, и ние тука имаме веќе проект во реализација, т.н. Green Heat односно замена за греењето во сите јавни институции во град Радовиш со помош на нови извори на електрична енергија, тоа е грант од ЕУ во вредност од еден милион евра. Ние преку овој грант ќе обезбедиме греење и електрична енергија за сите училишта, јавни објекти, спортска сала. И вишокот на енергија ќе го компентизираме со потрошувачката со јавното осветлување и се надевам дека во годините пред нас овие ослободени средства ќе ги реинвестираме изградба на инфраструктурни проекти“, нагласи градоначалникот на општина Радовиш.

Тој додаде дека од инфраструктурни проекти направени се 6 улици, канализации, водоводи, кои што се многу значајни за живеењето на локалното население. Тоа се улици кои што овозможуваат развој на нови урбани средини, на нови урбани зони каде што се градат нови станбени објекти, така да Радовиш започнува пак да се развива.

„Од инфраструктурата исто така покренати се објекти во делот на заштита на животната средина, овде Радовиш е еден од градовите кој што има своја пречистителна станица, и која што е во функција. Значи ние се грижиме за животната средина. Спроведовме повеќе акции на пошумување и на расчистување. И она што е најважно полека сакаме ресурсите на цврсто гориво да ги замениме со нови извори на енергија“, рече Ристов.

Тој појасни дека целта е Радовиш за четири години да биде енергетски независен град. А, тоа значи да се користат сите оние ресурси кои што ги дала природата, односно вода и сонце.

Вложивме максимални напори за транспарентност и отчетност на Општина Конче кон сите граѓани и сите институции, изјави градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов на денешниот даден отчет на саемот на промените што носат иднина.

„Во делот на патната инфраструктура изградивме во две населени места вкупно седум улици. Извршивме реконструкција на патниот правец од Село Долнели до Село Горнели со вкупна должина од 3,600 метри и со вградување на комплетна сообраќајна сигнализација“, рече Ристов.

Тој потенцираше дека со цел вложување во животната средина се спроведоа повеќе еколошки акции меѓу кои една од поголемите која го опфати туристичкиот локалитет Мантово каде беа вклучени повеќе организации, граѓани и нуркачките екипи од клубот Охрид за да исчистат дел од дното на езерото Мантово.

„Бидејќи сме земјоделски крај исто така не ги заборавивме земјоделците, па така вложивме од прилика околу илјада должни метри тампонирање на полски патишта во вредност од 750 илјади денари. Вложувавме во водоводните мрежи и канализациите, од нив извршиме реконструкција на канализациониот дел во Село Долни Липови и исто така извршивме доградба на крак во Село Дедино во вредност од 500 илјади денари“, изјави Ристов.

Славе Андонов, градоначалник на општина Василево рече дека затекнал катастрофална финансиска состојба или долг од 1,5 милиони евра и затоа ни беше приоритет да ја стабилизираме финансиски. Но, и покрај ова не изостанаа проектите.

„Работевме на подобрување на патна инфраструктура или асфалтирани се околу 4 километри патишта со вкупна вредност од 33 милиони денари. Обезбедивме 11 милиони денари, средства за патниот правец Нова маала – Добрашинци овој патен правец е важен бидејќи поврзува четири населени места. Потоа тука е изградбата на нов водовод во Дукатино во висина од 400 илјади евра, а работиме и на изградба на канализациони системи. Тие се приоритет бидејќи воопшто не се работело на ова. Во Василево за прв пат се даваа средства за инвертери“, рече Андонов.

Мојот мандат уште од самиот почеток започна со многу предизвици и проблеми кои бараа брзо решавање, но енергијата и беспоштедната борба која што ја ветивме тековно работи и реализираме многу проекти за нашата општина Ново Село која е надалеку позната по територијалните убавини и туристички локалитети, вели градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов пред присутните на политичкиот саем.

