20.8 C
Скопје
28/09/2023 01:58
МАКТЕЛ

   

    

Интервју со професорот Денко Малески: Ако Скопје и Софија не најдат заедничко решение, ќе ни го наложат големите сили

    

Интервју за „Труд“ – Софија
Професоре Малески, како новинар и долгогодишен дописник од Скопје, сум ги читал тукуречи сите ваши текстови а многу од нив ги имам во мојата лична архива. Сега ќе користам некои цитати од нив.Да почнеме со: „Македонија свитка кичма и потпиша договор во кој стои дека имаме заедничка историја, бугарија свитка кичма под притисок на Западот и го крена ветото“.Дали послушноста кон големите сили ги дефинира нашите меѓусебни односи?До кога ќе ја тераме работата со фатализам дека без странска помош не можеме да се снајдеме?

   

Така ќе тераме додека не покажеме дека можеме самите да преминеме преку бедемите во нашите умови создадени од страв,омраза, нетолеранција и желба за супремација.Дотогаш ќе ни треба странска интервенција. Примерот е од нашите животи. Четврт век не успевавме да го решиме проблемот со Грција и немаше да го решиме уште кој знае колку да не се вкрстеше интересот на Америка визави руската опасност, со нашиот интерес за безбедност на малата држава преку членство во НАТО. На добар пат бевме да ја повториме истата децениска приказна со Бугарија. Како и со грчкиот случај, Бугарија ни наложи вето со услови за почеток на преговорите кои нашето општество не беше подготвено да ги прифати.

 

Имено, да направи компромис со самото постоење на македонска нација и држава преку сопствена дискредитација. И повторно, интересот на големите западни сили да се зајакне безбедносната димензија на ЕУ со проширување кон Украина, Молдова и Западен Балкан, доведе до „францускиот предлог“ кој им „купи време“ на двете страни. Бугарија беше притисната да го крене ветото а Северна Македонија да ги внесе Бугарите во уставот. Во моментов историјата е ставена во втор план и оставено е историските теми да се апсолвираат во текот на преговорите до полноправното членство на Македонија во ЕУ. Како ќе оди дебатата меѓу научниците не можам да предвидам, но решението е политичко.

   

     

Како и во случајот со Грција ќе биде непопуларно кај граѓаните на двете држави а, како што знаеме, политичарите во една демократија печалат гласови токму на популарност. Кај нас, дека немаме заедничка историја со Бугарија а кај вас дека ние и не сме „вистинска“ нација, а македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот. За воља на вистината, на оваа непопуларна тема македонските влади, последниве седум години, водат политика која не ја прифаќаат, некој пресметал, 8о проценти од Македонците. Партијата на македонските националисти се спрема тоа да го материјализира во гласови на изборите идната година.

Се прашувам, дали е на повидок влада во Бугарија која, со својот став кон македонското прашање, ќе може да ја поднесе истата непопуларност кај бугарските граѓани? Оти, да не заборавиме, како во случајот со Грција, водството е патот до политичко речение. Имено, и ден денес огромното мнозинство Грци и Македонци не го одобруваат Преспанскиот договор кој овозможи наше членство во НАТО. И грчката и македонската влада му се спротиставија на јавното мислење а тоа се оствари со директен ангажман на Америка или ако сакате под директен притисок на големата сила.

Инаку, ова со „виткање кичма“ е омилениот израз на македонските националисти кои сите меѓународни и домашни победи остварени со дипломатија и компромиси во овие триесет години независност, вклучително и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, ги прогласи за порази, за недостоинствено „виткање кичма“ на македонската нација.

Големото прашање кај нас во Бугарија е дали уставните промени ќе поминат кај вас со впишување на Бугарите.„Така што, наместо формулата македонскиот народ и делови од народи , да ги наброиме припадниците на нациите кои ја сочинуваат Македонија: Македонци, Албанци,Турци, и така по ред во зависност од нивната бројност, вклучувајќи ги и Бигарите“.Далие тоа ваша лична формула за излез од ситуацијата или е предлог кој може да им помогне на предлагачите на промените?

