.Општинскиот одбор со 19 гласови ЗА, 2 против и 1 воздржан одлучи да се обедини околу иницијативата за реформи во партијата и задржување на либералните вредности и принципи, а против пазарџиската политика на актуелното раководство.
Сметаме дека Конгресот на партијата е единствено надлежен орган кој има право да ги трасира правците на идно делување на партијата, а не поединци од раководството и од нив заробени органи кои поради лични интереси и нереализирани цели прават обид на сила да ја втурнува партијата во непринципиелни коалиции, спротивно на последните конгресни одлуки на партијата.Иницијативата веќе ја поддржаа 2/3 од општинските организации и ве известуваме дека во текот на денешниот ден ќе испратиме ново соопштение со најава за прес конференција која иницијаторите ќе ја одржат на 10 ноември, недела, во Скопје.