Божинов нагласи дека и покрај бројните предизвици и проблеми и малиот буџет на општината успеал да инвестира во инфраструктурните проекти, укажувајќи дека своето работење како градоначалник го насочил и кон меѓународна соработка, преку која добил значајни донации и опрема од другите држави.

Работевме на многу проекти иако со многу мал буџет можам гордо да кажам дека оваа година во инфраструктурни проекти успеавме да инвестираме и реализираме до сега 3 и пол илјади метра во десет населени места, а во меѓувреме работиме паралелно на уште пет проекти за до крајот на оваа фискална година успееме да постигнеме рекордно ниво, рече тој.

И покрај малиот буџет и броните предвизвици моето работење го насочив на меѓународна афирмација на општината. Така остваривме соработка со неколку странски држави кои ги препознаа квалитетите и потенцијалите на општината и на тој начин директно го потпогмуваат развојот на општината. Добивме донација за реконструкција на греењето на Домот на културата, добивме од Кина машини и алати за одржување на зелените површини , имаме отворена соработка и поддршка од Италија, истакна тој.

Андон Сарамандов градоначалник на општина Гевгелија зборуваше за дел од проекти кои тој ги има реализирано откако е градоначалник на општина Гевгелија.

-Изминатава година  во која започна мојот мандат како градоначалник на општина Гевгелија беше одбележана со реализација на повеќе капитални проекти кои ја подобрија патната, капиталната и целата инфраструктура. Најголем проект е поставувањето на атмосферската канализација, во март месец  во должина од 6.500 метри започна изградба на атмосферска канализација во Гевгелија. Ова атмосферска канализација опфаќа една третина од градското подрачје на потег од Дунќут до железничката станица, веќе ја изградивме и на две улици во Серменинско Мало во должина од 1.000 метри. Во 2022 година населеното место Негорци доби нов водоснабдителен систем, значи изграден е нов цефковод до ова населено место и изградбата продолжи до населеното место Прдејци кое веќе е во завршна фаза во должина од 6.400 метри. Во наредниот период и населеното место Богородица ќе го реши проблемот со водоснабдувањето, рече Сарамандов.

Градоначалникот Сарамандов во текот на своето обраќање се осврна и на проектите во патната инфраструктура, проектите за младите и  за туризмот.

Во делот на патната инфраструктура беа издвоени над 16 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија и Гевгелија добија уште една добра сообраќајна врска со граничниот премин Богородица. Во Прдејци граѓаните добија нов модерен младински дом, а исто така за брзо и населеното место Богородица ќе добие еден прекрасен простор за дружење на младите. Исто така започнавме и со селектирање на отпад и сметам дека е од голема важност за нашата општина. Во завршна фаза е и изградбата на стационарот за бездомни животни и ќе се реши уште еден проблем на граѓаните кој беше ветен во нашата програма. Многу е важно што Гевгелија е транзитно место и го посетуваат многу туристи и оваа година изготвивме платформа за туризмот со што ќе го промовираме туристичкиот потенцијал на нашата општина. Исто така обезбедени се и курсеви за гитара кои ги користат нашите млади музичари. Од месец февруари од страна на општината обезбеден и бесплатен логопед за сите деца во наша општина кои имаат проблем со вербалната комуникација, додаде Сарамандов.

Ристо Манчев градоначалникот на општина Босилово на трибината за отчетот на градоначалниците од југоисточниот регион изјави дека позади нас е година со изразена економска и енергетска криза, меѓутоа и во вакви околности новото раководство успеа да оствари значајни успеси, и како што посочи изминатата година инвестирано е во сите сегменти на општественото живеење, а посебен акцент е ставен на инфраструктурата.

– За прв пат во Босилово во една година се изградени улици во над 7 населени места, а во тек на изградба се нови, а потоа следат и други и тоа е одлична работа за една година. Она што исто така е важно е еден под посериозните проблеми со кои се соочува општината е тоа што 30% од населените места немаат доволно вода, доволно чиста вода и започнавме да го решаваме проблемот веќе во две населени места.  Изминатите години цели села немаат доволно вода за пиење, но како резултат на посветена работа и реорганизација на работата на комуналното претпријатие оваа година сите населени места имаа редовно снабдување со вода. За прв после 6 години се изградени две спортски повеќенаменски игралишта, што е важно за младите и развој на спортот, рече Манчев. 