Тоа е мој личен поглед. Грдата формулација во преамбулата која гласи „Македонскиот народ и делови на Албанскиот народ… “ и така по ред делови од другите народи, остава впечаток на раскршен мозаик на народи кој посакав да го составам на начин на кој е запишано во Крушевскиот манифест и во Манифестот на АСНОМ.Тоа беше само предлог во јавната расправа на оваа тема кој не се прифати. Владеачките партии се одлучија за минималната промена со додавање на уште неколку народи заедно со Бугарскиот.

Бидејќи ја ценам вашата експертиза дали може да ми објасните како тоа ВМРО-ДПМНЕ од некогаш „пробугарска“ стаса до таму да биде против вклучувањето на Бугарите во уставот? Каква е оваа трансформација: личен каприц, партиски став или лажна неопходност?

Овој парадокс можам да го објаснам само со смената на луѓето кои ја водат партијата. Во една демократија никогаш не сте сосема сигурни кој ќе дојде на власт и што тој има во главата. Водството на Груевски, кое го смени претходното „пробугарско“ н а Георгиевски, ги положи, заедно со претседателот Иванов, темелите на македонскиот идентитет во античка Македонија, веројатно и во обид да ја одбегне „бугарската тема“. Дали има нешто повеќе од она што го гледаме денес, можеби ќе ни каже историјата.

Има една Ваша изрека која ја цитирам често:„сојузите се создаваат да ги штитат интересите на своите членки, а не на кандидатите за членство“.Колку само пати им ја кажвте на властите во Скопје.Зошто, според Вас, професоре Малески, тие решија преку Брисел и ЕУ да и диктираат политика на Софија во однос на Северна Македонија?Или се лажам дека е така?

Тоа дека сојузите се формираат да ги бранат интересите на своите членки а не на аспирантите за членство е лекција која ја научив уште во 1991 кога, како прв министер за надворешни работи се соочив со грчко-македонскиот спор околу името. Иако ниту една членка на ЕЗ а потоа и на ЕУ немаше никаков проблем со нашето име, тие не можеа да го растурат сојузот во одбрана на принципот дека секој народ има право да каже како се вика, како, впрочем, и секој човек.

Од нас се очекуваше компромис околу името доколку сакаме членство во евро-атлантските сојузи. Инаку, послабата држава секогаш се плаши дека во „еден на еден“ преговорите се ќе се претворат во диктат на посилната.Иако патот до НАТО водеше преку Атина а овој до ЕУ преку Софија надворешното посредништво , особено ако тоа го прави голема сила, може да ја омекне позицијата на посилната држава со сопствен притисок врз неа во прилог на решение.

Тогаш имено, не преговараат само две страни со свои интереси, туку во формулата се вметнува и интересот на третата страна, големата сила. Во бугарско-македонскиот спор, бргу се покажа дека за Западот е најважно да не се блокира процесот за пристапување на РС Македонија кон ЕУ, да почнат прерговорите за се да не се сведе на историските теми. Во отсуство на таков притисок бугарската држава би го задржала ветото до целосно исполнување на нејзините услови.

Вие сте врвен ителектуалец кој често не е разбран кај вас.Се извинувам, но, Вие лично имавте проблем со јавното мислење кога рековте дека нема ништо лошо да се признае дека нашите стари се чувствувале Бугари. Толку ли е тоа тешко да се каже? Толку ли е опасно за идентитетот?Нема ли веќе создадена критичка интелектуална маса спремна да помине преку тоа, еднас за секогаш?Или е вистинита вашата мисла „Отсуство на образована интелектуална елита, која би требало да знае подобро, е рамно на трагедија. Трагедија што може да не чини држава и нација“.

Загрижен дека може да ни се повтори грчкото сценарио, овој пат со вето од Бугарија, некаде пред четри години, напишав текст кој почива врз научните сознанија од светската литература, дека минатото ни било заедничко. Ниту јас ниту вие сме биле таму, па во право се оние кои велат дека ние сме книгите што ги читаме. За мене како Македонец а не како Бугарин, спомнувањето на заедничко минато беше повик за пријателство и соработка меѓу двата народи.

