Сите знаеме дека високите потпетици не се препорачуваат поради болки во стапалата, колената и грбот, но што е со срцето?
Високите потпетици се многу елегантни, но можат негативно да се одразат на здравјето. Долготрајното носење може да доведе до болки во стапалата, колената и грбот и го зголемува ризикот од проблеми како што се деформитетите. Сепак, високите потпетици имаат една предност за срцето.
– Носењето штикли ги зајакнува тетивите и мускулите на долните екстремитети, односно на нозете. Ова го зајакнува целиот венски систем, го олеснува протокот на крв во срцето и со тоа го намалува отокот на нозете – вели кардиологот д-р Тамара Урошевиќ на својот Инстаграм профил.
Сепак, треба да се внимава да не се претерува со висината на петицата, и таа треба да биде умерена.
– Ако штиклите се превисоки, имаме негативен ефект, а тоа е создавање на проширени вени – предупредува докторот.
Да додадеме дека и високите потпетици ја менуваат положбата на телото, создавајќи дополнително оптоварување на зглобовите и ‘рбетот . Затоа, се препорачува умерено носење штикли, со средна висина, како и редовно менување на чевлите за да се намали ризикот од овие проблеми.