Манчев нагласи дека се работи на животната средина, на расчистување на дивите депонии, но тоа што е важно се работи на образованието,  училиштата биле начекани со огромен долг и блокирани сметки, но и во такви околности е реорганизирана работата на училиштата, прв пат е направена библиотека, како и кабинети по природни науки.

Линк од видео материјал:

         

Најново

(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ КОЈ Е ФИНАНСИРАН ОД ШВЕДСКА, ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ ЛАЖЕ НА ТВ: Во моментов има повеќе медиуми што ја фалат владата од медиуми што ја критикуваат?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕНКО СЕ ЖАЛИ: Оф роуд емисии нема затоа што Грујо падна и ВМРО ДПМНЕ веќе не ми дава по десетици иљади евра за сезона

Sase Ivanovski

(Видео) Беџети: Не се работело за дипломи, туку за постапка за издавање на одредени уверенија кои немаат валидност во правниот промет

Tamara Ivanovska

ДРАМА ВО КАТАР – Уругвајците ги нападнаа судиите по испаѓањето од СП, обезбедувањето едвај можеше да реагира

Tamara Ivanovska

Силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина!

Tamara Ivanovska

МИСТЕРИЈА: ОД КАДЕ МУ НА АПАСИЕВ 15 000 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА 25 КАНЦЕЛАРИИ НА ЛЕВИЦА ШИРУМ ЗЕМЈАТА?!

Sase Ivanovski

КОРУПЦИЈАТА ВЕ КОЧИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Американската амбасадорка ни постави дијагноза

Tamara Ivanovska

СРБИЈА СТАВИ АГЕНТ НА ПУТИН НА ЧЕЛО НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА! Остри критики за именувањето на Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ УШТЕ ЕДЕН БУГАРСКИ КЛУБ, ОВОЈПАТ ВО КАВАДАРЦИ! Отворањето е предвидено за 11 декември

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЛЕВИЦА ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОЧАНИ, 25-ТА ПО РЕД ШИРУМ ЗЕМЈАТА, АПАСИЕВ ВЕЛИ ЦЕЛТА ИМ БИЛА ДА ЈА УНИШТАТ СДСМ

Sase Ivanovski

СЕ ЕВАКУИРААТ ЦИВИЛИ ОД ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР Двете страни разменуваат жесток оган преку реката

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БОМБА НА ПАЛЕВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ НАМЕСТО ДА ПРАВАТ КЛУБОВИ ДА НАПРАВАТ ПАРТИЈА ВО БУГАРИЈА И ДА ВЛЕЗАТ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ДА ИНИЦИРААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

Sase Ivanovski

ШВАЈЦАРИЈА ГИ ПРИЗЕМЈИ СРПСКИТЕ ОРЛИ И ОДИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Камерун го шокираше Бразил

Tamara Ivanovska

ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ИЗБОРИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ Пресудниот гол падна во судиското продолжение

Tamara Ivanovska

„МУ БЛАГОДАРАМ НА КАТАР ЗА ЧЕСТА“ Од болница се јави кралот на фудбалот

Tamara Ivanovska

НЕ СУМ ЈА ПИПНАЛ СОПРУГАТА НА РАЈКОВИЌ Душан Влаховиќ вели дека некој сака да му го оцрни образот со лаги

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ И АРСОВСКА ЌЕ ГО ОСТАВАТ СКОПЈЕ БЕЗ ЈАВЕН ТРАНСПОРТ! На тајни средби ги договараат набавките, тврди Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

Tamara Ivanovska

ДЕДОМРАЗОВЦИ, ЗАГРЕЈТЕ СЕ! Почна пријавувањето на традиционалната Дедомразовска трка

Tamara Ivanovska

ВО САД МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 175 ГОДИНИ ЗАТВОР! Асанж поднесе жалба на одлуката да го екстрадираат

Tamara Ivanovska

Закани кон Левица од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: “Затоа ќе јадат ќотек, не за џабе ќе му ја дупнеа главата!”

