„Извештајот е лажен”, соопшти агенцијата Тасним. „Вратите на куќата на починатиот основач на големата револуција се отворени за јавноста”, се додава оттаму. Хомеини почина во 1989 година. Неговиот наследник, ајатолахот Али Хамнеи, е под силен притисок од националните протести кои повикуваат на негова смрт, а беа поттикнати од смртта на младата Махса Амини, на 16 септември, во притворот на иранската морална полиција.