33.8 C
Скопје
16/06/2025 14:37
МАКТЕЛ

   

ИНЦИДЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ПОГРЕБОТ НА ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ: На владиката Партениј не му било дозволено да ја води погребната литургија а на монашкото братство од Бигорски не им било дозволено да влезат во Света Софија?!

      

Церемонијата на погребението на Владиката Тимотеј започна утрово во 9 часот во црквата „Света Софија“ со Заупокоена Света литургија со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви.

На Светата литургија присуствува и делегација од Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, како и голем број верници.Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, ќе бидат погребани денеска на пладне, во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.

   

По повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Општина Охрид денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, така што откажани се сите културно-забавни збиднувања на територијата на Општината. Но новинарот и уредник на Религија.мк пишува дека погребот поминал со скандал:

По 43 години архијереј, посветени на македонската црква, Владиката Тимотеј си замина на Оној Свет. Не знам како го замислувал својот испраќај, но најмалку од се би сакал да го види она што вчера се случуваше во Света Софија, катедралната црква на Охридската Архиепископија, од каде низ историјата биле испратени голем број архијереи на оваа црква. Таму Горе, на Оној Свет, неговиот Дух можеби и ќе осознае што сè се случуваше по неговата физичка смрт, ако воопшто и сака да дознае.

А, овде долу, во неговата световна црква, вчера се случи најголемиот срам, најголемата брука, најголемото непочитување што може да го добие еден покоен владика.

Епископот Партениј веројатно ќе остане запишан во историјата на православната црква како единствениот викарен епископ, на кого му беше забрането да служи на опелото на сопствениот владика. Му беше забрането со молитва и служба да се опрости за последен пат од човекот од кого го доби монашкиот потсртиг, од човекот кој му беше Татко во неговата духовна мисија.

И не само на Партениј, вчера во Света Софија и на живата Црква и беше забрането да го испрати својот Духовник на последниот пат, бидејќи токму монаштвото на Дебарско-кичевската епархија е живоста и на Епархијата и на Црквата. Храмовите, црквите и манастирите без монасите и монахињите се празно ехо на Божјиот глас. Но, вчера во Света Софија им беше забрането на сите монаси и архимандрити од Бигорската Обител да учествуваат во литургијата и опелото на нивниот владика. И да Вие вчера во Охрид не го погребавте само Тимотеј, Вие ја погребавте Црквата.

Тоа што, утре, задутре, некои ќе Ве убедуваат за некакви протоколи, за некакви одлуки, демек од практични причини било тоа, слободно да им ја плукнете в лице вистината, дека на Викарниот епископ на Тимотеј и на неговите монаси им беше забрането да служат опело и тоа од една едноставна причина … Да и се удоволи на една патолошки љубоморна суета. И нека ечи оваа вистина во Православниот свет, нека стаса и до најмалата монашка пештерска ќелија, таму некаде на крајот од светот. Затоа што за ваков грев нема никакво оправдание.

Не постои човечки разум, за христијански да не зборуваме, кој може вакво нешто да разбере. Љубопитен сум да знам што вчера им кажале на оние владиците од СПЦ и БПЦ, кои беа на опелото и литургијата во Охрид, кога ги прашале, а ги прашале, зошто викарниот епископ не служи? Служи викарниот епископ на Патријархот на СПЦ, а не служи викарниот епископ на покојникот.

Зарем некој сериозно мисли дека на овој начин, вчера го пониживте Партениј? Му се осветивте? Му се заканивте? Напротив, треба да бидете свесни дека само што од него направивте жив светец. Го издигнавте на пиедесталот од каде ниту едно оцрнување нема да го симне.

Зарем некој сериозно мисли дека, сега кога го нема Тимотеј, тој исти ќе се осмели да тргне, (а веќе тоа го прави, бидејќи тоа е пораката од вчера), а и со себе да ја повлече целата Црква во пресметка со Бигорски? На таквите кажете им дека Партениј има повеќе монаси и монахињи, од они што имаат верници во своите епархии. Зошто потребата за собласнување на верници и предизвикување нови и нови поделби?

Од оние 43 години како архијереј на МПЦ-ОА, јас владиката Тимотеј го познавав 25 години. Мојата и неговата професија беа испреплетен. За разлика од некои други владици, со кои имам, или сум имал, пријателски релации, со Тимотеј се разбиравме строго професионално. Тој беше човек кој знаеше да биде дрзок, знаеше да биде строг, знаеше да биде пис на јазик, но секогаш беше достапен, коректен, никогаш не правеше компромиси со своите ставови и принципи и не беше лош човек.