Tamara Ivanovska

ЛЕНИН БИЛ МИЛИОНЕР: Имам многу пари, и не се срамам дека сум богат, да не лажат дека сум имал само еден скап мотор, имам неколку скапи мотори плус и џипови имам

Sase Ivanovski

Изгореа мазда во Кисела Вода и мерцедес во Ченто

Tamara Ivanovska

Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека ќе ѝ сечат раце, нозе, се закануваа со деца – Големите партии станаа мафијашки структури!

Tamara Ivanovska

Никовски: Пругата кон Бугарија е големо промашување

Tamara Ivanovska

Левица го подбра Наумче: Вака ли се развива “европски” спорт како што ветуваше во кампањата за промена на името?

Tamara Ivanovska

Андоновски: Имаме сомнежи дека Ковачевски и Арсовска на тајните средби договарале бизнис набавки меѓу кои и набавка со бизнис партнерот од коалицијата на СДСМ

Tamara Ivanovska

Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Tamara Ivanovska

Средба Бесими – Агелер: РС Македонија одлучно чекори кон ЕУ, САД значаен партнер за реформите на тој пат

Tamara Ivanovska

ПЕНДАРОВСКИ: Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Tamara Ivanovska

Бесими и Шијаочин Ју потпишаа Договор за грант од ЕУ за кофинансирање на проектот на СБ за модернизација на земјоделството

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање, за само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЈОВАНОВСКИ: Се откажавме од тоа веднаш да се плати главниот долг од 60 милиони денари, бараме да ни пуштат само 5 милиони денари колку гориво да ставиме, средбата со секретарот на Град Скопје беше многу тензична, полна со емоции, буквално го молевме да ни пушти пари доведени сме до питачки стап

Sase Ivanovski

Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот

Tamara Ivanovska

85 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Tamara Ivanovska

ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта

Tamara Ivanovska

Бугарија ќе и достави мало и лесно оружје на Украина

Tamara Ivanovska

Холандската Влада донесе одлука да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

Едночасовен телефонски разговор Путин- Шолц : Рускиот претседател ја предупредил Германија

Tamara Ivanovska

Јовановски: Речиси 1,3 милиони евра е долгот кон приватните превозници

Tamara Ivanovska

Ајде да пошумуваме заедно – Акција за пошумување на опожарено подрачје во село Петралица, општина Ранковце

Sase Ivanovski

Асанж поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права против екстрадицијата во САД

Tamara Ivanovska

Ковачевски: Треба да продолжи дискусијата за прогресивното одданочување

Tamara Ivanovska

Директорката од Петровец:„На е-маилот се гледа до кои училишта е пратена пораката, зошто МВР не не контактираше?“

Tamara Ivanovska

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГОТВЕШЕ ОБРОЦИ СО ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

ЕУ ќе дозволи слободно користење мобилни телефони во авиони

Tamara Ivanovska

Блинкен: Заштитата на верските слободи низ светот е и заштита на националната безбедност на САД

Tamara Ivanovska

За Османи скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка

Tamara Ivanovska

Холандија со одлука за блокирање на Бугарија за прием во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ: Денеска заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер имавме многу продуктивна средба со Брајан Нелсон

Tamara Ivanovska

Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ.

