“Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забавата во Младеновац и оттогаш ја нема. И се јавив, ми крена некој, слушнав врева во автобусот, ама нејзе не ја чув. Не знам што се случува! Што ако моето дете е киднапирано?“, изјави таа за Телеграф.
Според информациите, таа се качила во автобус на автобуската станица кај Зелени венац.
– Само кажа дека заспала во автобусот и оттогаш и се губи секаква трага. На нејзиниот телефон се јавува непознато машко лице. Не знаеме дали се работи за киднапирање или за кражба – се наведува во пост на Инстаграм.
Сара е висока 165 см, има кафена коса и очи, а има тенка градба. Како што наведуваат српските медиуми таа била облечена во црно и носела црн ранец.