И пред и по средбата со Макрон: (Владата на) Мицкоски знае дека со уставните дополнувања се продолжуваат преговорите
Исто како што тоа беше условот и за Владата на Ковачевски.
И за следната Влада, доколку политичките лидери уште сега не се помират со фактот дека колку и да ги избегнуваат – решенијата за граѓанската рамноправност се гаранција на македонскиот народ кон сите и на сите кон македонскиот народ. И низ Преговарачка рамка за полноправно членство во ЕУ.
Откако ни се потврди и скепсата за средба Мицкоски – Радев под покровителство на Орбан, се надевам дека на следните сугестии ќе се посвети повеќе внимание.
Не затоа што сме “неопходни”, туку затоа што сме добронамерни и – засегнати, како припадници на македонскиот народ и како граѓани на Северна Македонија – надвор од ЕУ.
Пораките од Макрон се јасни за оној што сака да ги види: поддршката останува, затоа што концептот и решението во “францускиот предлог” се пакетот отстапки што ја сменија основата на 80-годишниот пристап на Бугарија кон македонскиот народ – на различност дефинирана токму низ Уставот на Северна Македонија.
Затоа беше нереално очекувањето дека Радев би се сретнал со Мицкоски за да му ја оправда предизборната кампања и актуелната владина политика.
Сега е време да се каже: Со “средбата на маргините” за повторена поддршка за преговорите согласно утврдената рамка, Макрон јасно порача дека “фиромизација на преговарачката рамка”, оваа нова “двојна формула” на скопската медиа-партиска елита – е предвидливо себеоддалечување на Скопје од Брисел.
Оттука, форматот на средбата и појаснувањето низ соопштение од Елисејската Палата е средство на Париз да се знае што е зборувано, за да нема мешетарски толкувања во Скопје.
Горчината на “јавноста” во Скопје концентрирана во потегот “Водно” – “Дебар маало” – “Илинденска” веќе покажува дека и тие ја примиле пораката.
Сега е прашање кој ќе остане доследен на националниот интерес за членство во ЕУ: Мицкоски – менувајќи ја својата политика и реторика или опозицијата – останувајќи доследна на својата интегративна политика?
Реплицирањето на играта Црвенковски – Груевски по Букурешт 2008 и ускокнување на ДУИ во форматирањето предвремени избори е сепак препредвидливо. И некорисно. – Ивон Величковски.
Најново
Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ за првпат во Скопје, во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13
Трипуновски до граѓаните: Бидете горди амбасадори на македонските земјоделски производи, така инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини
Лишени од слобода три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената
(ВИДЕО) Град Скопје го предводи регионот со проектот за пречистителна станица за отпадни води, иако започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во државата, тоа се должи на професионалноста и неселективноста во примена на законските процеси
Инженери на Северна Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
ПРВА СРЕДБА НА ГУВЕРНЕРОТ СО БАНКАРИТЕ Славески бил информиран и за подготвеноста на банките за пристапување во СЕПА
„ПУТИН МИ СЕ ЈАВИ, СПРЕМЕН Е, ДОЛГО РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ТОА“ Трамп е отворен за идејата рускиот претседател да ги смири Израел и Иран
Правна дилема: Дали Османи и Димитров имале овластување да потпишуваат протоколи со Бугарија во врска со Францускиот предлог?
НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули
Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град, вели метеорологот Славчо Попоски. Тој вели дека што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. „Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, напиша тој.
БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки
406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари
За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката
НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК
ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА
(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел
ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа
Вчитувам....