Беше кажано искрено и со најдобри намери. Но пренесени во светот на политиката зборовите добија сосема друго значење. Јавноста кај нас не беше подготвена за таков пресврт во односите со Бугарија: политиката на непријателство, па и на омраза, да биде заменета со спротивното. Нашиот национализам, кој зборува за автохтона македонска „милениумска“ линија во историјата која никогаш не се допрела со бугарската, смета дека самото спомнување на заедничка историја е рамно на предавство.

Всушност, тие два збора запишани во Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 се каменот на сопнување денес. Отсуството на историчари кои се во потрага по вистината а не се борци за националната кауза е новина на Балканот зашто е производ на еден отворен свет по Студената војна. Такви, историчари кои се во потрага по вистината ги има многу малку, дури помалку кај нас отколку кај вас.

Инаку, стравот за македонскиот идентитет произлегува и од нејасните намери на бугарската државна политика кон нас.Македонските националисти би ме поправиле и би рекле дека ставот на бугарската политика е да нема македонска нација и држава.Е, сега, замислете ситуација во која бугарските државни институции недвосмислено би и дале поддршка на младата македонска нација и, како и целиот свет, би го признале македонскиот јазик.

Тоа и не е така тешко зошто не се работи за научен дијалог меѓу лингвисти туку за политичка одлука. Во модерниот свет секој дијалект(како што е окарактеризиран нашиот јазик кај вас) може да се издигне на ниво на официјален јазик на едне држава и еден народ. Во тој момент, почитта кон јазикот значи и почит кон нацијата која го зборува тој јазик. Негацијата на јазикот значи негација и на нацијата која го зборува.

Замислете ја ситуацијата на признавање а не на негирање. Мислам дека во степенот во кој посилната страна ја признава и поддржува македонската нација, Македонците со поголемо спокојство ќе се отворат кон заедничкото минато. Но, за жал, ваква симетрија нема во политиката.Инаку цитатот за отсуство на образована елита се однесуваше на глобалните процеси во меѓународната политика, но подеднакво би можел да се употреби и за нашите меѓусебни односи.

„Најопшто речено, ставовите на граѓаните за надворешната политика се формираат под влијание на еден примитивен македонски национализам“.Што би значело тоа за односите кон соседите и кон Бугарија, се разбира?И како да се излечиме од оваа болест?
Долгорочно лекот е во отворање на сите балкански земји кон дострелите на светската наука.Тоа го овозможува членството во ЕУ. Но, улицата е двосмерна: ние ја осознаваме заедничката историја а вие давате поддршка на нашата нација и јазик. Таквиот пристап, а не обидот да се сврти назад тркалото на историјата води кон мир и пријателство.

Прашањето е како да до политички решенија сега. Секако не со погледите на нашите примитивни национализми. Инаку, ако самите не успееме да најдеме решија, ќе ни ги наложат од големите сили. Во ова време на руска агресија врз суверена држава во Европа, и почеток на нова студена војна во Азија меѓу Америка и Кина, на манифестациите на неединство во НАТО па и во ЕУ нема да се гледа благонаклоно, па не е исклучено решенија и да се наметнуваат.

И кај нас и кај вас ја има онаа поговорка: зошто ги ручаме жабите, зошто ги голтаме жабите?Тоа се однесува на случаи кога е нешто стори но е многу непријатно и незгодно. Што мислите професоре Малески, ќе дојде ли време кога и од двете страни на границата заеднички ќе речеме: Еј луѓе, зошто јадеме жаби толку време?„Новите генерации Македонци и Бугари треба да си подадат рака и да се исправат во пријателство, достоинство и заемна почит, заедно со другите нации на демократска Европа“.Тогаш ли? Што чекаме уште?

