Професорката Мирајана Најчевска останува да биде отворен критичар на непочитувањето на законите и процедурите. Таа овој пат се осврна на изборните процедури и укажа дека токму телото кое треба да се грижи за достојно спроведување на изборните циклуси, не ги почитувало одредбите од законите.
– ДИК повторно го прекрши Изборниот законик.
Според членот 31:
таа “ги потврдува и објавува листите на кандидати за избор на претседател и за избор на пратеници и со ждрепка го утврдува нивниот редослед.
Со тоа што редоследот на партиите не е направен со ждрепка е прекршен законот.
Какви избори може да очекуваме кога комисијата која ги спроведува е најголем прекршител на истите?И каква власт може да очекуваме кога 7 партии учествуваат во тоа прекршување без око да им трепне? Доколку навистина сакате да почнеме да градиме држава во која владее правото не треба да гласате за ниту една од овие партии и за ниту една партија која има свој претставник во ДИК – напиша Најчевска на Фејсбук.