Марко на протестот во Белград дојде со патерици и скинати лигаменти за да им даде поддршка на студентите- објави Н1.
„Од Ниш одеа луѓе… Дојдов да ги поддржам студентите. Тие го прават ова за нас. Навистина благодарам на сите луѓе. Тешко ми е на патерици затоа што се потпирам на левата нога, навистина ме боли, но се ќе помине“, рече Марко кој на протестот дојде повреден.
Во Белград во тек е протестот 15 за 15, а улиците се речиси непроодни. Главната програма и говорите на студентите се одржуваат во Славија.