Што чекаме? Темелите на младата македонска држава и нација го издржаа налетот на етничките војни во Југославија наспроти проценкитена мнозина (особено на грчкиот министер Самарас) дека ќе не снема.Кога се повлече ЈНА од Македонија, ставот на српското раководство на Милошевиќ беше дека нема да можеме да се разбереме со Албанците и дека ќе ја изгубиме државата. Мојот колега во ОН, вашиот амбасадор во Њујорк Слави Пашовски еднаш ми рече: Границите меѓу Македонија и Бугарија ќе паднат не со оружје туку со зурли и тапани.Тоа сепак не се случи. Волшебниот збор, ако постои таков, е почит.

Бугарија треба да ја почитува Македонија, нејзината нација и јазик. Македонија треба да е горда на заедничкото минато зашто тоа била и наша, македонска, историја.Пред некое време ја прочитав сјајната книга Раните години од Симеон Радев, наш ресенчанец и ваш истакнат дипломат, кој, без сомнение, е заеднички. Да, новите генерации Македонци и Бугари треба да си подадат рака и да се исправат во пријателство, достоинство и заемна почит заедно со другите нации на демократска Европа. Зошто то тогаш чекаме?

Да е до либералните луѓе со Западно образование во двете земји би го оставриле веќе тоа. Проблемот е што преведено во гласови во демократскиот процес, нивното влијание е, да фречеме, некаде 5 проценти. Со 5 проценти не се прави влада. Значи, потребно е водство кое ќе оди против вољата на мнозинството за да излеземе од лавиринтите на историјата и да се обединиме околу вистината.Но, за тоа се потребни политичари визионери спремни да голтаат живи жаби.
Преземено од фокус.мк

    

Најново

Маричиќ: Целата држава е огромно градилиште за нова патната мрежа, во тек е година на инвестиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ЗА ВАГНЕР: 150 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ОТКАКО ИЉУШИН НЕ УСПЕА ДА ЗАКОЧИ НА ПИСТАТА ВО МАЛИ, АФРИКА

Sase Ivanovski

Европска конвенција на шефови на полиции: Република Северна Македонија успешно се справува со криумчарите на мигранти

Sase Ivanovski

Тренчевска: Продолжуваме со плодна соработка со Словенија во делот на безбедност и здравје при работа

Sase Ivanovski

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Sase Ivanovski

СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ Ахмети со поддршка до жените да продолжат да ги бараат правата кои ги заслужуваат

Sase Ivanovski

ЌЕ ПАДНЕ ЦЕНАТА И НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Бектеши за ТВ21 откри дека ќе се намалат царинските тарифи

Sase Ivanovski

ВИЛМА РУСКОВСКА ЌЕ ЛЕТА ОД ОБВИНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА? Советот за јавни обвинители расправа за три дисциплински постапки

Sase Ivanovski

Грковска: Судиите мора да ја чуваат својата независност

Sase Ivanovski

Индиското вселенско летало кое слета на Месечината престана да работи

Sase Ivanovski

Јовески е оптимист дека нема да застарат многу предмети по измените на Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Министерот Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд и очекува судот да постапува ажурно и за останатите прописи

Sase Ivanovski

Маричиќ од Штип: Северна Македонија е крстосница на дел од најважната европска патна инфраструкутра

Sase Ivanovski

БЕКИМ САЛИ: АМНЕСТИЈАТА ОПФАЌА И ПЕДОФИЛИ, ОВА НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО!

Sase Ivanovski

Речиси 30.000 луѓе досега избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија

Sase Ivanovski

Со измените функционер може да украде милијарда и да се спаси, а обичен граѓанин да лежи, вели Тортевски

Sase Ivanovski

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Ељшани за настаните во Бањска: Целта на косовската полиција не беше да ги убие напаѓачите, туку да ја ослободи територијата од криминалната група

Sase Ivanovski

Пендаровски: Руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметна потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Бектеши- Ако трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, кои се за домашниот пазар, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки

Sase Ivanovski

Азербејџан: Го уапсивме поранешниот водач на Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Во Македонија пронајден француски државјанин кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Sase Ivanovski

Амбасадор на САД во Косово: Нападот беше координиран, планот беше да се дестабилизира регионот