Имаше едни добри времиња кога меѓу новинарите имаше десетина кои месечно еднаш со часови дремевме пред Архиепископија, чекајќи ги синодските одлуки. Во тие денови, некогаш ќе добиевме чај, ако Тимотеј речеше: „Однесете им по еден чај да не смрзнат. а мрзнат за џабе …“, некогаш и глатко на телефон ќе одбрусеше: „Сиктер бре битанги едни …“ Не му замерувавме … затоа што секогаш ја кажуваше вистината, онолку колку што му дозволуваше границата. Секогаш креваше телефон на новирани, дури и за време на синодските седници. Имаше и такви моменти кога ќе му звоневме за тој да крене, надевајќи се да слушнеме што зборуваат… Убави времиња беа тоа… Сега се е поинаку.

Многу нешта од она што се случува, а што и допрва ќе се случува во МПЦ-ОА по неговата смрт, Тимотеј не ги заслужи. Можеби принципот за неправење компромиси со своите принципи и со Црквата, беше една од причините што на неговиот погреб не дојдоа политичките актери. Десните го сметаа за лев, левите не го чувствуваа за свој. А тој беше лик на Црквата и најтрагично е што токму од Црквата денес доаѓаат сите омаловажувања, и тоа смислени како по расипнички удбачки шаблон.

Кој и зошто во МПЦ-ОА дозволи Петар и Григориј да бидат комисија за попис и ревизија на епархиите со кој раководеше Тимотеј? Едниот за кого Тимотеј не гласаше ниту за избор за Митрополит, а воедно и човек за кој има епархиска црковна одлука за разрешување поради финансиски малверзации, и вториот со кого во Црквата сите овие години беа како „куче и маче“. Нема ли други владици во Синодот, па мораше овие двајца да ги чешлаат епархиите? Или одлуката е намерно така структурирана за да повторно предизвика конфликт во Австралија? Зарем некој сериозно мисли дека во Епархијата во Австралија со која раководеше Тимотеј, некој ќе му дозволи да Петре да прави попис и ревизија? Зошто потреба од отворање на стари конфликти?

Тимотеј замина, но неговото заминување отвори огромен предизвик за МПЦ-ОА. Тој жив можеше некои предизвици да ги бајпасира, бидејќи беше единствениот кој можеше да превенира конфликти меѓу владиците, иако од денешна дистанца изгледа како да тие конфликти само биле замрзнувани, за да сега по неговата смрт се вратат во живот.

Дебарско-кичевската епархија и Австралиско-сиднејската се две епархии во кои Синодот ќе треба да избере нови владици, без разлика што некој веќе толкува дека во Сиднеј немало што да се бира нов владика, бидејќи таа епархија била времена, и сега кога умеел Тимотеј, требало да се спои во една. Погодувате во која?

Но, поголем предизвик е епархијата во Охрид. Поради истите патолошко љубоморни суети, само два часа по смртта на Тимотеј почнаа калкулациите и амбициите кој да влезе во резиденцијата на Плаошник. Без разлика на тоа што Епархијата има викарен епископ, првата одлука за „чувар на епархискиот трон“, беше тоа да биде Архиепископот Стефан. Во ред, но тоа само навестува дека Синодот на МПЦ-ОА и тоа во полн состав и тоа токму поради суетите на еден човек од старт размислува дека Викарниот епископ не може да биде избран за Митрополит. Точно е дека на викарниот по дифолт не му следува местото, но логично е, христијански е да тој има право на избор. Но, не … Владиците на МПЦ-ОА, немајќи храброст да му се спротивстават на еден лик, предвреме одлучуваат да му се одземе правото воопшто и да се размислува за негов избор. Како да е човек со ограничена деловна способност.

Онаа повозрасна група архијереи може и да се разбере, некои од нив веројатни се и уценети, но што станува со онаа млада генерација владици, кои нели израснаа нив манастирите на МПЦ-ОА? Што е со нивната христијанска самосвест? Каде нивниот порив да се борат за иднината на црквата? Спиете ли мирно кога гледате и знаете што сè се случува пред Ваши очи? Сега е Партениј, ама утре ќе бидете Вие. Тоа што сега му се случува на Партениј, утре ќе му се случува на Климент, на Јаков, на Никола …

Архиепископот Стефан, кој за себе знае да каже дека со години се обидува да балансира меѓу различните струи во МПЦ-ОА, демек како помирител, имаше емотивен говор во Света Софија на испраќањето на Тимотеј. Но, Дедо Стефане, не се проблем зборовите … проблем се делата. Со зборови Црква не се води. Со дела и одлучност се води. И ова сега е преломен период за МПЦ-ОА. Од Вас зависи. Од Вашите дела зависи, на пример дали Света Софија ќе стане Ставропигија на Архиепископија, нешто на што Тимотеј остро се противеше, или ќе остане храм на епархијата. Тоа секако е првата одлука. Сите одлуки потоа ќе зависат од нејзе.

