29.8 C
Скопје
12/06/2025 17:17
МАКТЕЛ

   

Истражување во фокус: детектирање на политички говори фалсификувани низ текст, аудио и видео

      

Резултатите покажаа дека прецизноста на препознавањето на фабрикувани материјали се зголемува кога има пристап до дополнителни информации од медиумите или други комуникации на оној што го држи говорот. Што повеќе информации, тоа подобро се препознава модификувана содржина, пишува Вистиномер  Различните фактори што влијаат врз препознавањето на разликите меѓу фабрикувани и вистински политички говори во различни медиумски формати се предмет на новообјавено научно истражување.

Резултатите покажаа дека прецизноста на препознавањето на фабрикувани материјали се зголемува кога има пристап до дополнителни информации од медиумите или други комуникации на оној што го држи говорот. Што повеќе информации, тоа подобро се препознава модификувана содржина.

   

Но, од друга страна, истражувањето покажува дека потешко се препознаат фабрикуваните видеа, чиј глас е генериран од софистицирана и хипер-реалистична text-to-speech алатка наспроти видеата со гласовни актери. Сознанијата од вакви истражувања се истражувањето се критични во борбата против дезинформациите, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост:  Минатата недела во престижното научно списание Nature Communications беше објавено ново истражување каде, во неколку експериемтни, беа разгледувани различните фактори што влијаат врз препознавање на разликите меѓу фабрикувани и вистински политички говори во различни медиумски формати. Конкретно, Метју Грох и неговите соработници ги истражуваа разликите во распознавање на автентичноста на политички говори создадени со помош на дипфејк технологија во три различни формати – аудио, видео и текстуални.

Двете главни истражувачки прашања што ги интересираше авторите се:

1. Колку добро луѓето можат да разликуваат вистински и лажни видеа од говори на познати политичари?

2. Како луѓето ја вреднуваат содржината (што е кажано) со аудио-визуелните знаци (како нешто се кажува) во оценувањето на дали содржината е вистинита или лажна?

За почеток, авторите одбраа вистински видеа од јавни говори од моменталниот претседател на САД, Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. Понатаму, тие ги рекреираа овие видеа со најсовремена визуелна и аудио дипфејк технологија, како и со помош на гласовни актери. Овие видеа ја формираат основата за ескпериментите. Во првиот експеримент, централното прашање е дали типот на медиум (или медиумки модалитет) влијае врз способноста на учесниците да препознаат дали политичкиот говор е вистински и фабрикуван.

На учесниците им биле прикажани 32 политички говори — половина реални и половина фабрикувани — од двајцата претседатели. А, по случаен избор им се прикажани 7 можни пермутации на текст, аудио и видео од политичкиот говор: транскрипт, аудио клип, видео без звук, аудио со титлови, видео без звук со титлови, видео со аудио, и видео со аудио и титлови. Како што може да се види од сликата, прецизноста на учесниците се зголемува кога имаат пристап до дополнителни комуникациски, односно медиумски информации.

Конкретно, најмалку прецизни беа учесниците кога читаа само транскрипти (со 57 отсто точност — малку попрецизно од фрлање на паричка), проследено со видеа без аудио и титлови (64 отсто ​​точност), видеа со титлови и без аудио (69 отсто). Најпрецизни беа при слушање на аудио со и без титлови (81 отсто), како и со гледање на видео со аудио и титлови (85 отсто) и видео со аудио, но без титлови (86 отсто). Во вториот експеримент, на учесниците им беа прикажани 4 вистински видеа, 4 видеа чии глас е изменет со text-to-speech (текст прочитан од компјутер) дипфејк технологија, и 4 видеа чие аудио е од врвен гласовен актер.

Резултатите покажаа дека отсуствува статистички значајна разлика во прецизноста на учесниците при идентификување на вистинските видеа како вистински, и фејк видеата со гласовни актери како фабрикувани. Односно, учесниците може да препознаат кое видео е вистинско, а кое фабрикувано. Од друга страна, на учесниците им беше потешко да ги препознаат фабрикуваните видеа чии глас е генериран од софистицирана и хипер-реалистична text-to-speech дипфејк алатка, отколку видеата со гласовни актери.

Со други зборови, без разлика колку и да е убедливо видеото со гласовниот актер, она во кое се користи дипфејк технологија е далеку потешко да се препознае како фабрикувано. Подолу се прикажани две видеа што истражувачите ги користеа во своето истражување. И двете видеа се фабрикувани — првото е направено со text-to-speech дипфејк технологија, второто со познат гласовен актер: Коментирајќи ги податоците, главниот истражувач Грох пишува на Х (поранешен Твитер): „овој [експеримент] ја открива моќта (и проблемите) на звукот од text-to-speech дипфејк да генерира аудио што звучи повеќе слично на вистинската личност отколку дури и светски познатиот гласовен изведувач.“

Менувајќи ги експерименталните ситуации, во следните експерименти истражувачите наоѓаат слични податоци, т.е. дека со зголемување на визуелните и аудитивните информации, се зголемува способноста на луѓето да разликуваат автентични од фабрикувани политички говори. Поточно, Грох и соработниците покажуваат дека учесниците се значително попрецизни во разлување меѓу автентичните и фабрикуваните политички видеа отколку транскриптите (говорите во текстуална форма).

Политичката опасност од фабрикувани видеа можеби нема да биде од просечното дифејк видео, туку од добро изработено, иполирано и крајно убедливо видео. На пример, хипер-реалистичните дифејк видеа како оние од Том Круз на ТикТок (@deeptomcruise) се произведени од артисти по визуелни ефекти кои користат алгоритми за вештачка интелигенција (ВИ) и традиционален софтвер за уредување на видеа, како и високо обучени актери слични на познатиот глумец, пишуваат Грох и соработниците во истражувањето.

