Има сомненија дека Мемети заедно со судијата Наке Гeоргиев имал влијание, злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители, во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Стојчев.
Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Наке Георгиев вчера беше приведен, откако бил фатен со мито од 10.000 евра обележани пари. Според информациите, сомнежот е дека судијата Георгиев ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен, овој пат за шверц на марихуана.До доцна во ноќта, група истражители вршеле претрес во Врховниот суд, во канцеларијата на осомничениот врховен судија Наќе Георгиев