Sase Ivanovski

Езерската полиција во Охрид летово спасила десет лица

Sase Ivanovski

Млад велешанец го ризикуваше животот и се фрли во Вардар да спаси давеник

Sase Ivanovski

Николоски како известител од Мониторинг комисијата на ПС на Советот на Европа учествува во мисија за утврдување на фактите во Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski

Си-Ен-Ен: Русија гради нова железничка врска со окупираниот дел на Украина

Sase Ivanovski

САД ќе работат со своите партнери за воспоставување меѓународна набљудувачка мисија во Нагорно-Карабах

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли над 25 тони вода, локализиран пожарот во Илинден

Sase Ivanovski

Косово бара САД да го преземат водењето на дијалогот меѓу Косово и Србија

Sase Ivanovski

Бугарскиот парламент одобри испраќање непотребно оружје во Украина

Sase Ivanovski

Приведен скопјанец, баран со потерница за издржување на затворска казна

Sase Ivanovski

Вучиќ: Не е првпат Рама да не ја кажува вистинита, прогласивме Ден на жалост за сите убиени на Косово

Sase Ivanovski

Ако трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки, вели Бектеши

Sase Ivanovski

Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа број еден приоритет при креирањето на политики

Sase Ivanovski

Потврдена заложбата за понатамошно зајакнување на односите и продлабочување на воената соработка по завршувањето на дваесет и шестата конференција на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба

Sase Ivanovski

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 33 лица

Sase Ivanovski

Ковачевски: Стануваат на сабајле и викаат сега ќе го блокирам

Sase Ivanovski

Уставниот суд го поништи упатството за матични книги со кое се додаде графа националност во изводите

Sase Ivanovski

Малолетник со мопед удрил во 84-годишен скопјанец и тешко го повредил

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ СО ДЕМАНТ: НЕМАМЕ ДОГОВОР СО ЕУРОВИА

Sase Ivanovski

Преку услугата помош и нега  во домот поквалитетен квалитет на живот за над 50 стари лица во Струга 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Континуирано носиме мерки за заштита на стандардот на граѓаните, со „гарантирана цена“ и пониски маржи го спречуваме ценовниот шок и ја одржуваме економската стабилност

Sase Ivanovski

Дури 36 отсто од момчињата и три проценти од девојчињата на 15-годишна возраст имале сексуален однос

Sase Ivanovski

Маж во Словенија пукал од семејна куќа и отворил оган врз полицајците кои го опколиле

Sase Ivanovski

Министерството за економија го одбележа Светскиот ден на туризмот со признанија за туристичките комори, образовни институции и претставници од руралниот туризам

Sase Ivanovski

Спасовски ја посети Езерската полиција во Охрид: Спасени 10 лица ова лето, зголемена ефикасност по модернизацијата на пловниот парк, „Безбедно лето” носи резултати

Sase Ivanovski

Трособен стан од 85 m² во населба Трим и Лум близу езерото во #Струга – со подно греење, модерни плочки и паркет, убав поглед!

Sase Ivanovski

ТРИМ ЛУМ: Сакате стан во #Охрид? Сте сонувале да живеете близу езерото? А да имате близу и шума?

Sase Ivanovski

Ковачевски: Обезбедени средства за дијабетичари и за пациенти со церебрална парализа кои користат „трикафта“, набавките во тек

Sase Ivanovski

Стапката на тинејџерска бременост во Македонија речиси трипати повисока од просекот на ЕУ

Sase Ivanovski

МОН: Годинава се обезбедени и дистрибуирани 1,4 милиони учебници

Sase Ivanovski

На вработените од печатницата „Напредок“ со години им доцнат плати и здравствено осигурување

Sase Ivanovski

Пратениците на Левица се приклучуваат кон интерпелацијата на Јовески поднесена од албанската опозиција

Sase Ivanovski

Иран го обвини израелскиот премиер дека се заканува со напад со нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Обединетото Кралство иако не е веќе дел од Унијата ќе продолжи со поддршката на Македонија за членство во ЕУ, изјави британскиот специјален пратеник за трговија за Западен Балкан