Дипфејк видеа во македонскиот контекст

Откако започна пролиферацијата на дипфејк содржини генерирани со помош на вештачка интелигенција (ВИ), имаше не така мал број инциденти каде што малициозни актери ја злоупотребија оваа технологија. Пример за ова е кога банкарски агент бил измамен и платил 25 милиони долари откако измамници со помош на дипфејк технологијата се претставиле како финансиски директор во видео-конференција. Други примери се секојдневните слични скемови чиишто централен процес се темели оваа технологија.

Не може ни да се изостават и политичките измамнички видеа, за кои дури и американскиот Пентагон алармира. Но, типот на инциденти не беше само во насока на измами. Се појавија еден куп други фабрикувани видеа и слики од политичари чијашто цел не е изнудување или крадење на пари, туку влијаење на пошироката публика и јавното мислење и подршка.Ваквата содржина неретко стигнува и на македонските социјални мрежи. Вистиномер има рецензирано манипулирани слики Емануел Макрон, Камала Харис, повеќе манипулирани видеа од, повторно, Макрон и Володоми Зеленски, дневни вести на Франс 24 и слично.

Како што што може да забележи, скоро сите објави чијашто содржина е фабрикувана со дипфејк и ВИ технологија, што Вистиномер ги има рецензирано, се однесуваат на лица од САД или западните земји. Кај нас, до објавата на овој напис, се немаат појавено волку софистицирани видеа или скемови со лица од домашната политичка сцена. Скоро сите се преземени од странство и се за странски политичари или јавни лица.Една од причините зошто е тоа така е бидејќи технологијата базирана на ВИ бара огромен корпус на материјали на кои може да се тренираат моделите коишто потоа ќе ги генерираат или модификуваат ваквите содржини.

Покрај материјалите, исто така, потребен е и пристап до самите алатки и знаење како истите да се искористат за да се направат овие видеа. И прашање е колку тоа би се исплатело, имајќи превид колку време и ресурси се потребни за креирање на фабрикуваните содржини. Затоа, може да се каже дека иако сознанијата од истражувањето се критични во борбата против дезинформациите и повеќе ги се однесува на западните политичари и јавни лица, заканата по македонската политичка сцена сè уште е мала.

Барем засега. Без разлика, тоа што во моментов не се домашните јавни лица и политичари не се мета на дипфејк содржина не значи дека никогаш нема тоа да се случи. Затоа, потребна е широка едукација за да се крене свеста за можностите и границите на оваа технологија.

Напишано од Матеј Тројачанец, МЕТА.МК

   

Најново

Насилник од Тетово му се заканувал на наставник и кршел во училиште

Sase Ivanovski

Македонија ja доби Молдавија и дојде на чекор од Втората дивизија во Дејвис купот

Sase Ivanovski

Полицијата е недостапна на 192

Sase Ivanovski

Полицаец од Зелениково ќе одговара, пијан дивеел низ Кисела Вода

Sase Ivanovski

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј на изборот за митрополит

Sase Ivanovski

Ако има каква било иницијатива за средба Давкова-Жељазков во Хаг, таа треба да се прифати, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Над 20 пожарникари со седум возила го гаснат пожарот во Вардариште

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Американец пронајден мртов во Претор

Sase Ivanovski

Зголемен бројот на странски туристи, најбројни се од Турција и Германија

Sase Ivanovski

Комплексот „Македонско село“ од 23 јуни ќе биде отворен за посетители

Sase Ivanovski

Политичката блокада во Косово продолжува – решение се избори?

Sase Ivanovski

Со новиот закон ќе се намали бројот на казина, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Македонија од САД ќе прифаќа само депортирани македонски државјани

Sase Ivanovski

МВР ѝ ја одзеде лиценцата на „Рубикон“, агенцијата за обезбедување на Нацев од ВМРО-ДПМНЕ што го чуваше „Пулс“

Sase Ivanovski

Мицевски: Во Собранието се прави политиканство на болна тема, СДС, Левица и ДУИ бараа Кочани да биде прва точка, а гласаа против дневниот ред

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

Црногорското собрание одлучи да испрати припадници на војската на Црна Гора во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Sase Ivanovski

Пожар во Вардариште остави без струја 47.000 корисници од Аеродром и Гази Баба

Sase Ivanovski

Гатузо по заминувањето од Хајдук може да стане селектор на Италија?!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Денес сме во населба Пролет каде ја изградивме најубавата градинка во Македонија

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година

Sase Ivanovski

Голем пожар во куќа во скопско Соње! Итна евакуација имало на семејството кое живеело во куќата

Sase Ivanovski

Двете Кореи ги демонтираат пропагандните звучници на границата

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИЈА ГЛАСИНИ ДЕКА ЕРДОГАН Е БОЛЕН: Турските власти експресно се јавија со одговор

Sase Ivanovski

Синодско искушение: Георгиј има шанса да докаже дека е достоен

Sase Ivanovski

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

Sase Ivanovski

Нова драма во Австрија: 12- годишно момче направило листа за отстрел на своите соученици

Sase Ivanovski

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

Sase Ivanovski

Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене

Sase Ivanovski

Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите

Sase Ivanovski

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Sase Ivanovski

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Sase Ivanovski

По апсењето и Тошковски го санкционира сопартиецот Нацев. Му ја одзема лиценцата на Рубикон

Sase Ivanovski

КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор

Sase Ivanovski

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Sase Ivanovski

Aкција на БЈБ, извршени претреси во Велес – запленети кокаин, пари и мобилни телефони

Sase Ivanovski

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Деветнаесетгодишно момче уапсено во Полска поради планирање терористички напад

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski
Вчитувам....