Крстосницата има два правца. Едниот во кој Вие сте поглаварот кој ќе остане запишан во историјата на Црквата.

На вториот пат најдобро е да ја симнете Белата Пана и да му ја дадете на Петар. Барем ќе знаеме и кој ја води црквата и каде ја води црквата и зошто ја води црквата.

Народот секогаш вели. Како правите, така ќе ни прават.

И да, не мачете се да обвинувате други беспотребно. Ако врз вашите одлуки во Синод, некој може да влијае, врз моите текстови не може никој.

Марјан Николовски, преземено од Религија.мк

   

Најново

Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

Sase Ivanovski

Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ за првпат во Скопје, во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХАОС ВО ИРАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА Жителите масовно го напуштаат Техеран по израелските напади

Sase Ivanovski

Од ЗОО Скопје потврдија дека е угината мајмунка, но демантираат дека била бремена

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: Изготвивме нов Царински закон

Sase Ivanovski

Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7

Sase Ivanovski

СЕ УРНАА ДВА БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА Едно лице загина, а десетина се повредени во страшната несреќа

Sase Ivanovski

ВОЗАЧ СО 2,57 ПРОМИЛИ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Приведен скопјанец во Аеродром, ќе одговара кривично

Sase Ivanovski

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

Sase Ivanovski

Трипуновски до граѓаните: Бидете горди амбасадори на македонските земјоделски производи, така инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ: Заедно кон целта

Sase Ivanovski

ОД ОБИЧНИ МОМЧИЊА ДО ВЕЧНИ ХЕРОИ Одбележана 82-годишнина од стрелањето на 12 младинци од Ваташа

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Две години без Крешник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Град Скопје го предводи регионот со проектот за пречистителна станица за отпадни води, иако започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот

Sase Ivanovski

Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот

Sase Ivanovski

(Видео) Герасимовски нуди конкретни решенија за поквалитетен живот на дебармаалци

Sase Ivanovski

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во државата, тоа се должи на професионалноста и неселективноста во примена на законските процеси

Sase Ivanovski

ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД И ОКОЛИНАТА Засега нема информации за евентуални штети

Sase Ivanovski

Зошто нема видеа од напади врз израелски воени објекти: ИДФ забрани објавување на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Во Штипско пронајдени коски налик на човечки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аеродромот во Тел Авив во пламен, жестоки удари низ целата земја

Sase Ivanovski

Трамп очајно сака да избегне војна со Иран, но дали навистина може?

Sase Ivanovski

Инженери на Северна Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата 

Sase Ivanovski

Трамп пристигна на Самитот на Г7 во Канада

Sase Ivanovski

Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега

Sase Ivanovski

ПРВА СРЕДБА НА ГУВЕРНЕРОТ СО БАНКАРИТЕ Славески бил информиран и за подготвеноста на банките за пристапување во СЕПА

Sase Ivanovski

УАПСЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПУКАЊЕТО ВО МИНЕСОТА Уби конгресменка и рани сенатор

Sase Ivanovski

Капацитет за апсорбирање омраза

Sase Ivanovski

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе ја платат цената

Sase Ivanovski

Нова нафтена криза на повидок? AДАК ги советува Германците да ги наполнат резервоарите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата Дебарца наскоро со нов лик за побезбедно движење

Sase Ivanovski

Трамп нареди проширување на мерките за притворање и депортација на мигранти низ САД

Sase Ivanovski

Руската амбасада ги евакуира Русите од Иран по копнен пат

Sase Ivanovski

Земјотрес во Македонија, регистриран предмалку во западниот регион

Sase Ivanovski

Шестмина возачи уапсени за безобѕирно возење викендов низ Македонија!

Sase Ivanovski

(Видео) ПСЖ лесно против Атлетико Мадрид на стартот клупскиот Мундијал

Sase Ivanovski

Алиу: Дисперзија на онколошки услуги и дигитализација – приоритети во здравството

Sase Ivanovski

Црни луѓе

Sase Ivanovski

„ПУТИН МИ СЕ ЈАВИ, СПРЕМЕН Е, ДОЛГО РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ТОА“ Трамп е отворен за идејата рускиот претседател да ги смири Израел и Иран

Sase Ivanovski

Правна дилема: Дали Османи и Димитров имале овластување да потпишуваат протоколи со Бугарија во врска со Францускиот предлог?

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град, вели метеорологот Славчо Попоски. Тој вели дека што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. „Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, напиша тој.

Sase Ivanovski

ПРИЛИВ НА ПОЛАДЕН ВОЗДЗУХ ОД СЕВЕР: Промена на времето од денес

Sase Ivanovski

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski
Вчитувам....