Рокенролот, жанр што ја револуционизираше популарната музика, се појави во средината на 20 век и брзо стана дефинирачка сила во мејнстрим културата. Нејзината трансформација од локален феномен во глобален жанр стана привлечна приказна за културната еволуција, технолошкиот напредок и општествените промени. Рокенролот потекнува од САД во доцните 40-ти и раните 50-ти на 20 век, црпејќи од мешавина на ритам и блуз (R&B), кантри, џез и госпел музика.
Пионерските уметници како Чак Бери, Литл Ричард и Фетс Домино одиграа клучна улога во обликувањето на звукот и стилот на рокенролот. Во 60-тите рокенролот еволуираше во различни поджанрови, одразувајќи ги и влијаејќи на пошироките културни промени во тоа време. Британската инвазија, предводена од бендови како „Битлси“ и „Ролинг стоунс“, воведе нов бран рок-музика пред светската публика. „Битлси“, особено, го револуционизираа жанрот со нивните иновативни техники за пишување песни и студио, поставувајќи нови стандарди за тоа каква би можела да биде рок-музиката.
Оваа ера, исто така, го означи почетокот на интеграцијата на рокот во ткивото на популарната култура. Музичките фестивали како Вудсток станаа симболи на контракултурните идеали на една генерација, а рок-музиката стана синоним за бунт на младите и најава на големи општествени промени.
Поврзаноста на жанрот со растечкото движење на контракултурата и неговата улога во артикулирањето на социјалните прашања, дополнително го зацврстија неговиот мејнстрим статус. Патувањето на рокенролот од неговите корени во ритамот и блузот до неговиот статус како глобален мејнстрим феномен стана доказ за неговиот иновативен дух и културна резонанца.
Преку комбинација на револуционерни уметници, технолошки напредок и културни промени, рокенролот издлаби трајно место во аналите на музичката историја и општество. Неговата еволуција ги одразуваше и ги одразува пошироките општествени промени и продолжува значително да влијае врз обликувањето на пејзажот на современата музика и мисла.Дали се сеќавате на „Пинк флојд“, нивниот албум „Ѕид“ и уривањето на Берлинскиот ѕид како вовед во денешна Европа? Каде бевме и каде сме ние во тој светски феномен? Нашиот јужнословенски регион не беше и не е исклучок од овој светски тек.
Дури и во време на социјализмот, подоцна со распадот на заедничката ни држава, рокенролот изврши свое широко општествено влијание на промоцијата на слободата на говорот (Б. Ѓорѓевиќ – „за идеале гину будале…“ и други стихови), општествената критика (Б. Дугме – „Полубаук полукружи полуевропом“, „Леб и сол“ – „Као какао“ – „све је мутно – као какао“…, Бајага – „Која сила влада светом, хипици у 50-тој“ ) , со антивоено движење и обид за помирувањето на завојуваните балкански народи („Римтутитуки“ – составени од М. Младеновиќ ЕКВ, Цане од „Партибрејкерси“, Чавке од „Е. Оргазам“ и други бендови). Тоа не се мали нешта.
Никој не можеше да помисли дека овој музички правец ќе стане еден од главните општествени корективи и негов непоколеблив критичар, дури и наставно помагало („Ван Гог“ од Белград – песната „Коло“ напишана по мотив од В.С. Караџиќ е внесена во читанка за основно школо во Р Црна Гора). Покрај тоа, Ѓуле Ван Гог – на сите негови концерти истакнува дека не треба да се гледаат ријалити програмите, туку да се читаат убави книги и да се слуша квалитетна музика.
Како шлаг на секој концерт, од публиката му се „принесува“ подмладок, кој во рокенрол ритамот осознава една нова животна радост и универзална порака која гласи – љубов, мир, слобода, прогрес. Рокенролот во однос на другите музички правци што ги иритираат нашите сетила и вкус (вон џезот) делува како олицетворение на пристојноста и вистинска уметност.Кај нас, сè уште опстојуваат идеалисти како Гуру Харе бенд и Игор Џамбазов, Мики Јовановски Џафер, „Леб и сол“, Идриз Амети и „БЛЛА, БЛЛА, БЛЛА“, Васко БУМБИКС, „Код 369“, „Фолтин“ и малкумина други.
Денес, на многу универзитети во светот рокенролот се проучува како општествен феномен низ призмата на разни музички композиции, пораки, бендови, кои суштински го сменија светот кон подобро. Рокенролот останува витален и влијателен жанр на популарната култура. Иако неговата мејнстрим доминација можеби опадна со подемот на дигиталната музика и платформите за стриминг, рокот продолжува да ја инспирира публиката низ целиот свет но и кај нас. Се надеваме дека тој бран нема да ја одмине Македонија. Би сакал да верувам дека рокенролот не е мртов во нашата земја, иако дише на жабри.