Tamara Ivanovska

УСАИД одбележува 30 години партнерство со Северна Македонија

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: ПЕНОВ ГРЕШИ КОГА ВЕЛИ ДЕКА ОПШТИНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ ДАВАЧКИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАГЛАВАТ ВО ДОЛГОВИ

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) САШЕ ПОЛИТИКО РАСПАЛИ ПО СТОЈАНОВСКИ: ВИЕ ВМРОВЦИТЕ САКАТЕ ЕМ ДА ЈА ИМАТЕ ТОРТАТА ЕМ ДА ЈА ИЗЕДЕТЕ ТОРТАТА, ЕПА НЕ БИВА ТАА РАБОТА

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: УСПЕАВМЕ ДА ГИ НАДГЛАСАМЕ СДСМ И ДУИ И ДА ИЗГЛАСАМЕ АМАНДМАН ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА 15% НА ПЛАТИТЕ НА БУЏЕТАРИТЕ

Tamara Ivanovska

ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ПРИВЛЕКУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ, НУДАТ СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ, МУ ПОМАГААТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО: „Систина“ свртела 77 милиони евра за само една година, а „Жан Митрев“, 39 милиони евра

Sase Ivanovski

Српската влада го назначи прорускиот политичар Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

Попладнево протест против претворањето на улицата Васко Карангелески во Аеродром во булевар

Tamara Ivanovska

ФАБРИКА ЗА АКУМУЛАТОРИ ТАБ МАК ПРОБИШТИП ПРОСЛАВИ 10 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ, ДЕНЕСКА ОТВОРИЈА НОВА ХАЛА

Sase Ivanovski

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Tamara Ivanovska

Со доделување на наградата „Лифт 2022“, започна малиот новогодишен саем на „Темплум“

Tamara Ivanovska

Путин паднал по скали во неговата резиденција – дали навистина е болен?

Tamara Ivanovska

Ленин: Ако не се прифати предлогот во понеделник блокада на главните крстосници

Tamara Ivanovska

ПО ЧЕТИРИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК: Почна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Tamara Ivanovska

Пријавени околу 1.000 случаи на семејно насилство, жртви мажи над 100 случаи

Tamara Ivanovska

Во Германија запленети над 2.000 лажни часовници наменети за Македонија

Tamara Ivanovska

ОБЈАВЕНИ НАЈНОВИТЕ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БДП – раст од два отсто, градежништвото потфрли и слабо ја билдаше економијата

Tamara Ivanovska

Поради милионски долгови им се заканува исклучување на струјата на Клинички центар и Железница!

Tamara Ivanovska

САД со нов пакет санкции кон Северна Кореја

Tamara Ivanovska

ПОГЛЕД ОД ТРУДНИЧКИОТ СТОМАК Има работи кои на бебето баш и не му се допаѓаат

Tamara Ivanovska

КОЈ ЈА „ПРОШВЕРЦУВА“ МЕРМЕРНАТА БУБАЧКА ПРЕКУ ЈАБОЛКА? Русија забрани увоз од земјава, земјоделците загрижени, власта молчи

Tamara Ivanovska

Спасовски: Денеска ќе биде утврдено кој го возел „мерцедесот“ со флешери

Tamara Ivanovska

На 43 години ненадејно почина Виктор од ,,Амајлија бенд”

Tamara Ivanovska

Косово: Убиецот на бремената сопруга се самоуби во присуство на полицијата

Tamara Ivanovska

МВР го достави извештајот за случајот „Онишченко“ до Собранието, информира Спасовски

Tamara Ivanovska

ЗА 10% НАМАЛЕН БРОЈОТ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ВРТАТ ПРОТИВ ПУТИН ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАГИНАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Tamara Ivanovska

Жителите на Шуто Оризари:Заложници на приватните превозници на МАК ЕКСПРЕС!

Tamara Ivanovska

РУСИЈА ВО КРИЗА ПОРАДИ САНКЦИИТЕ, БАРА ОД ИНДИЈА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ЧИПОВИ, НО ИНДИЈА НЕ МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ ДОВОЛНО

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ МУ СЕ ЛУТАТ НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, СЕ ТРОШАТ ПАРИ ЗА ВОЈНАТА А ТИЕ МРЗНАТ И ГЛАДУВААТ

Tamara Ivanovska

БРЕГЗИТ КАТАСТРОФАЛЕН ВРЗ БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Tamara Ivanovska

Leave a Comment