Sase Ivanovski

„ИЛИАС“ БЕСНЕЕ ВО ГРЦИЈА Атина остана без струја, а училиштата денеска нема да работат

Sase Ivanovski

Обвинителството на Косово ослободи четворица од уапсените Срби во отсуство на докази

Sase Ivanovski

Забрана за работа на десничарски организации во Германија поради ширење нацистичка идеологија

Sase Ivanovski

ЕУ вели дека социјалната мрежа Икс најмногу „лаже“: На која најмногу и веруваат Македонците?

Sase Ivanovski

Ахмети: Прифаќам ривалство, но не и клевети, не сме ние виновни што 22 години сме победници

Sase Ivanovski

Мицкоски: Власта сака да ослободи криминалци затоа што тоа им го ветиле – ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија

Sase Ivanovski

Вработените во јавните обвинителства почнаа со штрајк, бараат зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците од 35 отсто

Sase Ivanovski

Мицкоски: Замрзнувањето на цените не го решава проблемот, водат погрешни економски политики што носат низок раст на БДП и затоа не можат да ги амортизираат ценовните шокови

Sase Ivanovski

АСОМ: Незаконска и дискриминирачка одлука на Владата за нови приредувачи на игри на среќа

Sase Ivanovski

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените кои беа убиени во Кочани и Куманово

Sase Ivanovski

ГАШИ: ПРЕДЛАГАМЕ СОБРАНИЕТО ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНА НА КОСОВО ВО БИТКАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТ

Sase Ivanovski

Бесими на Годишната конференција на Македонската берза – Нови инструменти за развој на пазарот на хартии од вредност – граѓанска и зелена обврзница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАЦАРСКА: ОПОЗИЦИЈАТА АКО САКАШЕ МОЖЕШЕ ДА ГИ БЛОКИРА ЗАКОНИТЕ ЗА ИЗМЕНА НА КЗК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАЦАРСКА: СУДИЈАТА ВО СЛУЧАЈОТ ЛАСКАРЦИ Е СРАМ ЗА ФЕЛАТА, СО МЕСЕЦИ МОЛИ ВЕШТАК ДА НАПРАВИ ВЕШТАЧЕЊЕ

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА 2025 СОБРА 1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ГАЛА ВЕЧЕРА ВО ЧИКАГО Македонската дијаспора го поддржува лидерството и македонските бизниси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ШЕФИЦАТА НА УСТАВЕН, КАЦАРСКА: ИЗМЕНИТЕ НА КЗК НЕМА ДА ВАЖАТ ЗА ТЕНК, ТРАНСПОРТЕР И ТРИСТА, ТАМУ ИМА ПРАВОСИЛНИ ПРЕСУДИ

Sase Ivanovski

Захарова смета дека Украина по барање на странски разузнавачки служби ја нападнала руската флота на Крим

Sase Ivanovski

Приштина тврди дека еден од убиените Срби бил телохранител на Вулин

Sase Ivanovski

14 наши сограѓани си имаат авиони: Со приватен лет на кафе во Дубровник, Охрид, Тиват….

Sase Ivanovski

Националната мрежа против насилство бара најстрога казна за убијците на жени

Sase Ivanovski

Пендаровски на конференцијата САД – Јадранската Повелба: Пролонгирањето на евроинтеграциите на сите западно балкански држави го разнишува кредибилитетот на ЕУ

Sase Ivanovski

Две лица раниле 31-годишен скопјанец во Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: БУГАРИЈА ПРЕТЕРУВА СО УЦЕНИТЕ, ПРАВАМ НАПОРИ ДА ГИ ВРАЗУМАМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРКОВИЌ: МИЦКОВСКИ САКАШЕ ДА ПРЕВЕНИРА ИДНА АКЦИЈА НА ГРУЕВСКИ, ПОВЕЌЕ СЕ РАБОТИ ЗА СТРАВОТ ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА

Sase Ivanovski
Вчитувам....