Пред некој ден го гледав настапот на Димитар Апасиев на утрински брифинг во Слободен Печат. Човекот има неверојатна харизма, страст и енергија. Штета што е тотален лудак и нема два грама мозок во тоа лејката, ќе го враќал Тито, Кина ќе го сјебела светот, западот бил на смртна постела, дрн дрн јариња… Но плени неговата начитаност, речитост, страст за тоа што го верува, иако се тоа еден куп тешки глупости, човекот не знае кај тера идеолошки, промовира некаков национал социјализам, македонски фашизам малте не?!
Тоа ме натера да се замислам, каде е бе нашиот Димитар Апасиев? Некој речит харизматичен либерал хуманист кој ќе плени со космополитизам либерализам прозападни демократски капиталистички идеи и харизма?! Да не крене малце од оваа кал балканска, да не поведе кон светла иднина, да не очара, да не инспирира, да не поведе кон успехот кон светиот грал?! Заев беше најблиску до тоа што сме го имале во поново време, порано тоа беше Киро Глигоров, ни треба нов таков лик, само таков македонски ИСУС може да се бори со ВМРО ДПМНЕ и со ДУИ инаку ќе западнеме во национализам и десничарење и очите ќе си ги ископаме. Да се надеваме дека СДСМ ќе најде таков нов лидер.
п.с Иако некои политики на ВМРО ДПМНЕ мене ми се допаѓаат пред се нивниот прокапитализам и пробизнис ориентација и семејните вредности што за мене не значи дека мора да се хејта ЛГБТ заедницата, тоа е тој УК пристап на семејни вредности, но се плашам дека цената за тоа ќе биде големи меѓуетнички тензии, меѓународна изолација и можеби и нагризување на демократијата, но ајде да почекаме па да видиме.