Градоначалникот Митко Јанчев заедно со директорот на Центарот за развој на Вардарски плански реон, Сашо Мошев и Општините Росоман, Демир Капија и Неготино одржаа информативен состанок за агрометеоролошки станици за смарт земјоделство.
Од страна на метеорологот Глигор Тодоров беше претставена програмата за паметно земјоделство, чија крајна цел е зголемување на приносот на земјоделските култури и квалитетот на производите.
Во следниот период ќе следат презентации за сите заинтересирани земјоделци.
Линк до видео од пресот за настанот, овде.