ВМРОВСКИ портали заедно со Тодор Петров од СМК и Александар Пандов кој го води т.н патриотски институт во ВМРО ДПМНЕ спремаат насилства пред црквата Свети Спас на 4-ти февруари – роденденот на Гоце Делчев на кој се најави голема група од Бугарија која ќе го посети гробот на Гоце Делчев. Со денови вмровски портали оркестрирани од центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ ја креваат тензијата, истото го прават и вмровски ботови на социјални мрежи, очигледно е се организира ново Смиљковско Езеро, нов 27-ми април, при што жртви ќе бидат Бугари со цел да се стави ново вето на Северна Македонија и да се креира хаос во очи на влегувањето на Алијанса во владата и се погласните најави дека владата има обезбедено 80 гласови во парламентот за внесување на Бугарите во уставот со што ќе почнеме ново поглавје од преговорите со ЕУ, нешто што ВМРО ДМНЕ не сака да го дозволи по цена крв да падне?!
Предиграта веќе се одигра во Охрид со претепувањето на активист на УМС од страна на друг активист на УМС?!?! Исто така се креираше инцидент и со огромно знаме со сонцето од Вергина настан што беше масовно бустан по порталите и социјалните мрежи, очигледно е дека се крева тензијата, ВМРО ДПМНЕ пак ќе лее крв во земјата, тоа се случува секогаш која се политички очајни или во страв дека ќе паѓаат од власт или во страв дека им се руши планот за враќање на власт како сега. Ова само покажува колку се психопати првенците во ВМРО ДПМНЕ колку се недостојни држава да водат па и големи партии да водат, најголеми душмани се на овој народ и оваа држава!