35-годишната Симона Стојкова од Скопје исчезнала вчера попладне, а нејзиното семејство бара помош од сите кои имаат некаква информација за неа. Според објавата на платформата „Најди ме“, жената вчера, на денот на исчезнувањето, се јавила со врескање по телефон.
„Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и криви со едната нога која и е 7 цм пократка. Се јавила со врискање на денот на исчезнувањето“, пишува во објавата на платформата, која се споделува и на социјалните мрежи.